Tрејлерот за епскиот филм „Одисеја“ на Кристофер Нолан протече на Интернет


Долгоочекуваниот прв трејлер за следниот филм на Кристофер Нолан, „Одисеја“, е објавен во дивината. Universal го постави трејлерот за филмот – најавуван како „митски акционен еп“ – пред „Преродба на Јура ворлд“, чии први проекции се во вторник вечерта. Трејлерот не беше официјално објавен онлајн. Нолан претпочита неговите трејлери да бидат кинематографски искуства, а првиот […]

Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека целта на Израел е целосно елиминирање на милитантната палестинска група Хамас. Ова е неговата прва јавна изјава откако американскиот претседател Доналд Трамп предложи 60-дневно примирје во Појасот Газа. – Нема да има Хамас. Нема да има Хамастан. Нема да отстапиме. Точка, рече Нетанјаху. Трамп вчера изјави дека Израел […]

Второ советување за правните основи за запишување и промени во Катастарот


Денеска во Скопје се одржа второто советување на тема: „Правни основи за запишување, прибележување и промени во катастарот на недвижности“, организирано од Агенцијата за катастар на недвижности, во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Академијата за судии и јавни обвинители. Во своето воведно обраќање, директорот на Агенцијата, Иван Живковски, истакна дека овој тип советувања […]

Шумски пожар на вториот крак на Халкидики – евакуација на сите што се во регионот на Вурвуру


Атина – Голем шумски пожар избувна попладнево на вториот крак на Халкидики во регионот на Вурвуру, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите што се во конкретната област да се евакуираат кон Никити, јави дописничката на МИА од Атина. Во гаснењето учествуваат 65 пожарникари со два пешадиски тима, 20 возила, […]

Запознајте ја Дајана Јастремска, украинската убавица која ја победи Коко Гоф на Вимблдон


Лондон – Дајана Јастремска ги освои насловните страници во вторникот со тоа што го комплетираше едно од најголемите изненадувања на Вимблдон со својата победа во првото коло во два сета над второрангираната Коко Гоф. Но, нерангираната украинска тенисерка не е сосема непозната. 25-годишната тенисерка е рангирана на 42-ро место во светот и има три титули […]

Од говор на омраза до геноцид – во Скопје со дебата ќе биде одбележана 30-годишнината од геноцидот во Сребреница


Со цел достоинствено, видливо и впечатливо да биде одбележана 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, Босна и Херцеговина, група невладини организации во земјава организира низа настани од културно-информативен и едукативен карактер во текот на месец јули. Еден од настаните е дебата насловена „Лекција од Сребреница: Од говор на омраза до геноцид“, која ќе биде […]

„Парамаунт“ се согласија да платат 16 милиони долари за решавање на тужбата на Трамп за емисијата „60 минути“


Од „Парамаунт“ соопштија дека се согласиле да му платат на Доналд Трамп 16 милиони долари за да ја решат неговата тужба за уредувањето на интервјуто во емисијата „60 минути“ на „Си-Би-Ес“, што е извонредна отстапка за актуелен претседател од страна на голема медиумска организација, пренесува Њујорк Тајмс. „Парамаунт“ изјави дека нивната исплата ги вклучува правните […]

АХВ: Внимателно со чаевите за слабеење што ги купувате на Фејсбук и на Инстаграм


Сѐ почесто сме сведоци на рекламирање на производи за слабеење со тврдења кои не се научно потврдени, а понекогаш дури и опасни по здравјето. Неконтролирана употреба на чаеви и додатоци за слабеење, посебно оние набавени преку социјалните мрежи или нерегистрирани онлајн-продавници, може да доведе до сериозни здравствени компликации – од дехидратација и нарушување на електролитен […]

На благајничка во Куманово ѝ требале 410 пати да украде 130.000 евра


Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ по чл.354, ст.3, во врска со ст.1 и во врска со чл.45 и „фалсификување или уништување деловни книги“ по чл. 280 ст.2 во врска со […]

Шон Диди прогласен за виновен за две од петте точки на судењето за сексуална трговија


  Поротниците во федералното кривично судење на Шон „Диди“ Комбс во среда наутро го прогласија хип-хоп могулот за виновен по две од петте точки од обвинението поднесено против него. Панелот од 12 члена го ослободи Комбс од обвинението за трговија со луѓе и рекетирање, но го прогласи за виновен за кривично дело поврзано со проституција. […]

