Европратениците ја отфрлија иницијативата за недоверба на Европската комисија


Европскиот парламент на денешното продолжение на овонеделната сесија во Стразбур со големо мнозинство го одби предлогот на романскиот европратеник Георге Пипереа за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен.  „За“ прифаќање на иницијативата гласаа 175 европратеници, 360 беа „против“, а 18 се воздржаа од гласање.  За да биде прифатена иницијативата требаше да […]

Последната ревија на Демна за Баленсијага ја собра холивудската елита во Париз


Париз – На збогумската ревија на Демна за Баленсија во Париз, не можевте да се помрднете без да стапнете во нечиј шлеп. Меѓу познатите личности кои се собраа во салонот за висока мода на куќата на Авенијата Џорџ V во Париз беа Лорен Санчез Безос, која штотуку ја заврши венчавката со Џеф Безос во Венеција; […]

Прва средба меѓу гувернерот Славески и директорката на Светската банка, Межеван


 Од суштинска важност за справувањето со предизвиците од новото светско економско окружување е градењето стабилни и силни институции, коишто меѓусебно се координираат и се поддржуваат преку меѓународна соработка, истакнале на првата официјална средба гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и новоименуваната директорка на Канцеларијата на Светската банка за Северна Македонија и Косово, Кaрол Межеван. На […]

Нови ракометни правила: Топката се намалува и се забранува лепакот?


Во ракометот секоја година се појавуваат предлози за промени на правилата, но ретко која од нив носи конкретен напредок. Стигнуваат значајни промени во ракометот – Меѓународната ракометна федерација (IHF) најави нови правила што ќе важат за сите машки и женски категории, на сите нивоа на натпреварување. Меѓу најважните новини се намалувањето на обемот на топката […]

Дилемите на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски беше или не беше во Куманово на партиска трибина


  Од партиска трибина изгледа како да нема ништо поважно. Особено пред избори, па и да се локални. Вчера во 17,04 часот Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ испрати соопштение дека претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, „заради состојбата со пожарите, нема да присуствува на трибината во Куманово, која ќе се одржи во 19,30 часот. Претседателот […]

Се вжешти линијата на ЦУК: Над 4.000 интервенции во еден ден


Системот за итни повици E-112 забележа рекорден број на повици на 9 јули 2025 година (среда), со вкупно 4.199 евидентирани повици во еден ден. Ова е највисок број регистриран досега, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од вкупниот број повици, 711 биле испратени за услуга, што значи дека институциите биле директно активирани за интервенција. […]

Рокас: Идентитетот и јазикот не се дел од преговарачката рамка


Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, истакнувајќи дека тој дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата. По однос спорните одредби во Извештајот во врска со […]

За Георгиев нападите од Мицкоски се „кризен пи-ар“ бидејќи не остварил тоа што ветуваше


Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев вели дека со отстранувањето на „македонски јазик и идентитет“ од извештајот за  Македонија Софија успеала да спречи Европскиот парламент да биде искористен за домашна политичка пропаганда на премиерот  Христијан Мицкоски. Нарекувајќи го „северномакедонски премиер“, Георгиев во денешното гостување во утринската програма на БТВ, изјави дека Мицкоски очигледно не бил […]

Вредноста на биткоинот на историски максимум


Вредноста на биткоинот достигна нов рекорд од речиси 112.000 долари. Најпопуларната криптовалута достигна максимум од 111.988,90 долари за биткоин, а потоа малку се намали. Од почетокот на годината вредноста на биткоинот забележа раст за повеќе од 18 проценти, пред сè поради политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кон дигиталните средства. 

