Учебници има, ама во ПДФ-формат и тоа не сите


За училиштата во кои недостигаат учебници затоа што не ги пријавиле навреме потребните тиражи, МОН ќе им ги обезбеди во ПДФ-формати што ќе бидат ставени на веб-страницата на Педагошката служба.  Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека МОН тоа го побарало од издавачките куќи, тие ги доставуваат учебниците во ПДФ-формат и Министертсвото, […]

Франција ќе предизвика „дипломатско цунами“ за Палестина


Во интервју за „Еурактив“, специјалниот советник на претседателот Емануел Макрон за Блискиот Исток, Офер Бронхтејн, нагласи дека Париз не е непријател на Израел, и покрај жестоката демонизација на планот за признавање на Палестина, бидејќи тој потег на крајот ќе ја зајакне безбедноста на Израел. Бронхтејн, кој врши притисок врз Макрон да го преземе овој чекор […]

Меџити: Воздухот во Трубарево е чист, се чекаат резултатите за почвата


Воздухот во Трубарево е чист, во текот на денот се чекаат резултатите од испитувањето на почвата што ги прави универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, информира денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. По посетата на Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, прашан за состојбата во Трубарево […]

Путин, Трамп и играта на кокошки


Ако избувне нуклеарна војна, нема да имаме време да анализираме зошто дозволивме да се случи. Сега е моментот да се проценат ризиците. Нуклеарен конфликт би можел да се разгори од нешто мало, брзо да излезе од контрола. Неодамнешните нарушувања на воздушниот простор на НАТО од страна на Русија се токму таква искра. Рускиот претседател Владимир Путин […]

Османи го повика Меџити да потпише на нотар дека нема да избега на друга функција од градоначалничката


 „Јас немам план Б или резервен план освен Чаир,“ изјави кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи. Тој упати остар предизвик кон својот опонент, Изет Меџити од ВЛЕН, повикувајќи го законски, или преку изјава кај нотар, да се обврзе дека нема да ја напушти позицијата градоначалник доколку ја добие, во замена за каква било […]

Кузеска: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар?


СДСМ смета дека партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ директно ги доведуваат граѓаните во опасност, реагирајќи на информацијата дека единствениот ифункционален радар во Контролата на летање на скопскиот аеродром – исто така се расипал. -Тоа значи дека секој авион што слетува во Македонија сега зависи од импровизација, бавни процедури и надворешни радари од соседни земји, посочи […]

Османи: „Паметно паркирање“ е решението за најгорливиот проблем на Чаир


Чаир се наоѓа пред точка на колапс, предупреди кандидатот за градоначалник Бујар Османи, претставувајќи ја својата револуционерна стратегија „Smart Parking“ или „Паметно паркирање“. Тој истакна дека токму проблемот со паркирањето е најголемата причина за хаосот, конфликтите и секојдневните маки на граѓаните, стои во соопштението на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, што МИА го […]

БРАКО-50 македонски комунални возила на улиците на Ријад


Над 50 возила за чистење Грин Машинс произведени во фабриката БРАКО од Велес се продадени во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Со тоа, македонскиот инженерски производ се најде во служба на еден од најголемите урбани проекти на Блискиот Исток. Од производствените хали на БРАКО во Велес, директно на улиците на Ријад – над 50 […]

Во Италија демонстрации, штрајкови и блокади за осуда на геноцидот во Газа


Во повеќе италијански градови денеска се одржуваат демонстрации, штрајкови и блокади на повик на синдикатите за да се „осуди геноцидот во Газа“ и да се воведат економски и дипломатски санкции против Израел. Италија засега не сака да се приклучи на одлуката на низа држави кои овие денови го признаа постоењето на државата Палестина, а со […]

НАТО утре ќе расправа за руските упади во Естонија


Претставници на 32 земји-членки на НАТО утре ќе се состанат во Брисел на барање на Естонија по руското навлегување во воздушниот простор на оваа балтичка земја, објави денеска функционер на Алијансата. Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на амбасадори ќе се одржи во рамките на Член 4 од договорот за НАТО, кој предвидува консултации меѓу […]

Украина не се распадна од војната, таа стана дигитален шампион


Кога руските ракети принудија милиони Украинци да ги напуштат своите домови, многумина носеа со себе малку повеќе од паметен телефон. Но, преку тој уред, тие ја носеа својата држава. Апликацијата Diia, дигиталниот ‘рбет на Украина, им дава на граѓаните пристап до нивните лични документи, јавни услуги, деловни регистри и итни плаќања. Тие можеа да поднесат […]

Повторно криза со ЈСП: „Пуцко петрол“ ја прекинал испораката на нафта


Главниот снабдувач со горива на автобусите за градскиот сообраќај во главниот град, „Пуцко петрол“, ја прекинал испораката на нафта. Дали од денеска, па натаму корисниците на ЈСП ќе имаат превоз, останува нејасно. Имено, како што соопшти Град Скопје, „под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“ се приклучува на обидите за креирање хаос […]

Полска ќе соборува руски воени авиони ако навлезат во нејзиниот воздушен простор


Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека нема спор околу тоа дека Полска ќе соборува руски воени авиони ако навлезат во нејзиниот воздушен простор и летаат без дозвола над територијата на Полска. – Сакам да бидам многу јасен: без дискусии ќе донесуваме одлуки за соборување… Тука нема за што да се дискутира, им рече Туск […]

Повредени две лица во сообраќајката што го затвори патот Велес-Градско


Две лица се повредени во сообраќајна несреќа се случи утрово меѓу две патнички возила и трактор на регионалниот пат Велес – Градско, на околу стотина метри по селото Ногаевци, соопштија од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес. Во несреќата, според полицијата, се судриле две возила марки „голф“ и „форд“ и трактор без регистарски таблички. Несреќата е пријавена […]

Празни амбасади, дезориентирани дипломати: „Генералите“ сега им даваат извештаи на „капларите“ во Стејт департментот


Претседателот Доналд Трамп вети дека ќе ја реформира американската дипломатија. Упатените велат дека тој наместо тоа ја растура, до тој степен што го поткопува сопственото глобално влијание. Осум месеци од вториот мандат на Трамп, повеќе од половина од амбасадорските места на САД, невообичаено висок број, се празни. Повеќето врвни позиции во Стејт департментот се пополнети […]

Дури 540 возачи вчера возеле пребрзо, полицијата ги казни


Во текот на вчерашниот ден како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 772 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 540  прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Според статистичкиот преглед […]

Македонската полиција се ребрендира – распишан тендерот


Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции. Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. […]

Турција ја погоди земјотрес со јачина од 4,6 степени


Турција денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од седум километри, околу 57 километри југоисточно од градот Баликешир во западна Турција. Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Супертајфун се движи кон Филипините, илјадници евакуирани


Филипините денеска ги прекинаа работата и наставата низ областа Манила и поголемиот дел од земјата, бидејќи супертајфунот Рагаса се приближуваше кон северен Лузон, најголемиот остров во земјата. Се очекува Рагаса да донесе штетни ветрови и обилни дождови. Националните метеоролошки службеници ги кренаа оддалечените острови Бабујан на највисоко ниво на предупредување и ги повикаа жителите на […]

Условна казна од 2 години за Пешевска која призна вина во случајот „Онкологија“


Условна казна за онкологот Мери Пешевска, одлучи Кривичниот суд. Пешевска претходно призна вина. Заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, и уште двајца онколози беше обвинета за несовесно лекување пациенти. „Судот на обвинетата ѝ изрекува алтернативна мерка-условна осуда, така што на обвинетата Мери Пешевска ѝ утврдува казна затвор во траење од две […]