Моќ, пари и успех: Овие четири хороскопски знаци ги очекува одличен месец


Доколку сте меѓу нив, подгответе се за добри вести и неочекувани парични текови. Најжешкиот месец во годината носи многу возбудувања и пресврти, а одредени хороскопски знаци ќе го паметат со многу радост бидејќи одеднаш влегуваат во ера на голем успех. Познатата руска астрологка, Тамара Глоба, тврди дека Универзумот им испраќа големи подароци на четирите знаци […]

Анкета: За Канада и Мексико најголема закана се САД, а за Американците е Кина


Резултатите од најновата анкета на Истражувачкиот центар Пју“ (Pew Research Center) покажуваат дека 59 проценти од Канаѓаните ги сметаат САД за најголема закана за нивната земја. Досега Кина беше најголема закана по Канада. Но, откако претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе ја анектира Канада како 51-ва држава на САД и почна трговска […]

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украина


 Руските власти од почетокот на војната во Украина конфискувале имот вреден околу 50 милијарди долари, покажува ново истражување објавено од московската адвокатска канцеларија НСП (Некторов, Савељев и партнери). Истражувањето, кое прв го објави весникот „Комерсант“, ја опишува оваа појава како дел од економски модел „Крепост Русија“, насочен кон затворање на економијата и државна контрола. Во […]

Вардар, Работнички и Силекс стартуваат во квалификациите во Конференциската лига


Вицешампионот Силекс, третопласираниот минатата сезона во домашното првенство Работнички и освојувачот на македонскиот Куп, Вардар, денеска ги стартуваат квалификациите за пласман во групната фаза во Конференциската лига на УЕФА. Силекс од 20 часот му гостува на црногорскиот претставник Дечиќ во Тузи, додека во истиот термин Работнички ќе му гостува на белоруски Торпедо – Белаз на […]

„Фереро“ блиску до преземање на „ВК Келог“ за 3 милијарди долари


Италијанскиот производител на слатки зад Ferrero Rocher е блиску до договор за купување на WK Kellogg за околу 3 милијарди долари, објави Wall Street Journal во среда, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање. Акциите на WK Kellogg, компанијата зад Froot Loops и Frosted Flakes, пораснаа за околу 51% откако се појави веста. Ferrero […]

Активни девет пожари, под контрола четири


Активни се девет пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).  Под контрола се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Чучер Сандево – Блаце, каде е зафатена ниска вегетација, […]

На маргините на АСЕАН средба помеѓу Рубио и Лавров


Државниот секретар на САД, Марко Рубио денеска во Куала Лумпур ќе се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Тоа ќе биде втора средба помеѓу Рубио и Лавров. Тие ќе се сретнат на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на АСЕАН. Во Малезија вчера почна тридневниот состанок на министрите на […]

Лондон и Париз ќе ги координираат нуклеарните сили за одвраќање на Русија


Велика Британија и Франција се договорија да нарачаат дополнителни крилести ракети „Сторм Шадоу“, додека паралелно разговараат за заеднички развој на нивен наследник, како дел од обновениот одбранбен пакт, објавија британските медиуми по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Лондон. Ракетата „Сторм Шадоу“, или СКАЛП како што ја нарекуваат Французите, има долг дострел и веќе […]

Трамп: Царини од 50 проценти за бразилските производи како поддршка за поранешниот бразилски претседател Болсонаро


Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера испрати писмо до бразилскиот колега Луис Инасио да Силва во кое го информира дека планира да воведе дополнителни царини од 50 проценти за бразилските производи како одговор за кривичното гонење на поранешниот претседател Жаир Болсонаро. – Односот на Бразил кон поранешниот претседател Болсонаро е меѓународен срам, напиша Трамп во […]

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател, кандидати се двајца ученици


