Битиќи: Има ли Владата план, дефицитот е скроен на 4 проценти


  Ставајќи розеви очила пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната комисиска расправа за ребалансот на Буџетот праша дали Владата има план што да прави со јавните финансии и рече дека овој документ е „јасно огледало на продлабочената фискална неодговорност во јавните финансии“. Наместо реално прилагодување и развојна ориентација, добиваме документ кој прикрива неизвршени ветувања […]

Урсула фон дер Лајен летала 16 пати со приватни авиони во 2024


  Урсула фон дер Лајен летала со 16 приватни авиони во 2024 година, според податоците објавени од Европската комисија на 30 јуни како одговор на парламентарно прашање. Трошоците за патување биле целосно покриени од Комисијата, според одговорот даден на европратеникот Мартин Ширдеван од Левица. Истражувањето за патничките навики на Фон дер Лајен се интензивираше од […]

Чичко Југо загина под сопствениот прозорец – го прегазија со мотор на пешачка зона бегајќи од полиција


Скопјанецот Југо, синоќа бил прегазен со мотор на пешачка зона во близина на кејот кај Паркот на франкофонијата, додека одел да фрли ѓубре. Двајца на мотор го прегазиле и избегале.  „Да умрам недалеку од местото кај што се родив, најчесто се поистоветува со човековата желба, честопати вкоренета во чувството на поврзаност со сопственото потекло и […]

Ѓоковиќ објасни зошто „пумпаше“ на Вимблдон (Видео)


  „Пумпањето“ на Новак Ѓоковиќ по победата во првото коло против Французинот Александар Милер на Вимблдон предизвика бура од реакции во Србија, но и во регионалната јавност бидејќи тоа беше асоцијација на протестите на студентите. Во исто време, тоа е проблем за Србинот затоа што не се дозволени политички пораки на терените на Ол Ингланд […]

Националниот џез оркестар најавува концерт со Дони Мекаслин


Националниот џез оркестар на 14 јули во Македонскиот народен театар ќе одржи концерт со Дони Мекаслин, еден од најсмелите и највпечатливи саксофонисти и композитори на современата џез сцена. Диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов. -Името на Дони Мекаслин (САД) стои зад едно од најзначајните музички изданија на 21. век – Blackstar, последниот албум […]

ОН: Геноцидот во Газа продолжува бидејќи е профитабилен за 60 компании!


Експерт на Обединетите нации именуваше над 60 компании, вклучувајќи големи производители на оружје и технолошки фирми, во извештај во кој се тврди дека се вмешани во поддржување на израелски населби и воени акции во Газа, што таа го нарече „геноцидна кампања“. Италијанската адвокатка за човекови права Франческа Албанезе, специјален известувач на ОН за окупираните палестински […]

Бишев: Клучно е економското почитување на фискалните правила


Се наоѓаме во исклучително клучна точка кога треба да се оцениме дали се движиме во насоката што е усвоена со Фискалната стратегија. Клучно е економското почитување на фискалните правила, порача денеска претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев во обраќање на дебатата за ребалансот на Буџетот за 2025 година во матичната собраниска комисија.   Фискалниот совет до […]

На застарени БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ им се вградуваат резервоари за вода да гаснат пожари летово


Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и одбрана, се прилагодуваат за гасење пожари на непристапен терен. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека годинава државата е драматично поподготвена за пожарите во однос на претходните години. Тој кажа дека пожари ќе се гасат како и досега со армиските и полициските хеликоптери како и со авионите […]

Зверев призна дека е целосно „празен“. Ќе му треба помош од психолог


  Александар Зверев доживеа изненадувачки пораз во првото коло на Вимблдон. Германецот, кој е трет на АТП листата, загуби од Артур Риндеркнех од Франција во пет сета, а на прес-конференцијата по натпреварот отворено зборуваше не само за тоа што не чувствува задоволство на теренот, туку и во животот. „Никогаш не сум се чувствувал толку празно. […]

Во тек е снимањето на три долгометражни играни филмови поддржани од Агенцијата за филм


Во моментов се снимаат три долгометражни играни филмови, сите финансиски поддржани од државата, кои ветуваат нови квалитетни и возбудливи приказни на големото платно, информира Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Во тек е снимањето на првиот долгометражен игран филм на Тамара Котевска,  насловен „Човек против јато“. Филмот се снима во рурална Македонија, „каде изградбата […]

Пожар во подрумските простории на зграда во Аеродром


Вчера во 11.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, во подрумските простории од станбена зграда настанал пожар. „Од пожарот биле зафатени четири подрумски простории. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.

