Летно кино на отворено на руфтоп во Скопје Сити мол од 2 јули до 5 септември


Ова лето, подготви се за незаборавни кино вечери под ѕвездите! 🌟🎬 Skopje City Mall и Cineplexx ви го најавуваат Open Air Cinema Од 2 јули до 5 септември, секоја среда, петок и сабота, од 21 часот, на најубавиот rooftop во Скопје. Те очекуваат светски блокбастери и домашни филмски класици кои ќе те понесат на незабавно […]

„Реплек“ отвори нов производствен капацитет вреден над два милиони евра


Нов производствен капацитет вреден над два милиони евра беше свечено отворен денеска од фармацевтската компанија „Реплек“. Станува збор за високи технолошко и квалитетно решение, со висока продуктивност, со кое како што посочи генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, ќе се зголеми капацитетот на компанијата и нејзиното прилагодување на пазарите, а цврстите форми кои ги произведува […]

Жена нападната од мечка на шумски пат во тетовско Синичане


 Жена од тетовското село Синичане во Општина Боговиње била повредена од мечка, информираат од СВР Тетово откако за овој случај биле известени од тетовската Kлиничка болница. Станува збор за 41 годишна жена која се движела по шумски пат во место викано „Голем рид“. -На 01.07.2025 околу 18 часот во СВР Тетово од Клиничка болница Тетово […]

Почна расправата по ребалансот на Буџетот, СДСМ поднесе 160 амандмани


  Во собраниската Комисија за финансирање и буџет претпладнево почна дебатата за ребалансот на Буџетот за 2025 година, во второ читање, за кој поднесени се над 200 амандамни. Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во […]

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје


Со два автомобилa и полициска придружба од Основниот суд во Кочани се врши транспортот на предметот за пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани, во која животите ги загубија 62 лица, а над 200 беа повредени. Претседателот на Апелациониот суд-Штип, Тони Делев за МИА информира дека транспортот е во тек. „Од Основниот суд во Кочани заедно […]

Две лица починаа поради топлотниот бран во Франција


 Две лица починаа во Франција поради проблеми поврзани со жештината, а повеќе од 300 примиле итна медицинска помош, соопшти денеска француската министерка за животна средина, Ањес Пание-Рунахер. Голем дел од Франција вчера ја зафати екстремна жештина, при што највисоко ниво на тревога беше активирано во 16 департмани, вклучувајќи го и Париз. Температурите достигнаа над 41 […]

Еве, колку модните куќи заработија од свадбата на Безос и Санчез


Венеција – Раскошната свадба на Лорен Санчез и Џеф Безос во Венеција генерираше вредност на медиумско влијание од околу 222 милиони долари, при што Долче и Габана се на врвот со 14,5 милиони долари, според новиот извештај на Launchmetrics. (MIV е сопствена метрика која доделува вистинска монетарна вредност на маркетинг стратегиите низ печатените, онлајн и […]

Битолчанец дал 22.500 евра за измамничка да му го вработи синот во МВР


СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ. Имено, пријавената во временскиот период од 15.09.2024 до 15.04.2025, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице од Битола односно лажно му се […]

Македонија ќе го одбележи учеството на македонски борци во Шпанската граѓанска војна


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и шпанскиот премиер Педро Санчез вчера во Севиља разговааа на многу теми, вклучувајќи го и соодветното одбележување на учеството на македонски борци во Шпанската граѓанска војна. Граѓанската војна во Шпанија траеше од 1936 до 1939 година и се водеше меѓу републиканците, кои ја поддржуваа демократски избраната Втора шпанска република, и националистите […]

Општина Аеродром: Аплицирајте за еднократна парична помош за прваче


Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 2 јули до 30 септември 2025 година. Потребно е до архивата на Општината да се поднесат потврда за запишан […]

Доаѓа топол бран – од утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени


Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Во недела во попладневните и […]

