Собранието ја заврши расправата за полициско училиште , гласањето ќе биде дополнително закажано


Собранието попладнево во рамки на 67. седница ја заврши расправата по Предлог на Законот за средно полициско училиште по скратена постапка. Гласањето за овој предлог-закон ќе биде дополнително закажано. Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска соопшти дека овој закон се донесува со мнозинство гласови од присутни пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните […]

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ доби медијатека


Учениците од општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ од годинава располагаат со современа медијатека, која претставува голем исчекор во дигитализацијата на наставниот процес и унапредување на знаењето. Медијатеката е опремена со единствен софтвер кој им овозможува на учениците полесно да пристапуваат до литература, да ја резервираат книгата што им е потребна преку сопствена е-пошта, […]

Прилепчанец си носел 35 кг марихуана – фатен на патот Битола – Прилеп


Денеска, на регионалниот пат Битола- Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност при МВР, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана. По претходно преземени оперативни мерки кон И.А. (36) од Прилеп, кој […]

Како „класифицираните документи“ на АНБ стигнаа во рацете на прислушуваните?


  Кога ќе се тргне настрана фолклорот, од типот „невиден скандал“ и слични оценки, останува пораката дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги декласифицира документите врз основа на кои партискиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, тврди дека АНБ спроведувала специјални мерки против лидерот на опозицијата и новинари, бизнисмени и други политичари. Иако од […]

Состојбата со културното наследство во фокусот на посетата на министерот Љутков на Велес


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со директорот и стручен тим од Националниот конзерваторски центар, престојуваше во работна посета на Велес, при што направи увид во состојбата со културното наследство на неколку локации во градот. Во рамките на посетата, Љутков ја посети манастирската црква „Св. Димитрија“, заштитено културно добро каде што се спроведуваат активности за истражување, […]

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Неапол, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано


Со субвенции од државата се воведуваат уште пет нови авилинии. До Скопскиот аеродром од 6 април следната година ќе се лета од Неапол и Будимпешта, а до Охридскиот аеродром од 28  јуни од Катовице, Вроцлав и Милано, објавија денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и Јозеф Варади, главниот извршен директор на […]

Каја Шукова има план за Вардариште, тој е во две фази


  Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска претстави план во две фази како да се спречи палењето на депонијата Вардариште и загадувањето на делови од Скопје. Таа рече дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓоргиевски, ги потценувал граѓаните и дека неговото решение за парк „била срамна изборна манипулација. Тоа е навреда за […]

Новата уредничка на „Вог“ не коментира дали би ја ставила Меланија Трамп на насловната страница


Новата главна уредничка на американскиот „Вог“ одби да каже дали би ја ставила Меланија Трамп на насловната страница на списанието, во светлината на неодамнешните контроверзии околу бројот во „Венити фер“. Клое Мал, 39, ќерка на актерката Кендис Берген и на режисерот Луј Мал, (на која и замеруваат дека не ја интересира модата) треба да ја […]

Изгоре барака во Транзитниот центар Табановце


„Вчера било пријавено дека околу 15:45 часот во Транзитен центар Табановце настанал пожар во барака сопственост на Центарот за управување со кризи. Повредени лица нема, а од екипа на Територијалната противпожарната единица Куманово пожарот бил изгаснат“,сопшти МВР. Пожарникарите интервенирале во Транзитен центар за мигранти, во периодот од 15:43 до 16:35 часот со 1 возило и […]

Ши и Путин разговарале за продолжување на животот до 150 години


  Кинескиот лидер Ши Џинпинг го покренал прашањето за продолжување на животниот век во приватен разговор со рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Тие разговараа за ова прашање на пат кон плоштадот Тјенанмен во Пекинг, објави Блумберг. Разговорот беше снимен во живо. Ши рече дека „луѓето порано ретко живееле до 70 години“, […]

Стратегија за соработка со СЗО: Образование, енергетика, социјала – сите во функција на здравството