Муцунски за извештајот на Европскиот парламент: Срамен обид на Бугарија


  Во Европскиот парламент има една активна пропаганда, за жал, во негативна конотација, која е подржана и од официјална Софија, за модификација, односно модернизација на македонскиот национален идентитет. Срамно е ова што се прави, срамен е овој обид што доаѓа од една земја членка на ЕУ за редефинирање на македонскиот национален идентитет кој ние имаме […]

Мицкоски сега не знае што пишува во извештајот на ЕП


Прашан за коментар за предупредувањата во Извештајот на ЕК за т.н. „српски свет“, премиерот Христијан Мицкоски денес, на настан во „Реплек“, рече дека не го видел тој извештај, но ги отфрли таквите констатации, посочувајќи дека не верува такво нешто да биде создржано во официјал извештај од страна на ЕУ.  -Кога ќе го видам ќе го […]

СДСМ: Кос немаше лоша намера


СДСМ се јави околу реакциите за изјавата на еврокомесарката Марта Кос, оценувајќи дека според нив таа немала лоша намера, но апелираа „кога се говори за чуствителни прашања и теми кои ,за жал, непотребно се отвораат иако се јасно затворени, треба да се биде внимателен во изјавите. -Очекувавме еврокомесарката Марта Кос да го истакне она што […]

Невидена омарнина: Еве зошто се формира топлотната купола што ја спече Европа


  Големи делови од Европа се погодени од интензивен топлотен бран. Во некои делови, вклучувајќи ги Париз, Рим и Атина, температурите би можеле да се искачат до 40 степени Целзиусови. Топлотниот бран, како и тропските ноќи со минимални температури над 20 степени, би можеле само да се влошат од феномен познат како топлотна купола. The […]

Дали десницата ги киднапираше студентските протести во Србија?


  Протестите за Видовден собраа голем број луѓе на улиците на Белград. Некои од говорите доведоа до иритации во регионот и конфузија во земјата. Дали национализмот на Видовден е одговор на пропагандата на режимот или во движењето јакне десницата? Кирстен Шенефелд е раководител на белградската канцеларија на германската фондација „Фридрих Еберт“. Таа ги набљудува целокупните […]

Рационалноста ѝ рекла збогум на Македонија


Македонија живее во лош филм кој – никако да заврши. Ако ја парафразирам култната реченица во филмот на Емир Кустурица „Се сеќаваш ли на Доли Бел?“ – „Секој ден во секој поглед сѐ повеќе напредувам“, нашата би гласела – секој ден во секој поглед Македонија назадува. Оваа епска хистерија околу загрозениот идентитет што ни се […]

Вимблдон никогаш не видел вакви резултати, аутсајдерите се радуваат


Третиот Гренд слем во сезоната донесе некои неверојатни резултати, а никогаш во историјата немало толку многу изненадувања. Овогодинешниот Вимблдон, покрај тоа што изненадуваше со прекрасното време во првите два дена, шокираше и со невидена елиминација на носителите, од кои тринаесет беа елиминирани во првото коло. Последната „жртва“ на носителската титула беше Французинот Уго Умберт, кој […]

„ЕВН Македонија“ му отстапи на Археолошкиот музеј парцела на локалитетот Тумба Маџари


Компанијата „ЕВН Македонија“ на Археолошкиот музеј на Македонија  му отстапи на долгорочно користење парцела, што е во нејзина сопственост, и се наоѓа до самиот локалитет – музеј на отворено „Неолитско село – Тумба Маџари“ во општина Гази Баба.  Парцелата има површина од 6000 квадратни метри и во иднина ќе биде истражувана со ископувања од археолозите. […]

35 прозни дела пријавени за наградата „Драги“


35 прозни дела на 33 преведувачи во превод на македонски јазик се пристигнати на конкурсот за наградата „Драги“, што ја оргзанизира издавачката куќа „Антолог“. Книгите се објавени од 18 различни издавачки куќи или поединци, а преводите се направени од 17 јазици. Опфатени се 35 странски прозни автори со романи, раскази, есеистика, дневници, итн. Тричлената комисија […]