Владата и Црвениот крст ќе ја јакнат соработката


Владата и Црвениот крст ќе ја зголемуваат соработката и наскоро ќе има средба за да се договорат заедничките активности, најавија по денешната средба премиерот Христијан  Мицкоски и генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити.  – Утврдивме заеднички дека е потребно на повисоко ниво да ја зголемиме соработката помеѓу Владата и Црвениот крст. Дадов збор дека […]

„Како глушецот кога го задева лавот“: Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев дека е северномакедонски премиер


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска го нарече „момче“ бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, а за бугарската влада рече дека „во позадина ја раководи друг“. Мицкоски ова го изјави по посетата на Црвениот крст на Македонија, кој одбележува 80 години од основањето, одговарајќи на новинарски прашања. Новинарите го прашаа дали ќе има реакција во […]

„Тотален хаос“: Пентагон престанува да комуницира со европските сојузници и Украина


  Европските земји се држат во темнина за плановите на американската администрација за нивната безбедност и поддршка за Украина. Политиката на Доналд Трамп останува непредвидлива, но ситуацијата е уште полоша во областа на контактите со Пентагон. Се чини дека министерот за одбрана Пит Хегсет стана иритантен дури и за Белата куќа. Украинците и Европејците не […]

Лазар Ристовски добитник на наградата „Мето Јовановски“ на фестивалот „Преку езерото“


Четвртото издание на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ ќе се одржи од 7-12 август во Дојран. -По втор пат ова година ќе ја доделиме наградата „Мето Јовановски“ за високо актерско достигнување во уметноста на филмот, на актер од Балканот и Медитеранот. Лауреат на фестивалот ќе биде големиот балкански, српски и македонски актер […]

ДУИ: Македонија тоне во инструментализација


  Најновиот извештај на европратеникот Томаш Вајц во Европскиот парламент претставува алармантно обвинение за насоката во која се движи Северна Македонија под раководство на коалицијата ЗНАМ–ВМРО–ВЛЕН. Овој извештај потврдува токму она на што ДУИ со месеци предупредува: државата се претвора во експериментален терен за најдеструктивните антизападни влијанија на континентот. Според извештајот, Северна Македонија станала отворен […]

Песков: Подобро е Русија да ги постигне своите цели на мирен начин


Би било подобро Русија да ги постигне своите цели во украинскиот конфликт со мирни средства, а сè додека тоа не се случи Москва ќе ја продолжи својата специјална воена операција, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. -Многу пати сме соопштиле дека е подобро за нас да ги постигнеме целите што си ги поставивме преку […]

По 14 години, се гаси „Ал Џезира Балканс“ 


По четиринаесет години успешна работа на Балканот, регионалниот телевизиски проект „Ал Џезира Балканс“ се гаси, потврдено е за сараевскиот портал Klix.ba. Тоа е филијала на катарскиот медиумски концерн, кој работи со голем успех на Балканот, со седиште во Сараево од 2011 година. „Ал Џезира Балканс“ го покриваше регионалниот пазар со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, […]

Охрид доби уште една година да се спаси од губење на статусот на заштитено наследство на УНЕСКО


Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз на денешната расправа донесе одлука да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. Охрид и државата добија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг мисии, за […]

„ЕОС Матрикс“: 29,2 отсто од долговите се наплатени за помалку од три години – позитивен импулс за економијата и бизнисот


Со забрзано темпо на дигитализација, примената на вештачка интелигенција и фер пристап кон клиентите, EOS Matrix Македонија продолжува да го зацврстува својот придонес во стабилизирањето на деловното окружување и поддршката на финансиската дисциплина. И покрај зголемените пазарни предизвици и растечките оптоварувања кај дел од клиентите, 29,2% од должниците целосно ги отплатиле своите обврски во рок […]

Еве, кога ќе играат Ѓоковиќ и Синер утре на Вимблдон


Лондон – Најдобриот српски тенисер и еден од најголемите спортисти на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, избори пласман во полуфиналето на Вимблдон по уште едно изненадување. Тој го победи Италијанецот Флавио Коболи во четири сета – 3:1 (6:7, 6:2, 7:5, 6:4). Италијанскиот тенисер пружи силен отпор, но Новак повторно покажа ментална сила и искуство. Во битката […]