УПОЗ бара зголемување на платите во Агенцијата за администрација


Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Синдикалната организација при Агенцијата за администрација бараат зголемување за 30 проценти на платите на вработените во Секторот за селекција на кандидати за вработување во Агенцијата за администрација, а во спротивно најавуваат дека прекин на работниот процес. Осумдесет проценти од вработените во Агенцијата […]

Максим Димитриевски го спореди со геноцид односот на ЕУ кон Македонија


„Колку пати слушнавме за „позитивен извештај“? Колку пати нè нарекоа „пример за регионалниот напредок“? И колку пати тоа не значеше ништо, освен ново понижување, нов услов, ново бришење на она што сме?! Вчера бевме сведоци на уште една страница од истата книга, книгата на македонскиот отпор, на истрајноста, на постојаното исправување по секое удирање. Македонија […]

ДЗР: ВМРО-ДПМНЕ потрошила најмногу средства во изборната кампања за ланските избори


Државниот завод за ревизија согласно Годишната програма за работа за 2024 година и член 85 од Изборниот законик, изврши финансиска ревизија заедно со ревизија на усогласеност на вкупните финансиски извештаи на сметките „за изборна кампања“ на сите учесници на Парламентарните избори во 2024 година. Со ревизија беа опфатени вкупните финансиски извештаи на трансакциските сметки „за […]

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија синоќа започнала масовен комбиниран напад врз Украина, користејќи 18 ракети, вклучувајќи балистички ракети, и околу 400 ударни дронови. -Русија започна масовен комбиниран напад кој траеше речиси десет часа. Осумнаесет ракети, вклучувајќи балистички ракети, и околу 400 ударни дронови, од кои речиси 200 се од типот „Шахед“, напиша Зеленски […]

Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање


Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ ја стави во мирување одлуката за  штрајк што требаше да се реализира денеска, потврди за МИА претседателот на ССКЛМ Александар Тасевски. – Тоа што го баравме се придвижuва, одобрено е барањето за вработувања на контролорите и за спроведување на функционалната анализа која ќе определи кои се работни места […]

Девојката на Григор Димитров: Еиза Гонзалез не е првата славна жена со која е во врска


Лондон – Актерката Еиза Гонзалез привлекува внимание на Вимблдон, но таа не е единствената позната жена со која Григор Димитров излегувал. Тој излегувал со жени од светот на тенисот, манекенството и музиката. Бугарскиот тенисер имаше драматичен испад од Вимблдон на 7 јули кога се повлече на средина од мечот поради повреда на мускулот, додека водеше […]

Модриќ го одигра последниот натпревар за Реал


Хрватскиот ветеран Лука Модриќ официјално ја заврши кариерата во дресот на Реал Мадрид, напуштајќи го Кралскиот клуб како најтрофеен фудбалер во историјата на мадридскиот гигант. Својот последен настап во белиот дрес Модриќ го имаше во синоќешното полуфинале на Светското клупско првенство во поразот од 4-0 против ПСЖ то го остави без можност да додаде уште […]

Хју Грант стана вирален оти заспа зад кралицата Камила за време на Вимблдон


Лондон – На актерот Хју Грант малку му здодеа за време на најновото натпреварување на Вимблдон во среда, додека седеше во Кралската ложа на најголемиот тениски настан во Лондон. За време на натпреварот помеѓу тениските суперѕвезди Новак Ѓоковиќ и Флавио Коболи, камерата за емитување се фокусираше на Грант, кој видливо дремеше на своето место.   […]

GEA: Историски чекор за жените на врвот, застој на локално ниво: Каде се жените во политиката?


И покрај историскиот чекор што го направи земјата со изборот на првата жена-претседател, податоците покажуваат дека жените и понатаму се недоволно застапени во политичкото одлучување – особено на извршните и локалните нивоа.  Во пресрет на локалните избори кога се спремаат листите за градоначалници и советнички листи, Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA […]

Гори Тасос: Пожар ги зафати шумите цела ноќ, хотелите се евакуирани, туристите го напуштаат островот (Видео)


Огромен пожар избувна синоќа на грчкиот остров Тасос и не стивнува повеќе од шест часа. На грчкиот остров Тасос, во областа Гликади во близина на Лименас, синоќа околу 23 часот избувна огромен пожар. Елементот на пожарот гори повеќе од 6 часа. Освен Гликади, погодени беа и областите Пахи и Рахони. Пожарот избувна синоќа недалеку од […]

Трамп ја тужи Калифорнија поради високите цени на јајцата


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба против сојузната држава Калифорнија, тврдејќи дека нејзините строги регулативи за производство на јајца придонеле за драматично зголемување на цените на јајцата низ целата земја. Во тужбата се наведува дека Калифорнија го прекршува сојузниот Закон за инспекција на јајца од 1970 година, кој бара национално единство во стандардите […]