Изложба „Девет гледни точки | Централна точка – Хенри Мур“


Во галерија ОСТЕН Скопје вечер ќе биде отворена изложбата  „ДЕВЕТ ГЛЕДНИ ТОЧКИ | Централна точка – Хенри Мур“, меѓународна групна изложба на слики, цртежи и графики. -Учесници на изложбата се Хенри Мур со дела од колекцијата на ОСТЕН. Јоана ЈАНОВСКА-АУГУСТИН, Полска | Леа ЈЕРЛАГИЌ, Босна и Херцеговина | Ваи ЛИ, Ј. Кореја | Андреа РУС, […]

Едукативни и културни активности за младите во Кочани, во организација на Јуроп Хаус


Со настапот на „Биби и Боби” на градскиот плоштад, пред Домот на културата во Кочани почнуваат низа активности кои ќе бидат посветени на учениците од основните и средните училишта во Градот, а се во организација на Јуроп хаус. Активности ќе бидат организирани до крајот на годината. Денешниот настан се организира по повод почетокот на учебната […]

Нестабилно со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд при што за кратко време ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, како и со засилен ветер со брзина од […]

Алперен Шенгун подобар од  Јокиќ, Турција ја победи Србија во чудесен натпревар на Евробаскет 2025


Фантастична, едноставно чудесна игра одиграа кошаркарите од Србија и Турција на Евробаскетот. Огромен влог беше во натпреварот помеѓу Србија и Турција, последниот натпревар од Групата А на Евробаскетот, каде што победата не само што вредеше за првото место во групата, туку и нешто многу поважно, избегнувајќи ја Германија до финалниот натпревар. И во тоа неверојатно […]

Одржан е првиот состанок на американско-украинскиот фонд за минерали


Одржан е првиот состанок на одборот на украинско-американскиот инвестициски фонд, клучен дел од договорот за ресурси што беше во срцето на разговорите на администрацијата на Доналд Трамп со Киев. Состанокот, одржан на 3 септември, го означува почетокот на работењето на фондот дизајниран да го одржи американскиот интерес во Украина и да ѝ помогне на нејзината […]

Трагедија во Португалија: Популарната трамвај – жичара „Глорија“ излета од шините, најмалку 15 мртви, 18 повредени


Познатата жичара „Глорија“ во Лисабон, популарна кај туристите, денес излета од шините. Најмалку 15 лица загинаа, а најмалку 18 други се повредени. Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 13 лица се здобиле со полесни повреди. Несреќата се случила околу 18:05 часот во близина на Авенида да Либердаде. Се верува дека 43 лица биле […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ЗНАМ во Куманово и Центар


  Извршниот комитет на ВМРО-ДПМЕН, донел одлука за Куманово и Центар да се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложени од коалициската партија ЗНАМ. ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Извршниот комитет утврди 16 нови кандидати за градоначалници за локалните избори закажани за 19 октомври.   Сопиште – Јане Мицевски Кичево – Александар Јовановски Крива Паланка – Оливер Алексовски Маврово […]

Евробаскет 2025: Германија убедлива против Финска за прво место во групата


Кошаркарската репрезентација на Германија вечерва во последниот дуел од 5.коло од Б групата го совлада ко-домаќинот Финска. Германците беа убедливи во текот на целиот натпревар и стигнаа до победа со 91:61 и ова за нив беше триумф број 5 за прво место во групата.  На другите два дуела од оваа група Црна Гора – Велика […]

Знаете ли зошто се оставаат стапчиња цимет пред влезната врата во септември?


Низ историјата, циметот се користел како лековит зачин покрај секојдневната употреба во кујната. Сепак, се користи и за привлекување позитивна енергија и богатство, особено во септември кога со него се поврзани бројни ритуали. Имено, во последно време може да видите група млади луѓе на TikTok како ставаат стапчиња цимет пред влезната врата или дуваат цимет […]

Астероидот Бену содржи ѕвездена прашина што е постара од Сончевиот систем


Новата анализа на примерок собран од астероидот Бену понуди увид во тоа како тој се формирал. Истражувањето објавено во списанијата „Nature Astronomy“ и „Nature Geoscience“ дава детали за гранулите што беа собрани и донесени на Земјата во септември 2023 година како дел од мисијата OSIRIS-REx, предводена од американската вселенска агенција НАСА. Овие три студии открија […]