Уште 1.000 домаќинства од Александрија во Ѓорче ќе може да се приклучат на парно


Во населбата Александрија во Општина Ѓорче Петров започнува подготовка за реализација на значаен проект за изградба на нова топловодна мрежа, во вредност од 40 милиони денари, инвестиција на ЕСМ – Дистрибуција на Топлина. Со овој зафат, над 1.000 стамбени единици ќе добијат можност да се приклучат на мрежата за централно парно греење. Се работи за […]

Еванс противник на Ѓоковиќ во 2. коло на Вимблдон


Лондон– Седумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, не дозволи неговиот дуел против Александар Муле да влезе во нов ден и пред полноќ успеа да го скрши отпорот на Французинот, совладувајќи го со 3-1 во сетови (6-1, 6-7 (7), 6-2, 6-2). Шестиот тенисер во светот до победата на централниот терен на „Ол Ингланд Клуб“ дојде по […]

Крива Паланка домаќин на ексклузивната изложба посветена на ансамблот „Мањифико“


Ретроспективната изложба посветена на еден од најзначајните македонски музички состави – ансамблот „Мањифико“, кој во своето 31- годишно постоење остави длабоки траги во македонската и меѓународната музичка сцена, ќе биде отворена на 5 јули (сабота) 2025, во 20,30 часот, во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј Крива Паланка. Изложбата е екслузивен и траен спомен и чествување на […]

Полјаците огорчени од состојбата на железниците во Хрватска: „Патниците сакаа да ги бакнат шините на враќање“


Полскиот заменик-министер за инфраструктура, Пјотр Малепшак, зборуваше за искуствата на патниците кои патувале со воз од Полска до Риека и изјави дека патниците не биле премногу ентузијастични за инфраструктурата во Хрватска. Како што претходно беше наведено, првите патници на оваа железничка линија тргнаа од Варшава во петок, 27 јуни, и пристигнаа во Риека во сабота […]

Хамас е подготвен за прекин на огнот, ако тоа води до целосен крај на војната во Газа


Милитантната исламистичка група Хамас денеска соопшти дека е подготвена за договор за прекин на огнот со Израел, но дека не го прифаќа предлогот поддржан од САД, и инсистира на својот став дека секој договор мора да води до целосен прекин на војната во Газа. Официјалниот претставник на Хамас, Тахер ал-Нуну, изјави дека милитантната група е […]

Димитриеска Кочоска: Секоја година ќе враќаме по една еврообврзница


 Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека државата не создава буџетски суфицит за да го намали јавниот долг, туку позајмува за да врати стар долг. Само во следните четири години, посочува министерката во видео од телевизоско гостување објавено денеска на Фејсбук, секоја година ќе враќаме по една еврообврзница, сите издадени од претходната влада. Тоа, […]

Пензионерите Арсовски и Михалчев годинава пак ќе летаат со „ер трактори“ и ќе гасат пожари


Поради отсуство на нови обучени кадри, истите пензионирани пилоти кои лани храбро се бореа со огнените стихии повторно ќе ги управуваат авионите „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Стојанче Ангелов, в.д. директор на ДЗС, вчера официјално потпиша договор за ангажман со ветераните Стоје Арсовски и Васко Михалчев – пилоти кои и минатото […]

Германија и Шведска формираат коалиција: На удар се танкерите што шверцуваат руска нафта 


За шверц на нафта до трети пазари преку европските мориња, Русија ја користи таканаречената „флота во сенка“, т.е. танкери кои немаат државни ознаки, поради што е формирана шведско-германската поморска коалиција за зголемена контрола на Балтичкото Море. Официјално, од 1 јули, Германија лансира нов механизам за регулирање на поморскиот транспорт преку Балтичкото Море во соработка со […]

Во Светиниколско регистрирани два пожари


Светиниколските пожарникари вчера имале две интервенции, од кои првата на нива со јачмен, а втората во близина на фабрика. Во писменото соопштение од Секторот за внатрешни работи се вели дека вчера околу 15.50 часот во СВР Штип е пријавено дека во атар на село Црнилиште, Свети Николе настанал пожар во нива со јачмен, која под […]