 Во Скопје попладнево беше промовирана првата Стратегија за соработка на Светската здравствена заштита (СЗО) со Република Северна Македонија, 2026 – 2030 година. Министерот за здравство Азир Алиу пред присутните рече дека станува збор за документ што претставува патоказ за иднината на здравствениот систем во нашата држава. – Сакам да упатам искрена благодарност до д-р Аким […]

Крадци провалиле во куќата на Трејси Елис Рос, украле накит и чанти во вредност од 100 илјади долари


Крадци провалија во домот на Трејси Елис Рос во Лос Анџелес, украдоа накит и чанти во вредност од повеќе од 100.000 долари. Кражбата беше пријавена околу 00:30 часот по локално време во вторник, 2 септември, откако членовите на персоналот пристигнаа во резиденцијата и ја пронајдоа ограбена, објави локалната подружница на NBC, KNBC. Полицијата изјави за […]

СТО: Обемот на светската трговија најнизок во последните 80 години


Трговијата што е во согласност со прописите на Светската трговска организација (СТО) опадна на најниско ниво од крајот на Втората светска војна, предупреди генералната директорка на органзиацијата, Нгози Оконџо-Ивеала. Американскиот претседател, Доналд Трамп, годинава воведе високи царини за голем број трговски партнери што предизвика лавина од одговори и поттикнувајќи тензии во трговските односи. Во такви […]

(Фото) Продажен простор од 1.200 м2 и 57 паркинг места: „Лидл“ започна со изградба на маркет во Општина Аеродром


  Лидл официјално ја започна изградбата на својот најнов маркет во општина Аеродром, којшто ќе биде со модерна архитектура и одржливи технологии. Новиот малопродажен објект ќе се протега на површина од 3.438 квадратни метри, со продажен простор од 1.200 квадратни метри, а за дополнителна погодност на потрошувачите, локацијата ќе има и 57 паркинг места. Ова […]

И авиoнот на Бујар Османи имал проблем со ГПС сигналот кога летал во 2023 над Бугарија


  Инцидентот со ГПС уредот на авионот на Урсула фон дер Лајен над Бугарија не е изолиран случај. И претходно имало такви инциденти, но биле прикриени. Еден таков инцидент се случил и со авионот на тогашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој се враќал од Молдавија, каде што беше во улога на претседавач со […]

Сиљаноска-Давкова: Потребна е реформирана финансиска политика и почитување на квалитетот за да ги задржиме најдобрите инженери


Инженерите не само што ја обликуваат сегашноста, туку тие ќе ја проектираат и иднината. Тие го движат светот, ние државата, образовните и научните институции, бизнис-заедницата, граѓанските организации, сме должни да помогнеме да го реализираат она што го поседувате, највредното – знаењето. Тоа го истакна денеска од Охрид претседателката на Републоика Македонија Гордана Сиљаноска – Давкова […]

Кривична пријава против 18-годишен скопјанец, осомничен за „убиство во обид“


СВР Скопје поднела кривична пријава против 18-годишен скопјанец, осомничен за „убиство во обид“. -СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид, против А.А.(19) и С.Д.(34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против Д.Д.(32), С.Д.(50), Р.Џ.(21), […]

Таткото на Васил Јованов не признава вина за загрозување на безбедноста на сообраќајот


 Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, по трагичниот инцидент во кој неговиот син, управувајќи автомобил без дозвола […]

Драмски со „Гидионовиот јазол“ ја отвора сезоната и учествува на фестивалот „Ристо Шишков“


Претставата „Гидионовиот јазол“ ја отвора сезоната на матичната сцена на Драмски театар Скопје на 9 септември во 20 часот, а веќе на 11 септември претставата се игра во Струмица во рамките на програмскиот дел на 33. издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ што годинава се одржува од 8 до 13 септември во НУЦК […]

Колку сол да се стави во ќебапи, бургери и мусака – водич за домаќинки


Солта е мала работа што прави голема разлика – таа одредува дали ќебапите, бургерите и мусаката ќе бидат безвкусни или совршено вкусни. Солта често добива лоша репутација, но вистината е дека таа е еден од клучните зачини без кои речиси ниедно јадење не би имало полн вкус. Сепак, кога станува збор за мелено месо, важно […]