Албанија на крајот на јуни со најниска минимална плата во Европа


 Албанија има најниска минимална плата не само регионот, туку и во Европа, се наведува во најновиот извештај на Евростат (Eurostat). Бруто месечната минимална плата во Албанија на крајот на јуни изнесувала 408 евра. Во регионот, највисока бруто месечна минимална плата има во Црна Гора, 670 евра. Следна на ред е Србија, со 618 евра, и […]

Владимир Грчев освои златен медал на Европската олимпијада по информатика во Шумен


Владимир Грчев од Кочани, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје, го освои златниот медал на Европската олимпијада по информатика за млади во Шумен, Бугарија.  Натпревар започна на 29 август, а ќе заврши на 4 септември. Во Шумен се наоѓаат  најдобрите млади програмери од повеќе од 20 европски држави со по четири […]

Аеродромци втор ден протестираат против загадувањето од Вардариште


Во скопската општина Аеродром втор ден протестираат група граѓани, против загадувањето кое доаѓа од поранешната депонија Вардариште. Десетици гаѓани се собраа на крстосницата на булеварите „Србија“ и „АСНОМ“, а сообраќајот беше во прекин. „Смрдеата што доаѓа и гасовите што се испуштаат од ‘Вардариште’ прават неподносливи услови за живеење. Сето тоа се одразува врз здравјето не […]

Поведена истрага за загрозување на животната средина во Вардариште, предложен притвор за три лица


Три лица се осомничени и се под истрага за загрозување на животната средина и природа со отпад, бидејќи создале дива депонија на локацијата Вардариште. За сите три лица е побарана мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност да продолжат да го повторуваат делото. Сите тројца вршеле дејност – откуп […]

Овој европски град беше прогласен за најдобар во Европа за туристи


Списанието Travel+Leisure објави листа на најдобри градови во Европа според изборот на читателите, а Фиренца го освои првото место. Реклама Travel+Leisure се обрати на своите читатели, кои дадоа повеќе од 657.000 гласови за овогодинешните награди за најдобри во светот, оценувајќи ги знаменитостите, културата, храната, гостопримството, шопингот и односот вредност-квалитет во секој центар. Фиренца е на […]

МВР со детали за приведените во Вардариште


СВР Скопје по извршени претреси вчера и денеска на локацијата Вардариште, поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против М.М.(54), А.А.(28) и Ф.А.(41), сите од Скопје поради основи на сомнение дека сториле кривично дело “загрозување на животната средина и природата со отпад” од член 230 став 1 од Кривичниот законик.   Тие подолг […]

Голема прогноза на Severe Weather: Каква зима ја очекува Европа?


Прогнозите за снежни врнежи за зимата 2025/2026 година покажуваат глобален временски сигнал за Ла Ниња, која веќе се развива во Пацификот и се подготвува за зима, објавува Severe Weather, кој дава прогноза за врнежи во Европа за зимските месеци.   Ла Ниња е студен настан во големиот регион ENSO, сместен во екваторијалниот Тихи Океан. Овој […]

Евробаскет 2025: В.Британија ја совлада Црна Гора, а Шведска се пласира во осминафиналето


Тампере– Кошаркарите на Шведска изборија осминафинале на Европското првенство, пред се благодарение на победата на Велика Британија. Првиот натпревар од 5.коло од Б групата во финскиот град Тампере донесе победа од 89:83 за Велика Британија над Црна Гора, па така двете селекции останаа без пласман во следната фаза. Победа на Британците најмногу и одговараше на […]

Сиљановска-Давкова им врачи „Инженерски прстен 2025“ на 14 најуспешни дипломирани инженери


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им додели „Инженерски прстен 2025“ на 14 најуспешни студенти, дипломци на инженерски факултети во рамките на универзитетите: „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св.Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип и Државниот универзитет – Тетово. Свечената церемонија се одржа на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, во Охрид. Добитници […]

Клуни заради болест ја пропушти и премиерата на „Џеј Кели“ во Колорадо


Џорџ Клуни се чувствува подобро откако ја пропушти најновата премиера на својот нов филм „Џеј Кели“ поради неговата неодамнешна болест. Додека 64-годишниот актер и неговата сопруга Амал Клуни ја прославија светската премиера на „Џеј Кели“ на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција минатата недела, тој го пропушти следниот настан на Филмскиот фестивал во Телјурајд во Колорадо […]