ЕЦБ ги намали каматните стапки. Инфлацијата во еврозоната падна под целната стапка


Европската централна банка ја намали каматната стапка за 25 базични поени на 2%. Инфлацијата во еврозоната падна под целната стапка на ЕЦБ, достигнувајќи 1,9%. Пред објавата, трговците сметаа на речиси 99% шанса за пад од четвртина поен. „Одлуката за намалување на каматната стапка на депозитните расположиви средства – стапката преку која Управниот совет ја насочува монетарната […]

Директорот на „Нвидиа“ планира да продаде акции во вредност од 550 милиони долари


Милијардерот и директор на „Нвидиа“ (Nvidia Corp.), Марк Стивенс, продаде повеќе од еден милион акции на производителот на чипови оваа недела, бидејќи акциите се опоравија од бавниот почеток на годината. Продажбата на акции на Стивенс беше распределена во две трансакции во понеделник и вторник, според извештајот на Комисијата за хартии од вредност (SEC) објавен во […]

Гаши контра Уставниот суд: Пратениците имале право на интерпелација против секој функционер


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, испрати соопштение до медиумите во кое порачува дека пратеницитее имаат право да покренат интерпелација за секој носител на јавна функција, очигледно ставајќи ги тука и уставните судии. -Како што е јасно утврдено во член 47 од Деловникот на Собранието и член 72 од Уставот, пратениците имаат уставно загарантирано право да […]

Трамп планира да испраќа мигранти во Србија, пишува Блумберг


Владата на американскиот претседател Доналд Трамп бара од Србија и другите балкански земји да прифатат мигранти депортирани од САД, пишува Блумберг. Барањето до балканските земји е дел од пошироката американска стратегија за пронаоѓање странски влади подготвени да примат депортирани мигранти, пишува американскиот медиум повикувајќи се на неименувани извори, но не прецизира за кои други балкански […]

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам


 Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаи упати порака по повод утрешниот празник Курбан Бајрам. Фетаи во пораката вели дека Курбан Бајрам е голем и благословен празник кој ги содржи божествените настани, кои се извор на инспирација за подигнување на свеста на верникот за љубовта и посветеноста кон Семоќниот Алах. Поглаварот […]

„Сапорт Кочани“ обезбеди повеќе од 600.000 евра за настраданите од Кочани – ја опремува и болницата


Иницијативата Support Kocani, активирана веднаш по трагичниот настан што го погоди Кочани, денес го објавува својот транспарентен извештај за реализацијата на донациите заклучно со 5 јуни 2025 година. До денес, над 600.000 евра се префрлени директно на сметките на семејствата кои претрпеа најголеми загуби. Оваа бројка не е само финансиски податок – таа е симбол […]

Министерот Шабан Салиу не чувствува никаква вина за Кочани


  „Лично, со душа и со срце и максимално одговорно тврдам дека апсолутно немам вина“, изјави денеска актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, кој како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување е опфатен во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 лица, а речиси 200 беа повредени. Тој […]

Најголемо врсничко насилство трпат 11-годишните момчиња


Врсничкото насилство ги засега здравјето и добросостојбата и на момчињата и на девојчината од сите нивоа на социо-економски статус, возраст и етничка позадина. Особено се ранливи 11-годишните момчиња кои најчесто се наоѓаат и во улога на „жртви“ и во улога на „насилници“ во сите три форми на насилство (малтретирање, сајбер малтретирање и тепачки). Ова се […]

ЈСП Скопје со неделен возен ред викендов на Духовден и Бајрам


ЈСП Скопје ги известува своите патници дека по повод верските празници Духовден и КурбанБајрам, за време на трите дена од продолжениот викенд (06.06.2025 година – 08.06.2025 година) ќе се работи по неделен возен ред. Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Во петок и недела, дежурна ќе биде билетарницата и центар за […]

Муцунски на средба со Баро во Париз


  Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кој денеска претстојува во работна посета на Париз, преку социјалните мрежи сподели дека денешниот ден го започнал со одлична средба со неговиот домаќин, министерот за Европа и надворешни работи на Франција, Жан-Ноел Баро. За време на средбата, како што вели, двајцата заеднички изразиле задоволство од развојот […]

Удрил со електричен тротинет во 2-годишно дете и избегал на Детска улица во Ново Лисиче


Синоќа во 19.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во рекреативен парк „Тоше Проески“ во Ново Лисиче, во Скопје, или попознато како Детска улица, со  електричен тротинет удрил во двегодишно дете од Скопје. По случката лицето што управувло со тротинетот го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, […]

СДСМ: Како е можно оперативниот план на МВР за „Пулс“ да биде класифицирана информација?