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побарани притворски мерки за две лица кои нападнаа новинарска екипа


Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, Основното јавно обвинителство Скопје поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале […]

Македонија напредуваше пет места на ФИФА ранг-листата


Македонската фудбалска репрезентација се искачи за пет места на најновата ранг-листа на ФИФА, која беше објавена денеска и се наоѓа на 62 позиција. Напредокот на ФИФА рангирањето е поврзано со успешниот настап во мундијалските квалификации во јуни во кои Македонија одигра нерешено 1-1 против фаворитот Белгија во Скопје, а триумфираше на гостински терен над Казахстан […]

Мицкоски му се јавил на градоначалникот на Крива Паланка, Ангелов понудил помош


Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски од СДСМ, кој вчера бараше помош откако огнот дојде блиску до куќите, по што интервенираа и екипи од Бугарија, денес соопшти дека сепак во текот на денот добил повик од премиерот Христијан Мицкоски и дека Стојанче Ангелов му помагал во справувањето со пожарот. Тој тоа го соопшти на фејсбук: […]

„Ако треба, ќе го преместам Велебит“; 19 ученици повторија година во медицинското училиште во Задар


Ден пред да заврши наставата, родители нелегално влегоа во медицинското училиште во Задар, Хрватска, насилно, кршејќи ги сите протоколи, затоа што дури 19 ученици повторуваат година. Во Медицинското училиште „Анте Кузманиќ“ во Задар, 19 ученици не ја завршија успешно оваа учебна година, од кои дури 15 ученици од прва година „не успеаја да положат со […]

СДСМ биле одговорни и за пожарите, тврди Петрушевски


ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кампањата што никој не ја „купува“, дека пожарите во државата ги подметнува СДСМ за да дефокусира од внатрешни превирања. Уште повеќе критиките за лошото справување со пожарите и за немањето опрема исто така ги оценуваат како „ситење“ на опозицијата. -Пожарите се подметнуваат намерно, а СДС се сити и се обидува да печали […]

Дипломатски скандал: Делегацијата на ЕУ се обиде да одржи состанок со воениот лидер во Либија и беше прогласена за непожелна


Обидот на Европската Унија да координира план за запирање на протокот на мигранти од Северна Африка се претвори во меѓусебни обвинувања во средаta, откако висок бриселски функционер беше принуден, од воен водач поддржан од Русија, да ја напушти Либија . Европскиот комесар за миграција Магнус Брунер беше прогласен за персона нон грата и протеран од […]

Изгоре магацинот на „Фриком“ – сите вработени се безбедни, испораките прекинати


Пожарот во општина Чучер-Сандево вчера ги зафати и просториите на „Фриком“. Изгоре магацинот на „Фриком“, кој како дистрибутивен центар, ја снабдува цела Македонија. Благодарение на брзата реакција на службите и компанијата нема настрадани, сите вработени се на безбедно. „Најважно за нас е што ниту еден од вработените и луѓето што учествуваа во гаснењето на пожарот […]

Боб Гелдоф ќе настапи на „Егзит“ во Нови Сад како поддршка на српските студенти


Денеска почнува 25-от јубилеен Егзит фестивал, кој ќе трае до недела, 13 јули, на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, соопштија организаторите. Тие потсетија дека општествената атмосфера во Србија потсетува на почетоците на Егзит пред 25 години, кога фестивалот беше симбол на младински бунт. Поради поддршката на студентските протести, организаторите се соочуваат со целосен прекин на […]

Пленковиќ: Овој дел од Европа нема да оди напред ако злосторства како Сребреница не се признаат


 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој утре ќе учествува на комеморацијата посветена на 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, изјави дека оди таму за да покаже почит кон жртвите и да изрази сочувство кон нивните семејства, но и јасно и недвосмислено да го осуди злосторството. -Доаѓам со длабоко чувство на човечка и политичка одговорност кон […]