Без вода корисниците на булевар „Србија“ и на улица „Љуботенски пат“


 Поради дефект на водоводната мрежа, без вода од 09:20 часот ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Србија“, информира ЈП Водовод и канализација Скопје. Вода од 09:40 часот ќе немаат и корисниците на улица „Луботенски пат“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.

Д4вд ги откажа концертите во Северна Америка и Европа


Пејачот Д4вд (Дејвид Ентони Бурк), неофицијално, ја откажа својата европска турнеја, според „Тикетмастер“ (Ticketmaster). Иако датумите на турнејата сè уште се наведени на неговата официјална интернет-страница, страната за продажба на влезници посочува дека сите настани во Европа се откажани. Американскиот ар-ен-би и рок-пејач, исто така, минатата недела ги откажа и концертите во Северна Америка. Тоа […]

Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија


Пожар избувна ноќеска околу десет минути до два часот на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле. Во пожарот е опожарена една куќа и помошна просторија. Според изјави на очевидци кои биле на местото на настанот, пожарот се појавил позади помошната просторија која се наоѓа во близина на куќата. Во тек е увид на местото […]

Италија: Поплавите носат сè на својот пат – луѓе се спасуваат со хеликоптери


Силни дождови ја погодија северна Италија, а погоден е и Комо. Градот Комо и околниот регион Ломбардија беа погодени од обилни дождови во понеделник, предизвикувајќи прелевање на езерото и големи поплави. Водата ги парализираше патиштата, бројни возила останаа под вода, а пожарникарите имаа полни раце работа. Домовите, бизнисите и јавната инфраструктура беа поплавени, а жителите […]

Во Брисел одржан прием по повод Денот на македонската независност


 На 8 септември 1991 година нашите граѓани на референдум ја потврдија својата посветеност на независноста, отворајќи го патот кон изградба на модерна, суверена и демократска држава, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во видео обраќање на приемот што синоќа се одржа во зградата на Градскиот совет на Брисел по повод Денот […]

Германскиот план за вооружување од 83 милијарди евра ги заобиколува САД


Германија подготвува воени набавки вредни 83 милијарди евра до 2026 година, но само осум проценти одат за американско оружје, покажува документ до кој дојде Политико. Најголемите проекти се европски: фрегати F-127 вредни 26 милијарди евра, нова серија Eurofighter со 6 милијарди и оклопни возила Boxer за 3,4 милијарди. Се планира и модернизација на ракетите Taurus […]

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН


Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е прогласен за најдобар играч во НБА од страна на кошаркарски експерти. „ESPN“ спроведе анкета меѓу тренери, скаути и раководители низ целата лига. Тие веруваат дека 30-годишниот Србин е најдобриот играч во НБА и водечки кандидат за наградата за најкорисен играч на сезоната.  Шеј Гилџус-Александар од Оклахома Сити тандер […]

Дронови го нарушија авиосообраќајот на аеродромите во Копенхаген и Осло


Авиосообраќајот на аеродромот во Копенхаген беше привремено прекинат откако беа забележани дронови во близина на пистата, соопшти синоќа полицијата во Копенхаген. Аеродромот накратко беше затворен за полетувања и слетувања, пренесе ДПА. „Аеродромот во Копенхаген повторно е отворен откако беше затворен поради активност на дронови“, соопшти Каструп аеродром рано утрово. „Сепак, ќе има доцнења и некои […]

Бил Гејтс вложува 912 милиони долари во борба против СИДА, туберкулоза и маларија


Фондацијата Гејтс ќе донира 912 милиони долари на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, објави Бил Гејтс, повикувајќи ги владите да го запрат глобалното намалување на финансирањето на здравството. На настанот Ројтерс Њузмејкер (Reuters Newsmaker) во Њујорк, Гејтс изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди дека милиони деца би можеле […]

Франција лидер по број на освојувачи на „Златната топка“


 Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, ја освои „Златната топка“ за 2025 година. Дембеле стана шестиот Французин во историјата што ја добил престижната награда. Претходни освојувачи на „Златната топка“ од Франција се Рејмон Копа (1958), Мишел Платини (1983, 1984, 1985), Жан-Пјер Папен (1991), Зинедин Зидан (1998) и Карим Бензема (2022). Франција сега е лидер во светот […]