Курти: Ќе сториме сè за да се конституира Собранието на Косово до крајот на месецот


 Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска изјави дека ќе направи сè за новото Собрание да биде конституирано до крајот на јули, a во духот на соработка меѓу политичките партии. По двочасовната средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи, Курти истакна дека законските рокови течат и дека конституирањето на новиот собраниски состав мора […]

Полската амбасада ќе финансира изградба на парк за лицата со попреченост


Полската амбасада во Македонија и  организацијата Equality потпишаа договор денес за изградба на „Парк за еднаквост“ во Скопје. Паркот ќе биде изграден во населбата Кисела Вода и ќе биде наменет за лицата со посебни потреби.   -Вакво нешто не постои никаде во Македонија. Ја видовме потребата да се создаде такво место во македонската престолнина,  што претседателот […]

Во земјината орбита лансиран сателит за мониторинг на загадувањето во Европа


Брисел – Од космодромот „Кејп Канаверал“ вчера во земјината орбита успешно беше лансиран европскиот сателит „Коперник Сентинел-4“, кој ќе има задача да ги следи квалитетот на воздухот и загадувањето во Европа, соопшти денеска Европската комисија.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ова е првата мисија на програмата „Коперник“ во земјината орбита посветена на следење […]

Обвинителниот акт за пожарот во „Пулс“ конечно стигна во Основниот кривичен суд Скопје


Обвинителниот акт за трагичниот пожар во Кочанската болница по повеќе од половина месец патување низ судовите низ Македонија, денеска стигна на конечната дестинација, во скопскиот Кривичен суд каде ќе се суди еден од најголемите предмети за една најголемите трагедии во Македонија. Откако од кочанскиот суд беше препратен во штипска Апелација, па во Врховен суд, па […]

Во рамките на ОЈО отворена е првата просторија за сослушување на деца жртви и сведоци на трговија со луѓе


Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денес беше отворена првата специјализирана просторија за сослушување на деца жртви и сведоци на трговија со луѓе. Проектот е реализиран со поддршка на регионалниот проект EU4FAST – „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Западен […]

Минчев до административците: Нема веќе плата без работа!


Министерот за јавна администрација, Александар Минчев, денеска ги презентираше клучните резултати и реформски потези кои, како што рече, ја поставиле основата на новата култура на управување во јавниот сектор. – Формирањето на Министерството за јавна администрација не беше бирократски потег. Тоа беше политичка порака. Порака дека веќе нема место за партиски вработувања, за нефункционални институции, […]

Некогашниот дом на Мајкл Џордан во Чикаго може да се изнајми на Airbnb, цените се астрономси


Луксузната резиденција во областа на Чикаго, некогаш во сопственост на легендата на сите времиња во НБА, Мајкл Џордан, сега е наведена на Airbnb, нудејќи им на заинтересираните од висока класа можност да одат на одмор како шесткратен шампион. Чемпионс Поинт е имот со седум спални соби и 17,5 бањи на 7,39 хектари, кој може да […]

Македонските У18 кошаркарки на стартот против Романија на Европското првенство од Дивизијата „Б“


Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години денеска отпатува за Литванија каде ќе се игра Европското првенство од Дивизијата „Б“ за оваа возрасна категорија. Нашата јуниорска селекција ќе го почне натпреварувањето на овој евро-шампионат на 4 јули (четврток), од 12.00 часот во Алтиус против селекцијата на Романија. Наредниот ден, на 5 јули, од 17.00 часот, […]

Британската министерка за финансии се расплака во парламентот


  Даунинг стрит инсистираше дека Рејчел Ривс ќе остане на функцијата министер за финансии и не понуди оставка, откако се расплака на прашањата за премиерот во средата. Ривс избриша солза по серијата прашања од лидерката на конзервативците, Кеми Баденох, која рече дека пратениците од Лабуристичката партија рекле дека таа е „готова“. Баденох сугерираше дека Кир […]

ВЛЕН ќе поднесе кривична пријава за „манипулација“ на пописот од ДУИ и СДСМ


  ВЛЕН ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против тогашното раководство на Државниот завод за статистика, други одговорни и раководни лица во врвот на поранешната Влада на ДУИ и СДСМ, како и други лица со моќ на договарање во тогашната политичката власт во врска со пописот на населението. Причина за пријавата, […]