Сојузот на средношколци денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи 25. Генерално собрание и 4. Конгрес, на кој ќе се избира нов претседател на Сојузот и ќе бидат презентирани активностите и резултатите од двегодишниот мандат на досегашниот, Берин Мухамед.  -Ќе се избира претседател на Сојузот на средношколци – позиција со клучна улога во […]

Македонскиот Црвен крст ќе одбележи 80 години


Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска ќе одбележи 80 години од основањето, а по повод јубилејот на организацијата ќе се обрати и претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Премиерот ќе има средба со генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити, и со волонтерите, од кои ќе биде запознат со дел од активностите на […]

Концерт на ансамблот „Алтус НЗ“ на фестивалот „Скопско лето“


Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер ќе настапи ансамблот за нова музика „Алтус НЗ“ со концерт  во Салонот 19’19.  Како што информира ансамблот, нивниот концерт е дел од мала турнеја на која се претставиле со дела од композиторите Дарија Андовска, Михајло Трандафиловски, Панде Шахов, Томислав Зографски, Филип Иванов, како и со светската премиера […]

САД повторно испраќа оружје во Украина по еднонеделна пауза


Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја продолжи испораката на одредени видови оружје за Украина, само една седмица по наредбата на Пентагон за привремено запирање на дел од испораките. Според двајца неименувани функционери од Белата куќа, новата испорака вклучува 155-милиметарски муниции и прецизно наведувани ракети. Тие не прецизираа колку оружје е испратено ниту дали веќе е […]

Објавен повик за бројот 116 000 за повикувачки центар за исчезнати деца


Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави повик за поднесување барање за доделување на бројот 116 000  кој е резервиран за обезбедување на услуга повикувачки центар за исчезнати деца. Ќе се доделува број од нумеричкиот опсег 116 наменет за услуги со социјално значење хармонизирани на европско ниво. Службата што треба да се воспостави ќе прима повици […]

Нормализиран сообраќајот кон ГП Блаце, од клучките Орман до Мирковци и на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка


Сообраќајот на потегот од клучка Орман до клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце. Како што информира изутринава АМСМ, нормализиран е и сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка во двата правца.

Посвежо со пониски максимални дневни температури


Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, над 60 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер […]

САД воведуваат санкции за Италијанката која е специјален известувач на ОН за Палестина


САД воведуваат санкции за Франческа Албанезе, специјалната известувачка на ОН за човекови права на окупираните палестински територии, поради нејзините напори Меѓународниот кривичен суд (МКС) да преземе мерки против американски и израелски функционери, компании и нивните лидери, изјави американскиот државен секретар. Обвинувајќи ја Албанезе за пристрасност во својот извештај, американскиот државен секретар Марк Рубио рече дека […]

ПСЖ го надигра Реал и победи со убедливи 4-0 за финале на Светското клупско првенство


Пари Сен Жермен (ПСЖ) е вториот финалист на Светското клупско првенство. Во полуфиналето, го победија Реал Мадрид со 4-0 и со тоа изборија финале со Челзи. Актуелните победници на Лигата на шампионите го надиграа Реал во секој сегмент од натпреварот и водеа со 3-0 до 24-тата минута со два гола на Фабијан Руиз и еден […]

Тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на Армијата собира податоци за воздухот во Визбегово


Еден тим од Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана е ангажиран за собирање податоци за утврдување на квалитетот на воздухот од запалениот отпад во реонот на Визбегово, во Општина Шуто Оризари, информира Генералштабот на Армијата.   Согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите […]

Ѓоковиќ со пресврт до полуфинале на Вимблдон и спектакл против Синер


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е последниот полуфиналист на Вимблдон. Седумкратниот освојувач на Гренд слем на трева го победи Флавиј Коболи со резултат од 6:7, 6:2, 7:5, 6:4 и со тоа освои место меѓу првите четири. Во полуфиналето ќе се соочи со Јаник Синер, водечкиот тенисер на АТП ранг-листата.  Вечерва, Ѓоковиќ ја постигна својата 102-ра победа […]