„Дизни“: Шоуто на Џими Кимел денеска се враќа во етерот


Компанијата „Дизни“ соопшти дека ток-шоуто „Џими Кимел во живо“ денеска ќе се врати на мрежата на Еј-Би-Си , шест дена откако го суспендираше водителот  поради заканите од претседателот на Федералната комисија за комуникации, Брендон Кар, во врска со коментарите на Кимел за атентатот врз Чарли Кирк. Објавувајќи ја одлуката за враќање на Кимел, „Дизни“ наведе […]

Трамп на арапските лидери ќе им го претстави предлогот за мир и управување со Газа по војната


Претседателот на САД, Доналд Трамп, планира денеска на арапските и муслиманските лидери да им го претстави предлогот за мир и управување со Газа по војната, пренесува Аксиос, повикувајќи се на американски и арапски претставници. На состанокот ќе учествуваат претставници на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Египет, Јордан, Турција, Индонезија и Пакистан. Покрај ослободувањето на […]

Центрите на моќ на Мицкоски


Конечно да се согласам за нешто со премиерот Христијан Мицкоски, ако е точна веста дека изјавил  „во јануари 2026 година ќе продолжат преговорите со ЕУ.“ Веста се појавила на некој  портал и брзо ја снемало, што предизвикува оправдан сомнеж дека  е новинарска патка, или пак се работи за уште една предизборна лага наменета за тие […]

Американската влада ја прогласи Антифа за „домашна терористичка организација“


Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи левичарското движење Антифа за домашна терористичка организација. „Антифа е милитаристичко, анархистичко здружение кое експлицитно повикува на уривање на Владата на Соединетите Држави, органите за спроведување на законот и нашиот правен систем,“ соопшти Белата куќа. „Благодарение на лидерството на претседателот Трамп, тие сега се класифицирани како домашна терористичка организација.“ Трамп […]

Герасимовски со хигиеничарите во ноќна акција – ја чистат „Народен фронт“


Градоначалникот на Општина Центар, со возила на ПОЦ и со 120 хигиеничари, вечерва е во ноќна акција за расчистување на малите депонии околу контејнерите на учицата „Народен фронт“ во Капиштец. Досега го расчистија ѓубрето околу контејнерите кај Цветен пазар или кај последна 23-ка, а продолжуваат по должина на улицата.  Откако го товарат расфрланото ѓубре, околу […]

Сикорски до Москва: Предупредени сте, да не се жалите ако ви собориме авион влезен „по грешка“


Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски на состанокот на Советот за безбедност на ОН им прати остра порака на претседателот Владимир Путин и военото раководство на Русија.  „До претставниците на Русија, имам да им го кажам следново: Знаеме дека не ви е грижа за меѓународното право и дека не сте способни да живеете во […]

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат за хаосот со јавниот превоз


Место да го решат проблемот со јавниот градски превоз во Скопје откако ЈСП остана без бензин а граѓаните во неизвесност дали ќе можат да отидат на работа, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препукуваат кој е крив за случувањата на кои и самите им кумуваа во голема мерка. Иако вакво изживување и понижување на граѓаните не е […]

Кипарски градоначалник одби да отстрани антисемитски графити


 Градоначалникот на кипарскиот град Ларнака, Андреас Вирас, одби да ја исполни наредбата на Министерството за внатрешни работи за отстранување на антисемитски графити од јавни простори, јави весникот „Сајпрс мејл“. Министерството претходно испратило циркуларно писмо до сите општини, повикувајќи се на барање на израелското Министерство за дијаспората за отстранување на антисемитски и антиизраелски графити на територијата […]

Валц: САД ќе го бранат секој сантиметар од територијата на НАТО


 Новиот американски претставник во ОН, Мајк Валц денеска изјави дека неговата САД и сојузниците ќе го бранат „секој сантиметар од територијата на НАТО“. – Тој на состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на навлегувањето на руски авиони во воздушниот простор на Естонија посочи дека „Русија итно мора да прекине со таквото опасно однесување“. […]

Макрон: Дојде време за мир, Франција ја призна Палестина


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на Генералното собрание на Обединетите нации објави дека Франција ја признава Државата Палестина. Тој ја соопшти одлуката на отворањето на Конференцијата за мирно решавање на палестинското прашање и примената на концептот за две држави. „Доаѓа моментот да го запреме насилството. Доаѓа моментот за мир“, изјави Макрон. „Ангажманот кон мирот е […]