Во најновата од серијата прес конференции наречена „Вистината за Кочани“, портпаролката Богданка Кузевска изјави дека Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Љупчо Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во историјата на Македонија. -Мицкоски и Тошковски прават се за да ги прикријат трагите и непосредната одговорност на оние кои […]

Хелсиншки комитет: Забраната да се протестира пред Собрание е противуставна!


Хелсиншкиот комитет ја оцени како противуставна забраната да се протестира пред Собранието така што просторот околу е прогласен за безбедносна зона.   -Во Собранието во процедура на разгледување е ставен предлог закон за прогласување на просторот околу Собранието за безбедносна зона. Предлог законот е поднесен по скратена постапка. Законот предвидува сериозни ограничувања во просторот околу […]

Минималните плати во Европа низ призмата на трошоците за живот


Луксембург има највисока национална месечна минимална плата во евра (2.638 евра), додека Украина има најниска (182 евра). Меѓутоа, кога се прилагодуваат за трошоците за живот, Германија има највисока (1.992 PPS), додека Албанија има најниска (564 PPS). Македонија не е на листата. Разгледајте ја минималната плата – најконтроверзната, но и најраспространетата алатка што ја користат владите […]

Стратегија за образование 2026-2032 година: Пазарот на труд ќе ги диктира насоките


Повеќе институции, образовни установи, претставници на граѓанскиот сектор и меѓународни партнери на Министерството за образование и наука започнаа со изработка на нова Стратегија за образование која ќе има важност од 2026 до 2032 година, соопшти МОН. На првата работна средба, министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека документот треба да обезбеди континуитет на […]

Трамп воодушевен од украинскиот напад на руските авио бази. Бил „моќен“ и „кул“


  Претседателот Трамп сметал дека ненадејниот напад со дронови на Украина во текот на викендот бил „моќен“ и „кул“, велат извори кои разговарале со него за „Аксиос“, но тој е исто така загрижен дека тоа ќе ја направи неговата мисија за прекин на огнот уште потешка. Внимателно испланираната операција врз најстратешките воздушни бази на Русија […]

ДСЗИ: Во тек инспекциски надзори во три здравствени установи во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци


Во тек се инспекциски надзори во три здравствени установи со цел да се следи патот на лекувањето на детето. Приватната здравствена установа каде детето имало избран матичен лекар, во Општата болница во Кавадарци, каде било лекувано и во Универзитетската клиника за детски болести каде била констатирана смрт. Вака денеска одговорија од Државниот санитарен и здравствен […]

Протест на земјоделците од Прилепско – бараат да се отстранат дефектите на линијата за наводување


Дел земјоделци од Прилепско денеска протестираа и бараа одговор од ЈП „Прилепско поле“ кога ќе има вода за наводување на површините, главно засадени со тутун. Земјоделците велат дека три недели, поради дефект на цевка од линијата за наводнување се без вода, токму во екот на садењето на тутунот што ќе предизвика големи штети. -Истиот дефект […]

Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост


 Советот за оцена на обвинител акт при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое приговорот на одбраната за случајот „Онкологија” се одбива, а актот се одобрува. -По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, а што […]

Уште 12 пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во странство и дома, еден е во тешка состојба


 Состојбата со повредените во трагичниот пожар во Кочани постојано се следи, има напредок во нивното лекување што се спроведува во домашните болници, а државата има капацитети да одговори на потребите за понатамошен третман, истакна директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашко Клековски на денешната панел дискусија „Кочани е нашиот приоритет“ во Владата. -Во моментот […]