Џорџ Клуни за Доналд Трамп: Тој е позната личност, кога ќе си замине нема да има замена


Во интервју за „Си-ен-ен“, Џорџ Клуни зборуваше за својата бродвејска претстава „Добра ноќ и среќа“, но и за моменталната политичка и социјална ситуација во Америка. Во таа прилика, тој коментираше и за сегашниот претседател, Доналд Трамп. Претставата е базирана на вистинската конфронтација помеѓу новинарот Едвард Р. Мароу и сенаторот Џозеф Мекарти, а Клуни верува дека […]

Паника во германско основно училиште: Учениците имале тешкотии со дишењето, очите горат…


Дури 17 деца се повредени во германско основно училиште, а Итните служби ги однесоа во болница. Алармот се вклучи околу 12:25 часот во четврток во основно училиште во Минхен. Децата и наставниците одеднаш почнаа да имаат проблеми со дишењето. Инцидентот се случил во основното училиште Франц-Нисл-Штрасе, кое услужува деца од 5 до 10 одделение, во […]

Рудник САСА го одбележа Светскиот ден на животната средина со заеднички активности со заедницата


  По повод Светскиот ден на животната средина, кој годинава е посветен на справувањето со загадувањето од пластика, Рудник САСА реализираше три значајни активности за унапредување на еколошката свест и поттикнување на заедничка акција. Во оваа прилика, Рудник САСА донираше автоматска повратна вендинг машина за рециклирање – прва од ваков тип во општина Македонска Каменица […]

Сабаленка е прва финалистка на Ролан Гарос


Арина Сабаленка е прва финалистка на Ролан Гарос. Светскиот рекет бр. 1 славеше над шампионката на последните три турнири, Ига Швјонтек во три сета со 7:6(1), 4:6, 6:0. Сабаленка стигна до своето прво финале на Ролан Гарос и до своето шесто финале на Гренд слем турнирите, откако досега трипати играше за титулата на Австралија Опен, […]

Трајко Славески: Денарот останува стабилен, но за поголема конкурентност на економијата потребна е ниска инфлација


Независноста, кредибилитетот, самостојноста на Народната банка, пропишано со Закон и досегашната практика, не само што ќе биде задржана туку ќе биде и зајакната. Не очекувам да има никакви притисоци, а ако има знаеме на кој начин да одолееме, тука не мислам само на политичките структури, затоа што НБ е регулатор на финансиските институции, пред се, […]

САД го именуваа Алексус Гринкевич за нов врховен командант на НАТО за Европа


САД именуваа американски генерал за нов врховен командант на НАТО во Европа, смирувајќи ги стравувањата дека Вашингтон би можел да се откаже од клучната улога што ја имаше од основањето на Алијансата. Генералот на воздухопловните сили Алексус Гринкевич е номиниран од американскиот претседател Доналд Трамп и одобрен од 32-та сојузници на НАТО, соопштија Министерството за […]

„80 години – 80 дела“: Киро Урдин со самостојна изложба во Брисел


Во галеријата „Марк Минјау“ во Брисел вечер ќе биде отворена самостојна изложба на слики и цртежи „80 години – 80 дела“ на уметникот Киро Урдин, основач на уметничкото движење Планетаризам. Како што информира „Остен“, награден со највисоката награда „Уметник на светот“ на ОСТЕН Биенале Скопје 2024 и изложуван во Националната галерија на Северна Македонија, Киро […]

Мисајловски: Со зајакнување на економијата ќе можеме да издвојуваме повеќе и за одбраната


Една од клучните поенти на денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел беше како членките да ги зголемат издвојувањата за одбраната, за што е многу важно секоја земја да има долгорочен план, изјави за МИА министерот за одбрана Владо Мисајловски.  – На состанокот се договараше сите земји заеднички да достигнат до прагот […]

Во верижен судар во Автокоманда учествувале четири возила – двајца повредени


Вчера во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје имало верижен судир на повеќе возила.  МВР ги сподели деталите: „На 04.06.2025 околу 18.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, возило „мерцедес“ и две патнички возила „ауди“, […]

Фајнанс тинк: Растот во првиот квартал со слична динамика како и лани, нема место за еуфорија


 Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк денеска оцени дека динамиката на растот на БДП во првиот квартал  се очекува да продолжи во текот на годинава, но укажува дека ризик за растот остануваат неизвесностите кои произлегуваат од глобалните трговски односи.  – Во првиот квартал од 2025, БДП се зголеми за  три проценти на годишна […]

Средношколци од „Никола Карев“ изработија униформи за 980 струмички основци


Учениците и професорите од текстилно-кожарската струка од двата профила техничар за моделирање на облека и техничар за дизајн на облека при ДСУ „Никола Карев“ од Струмица изработија униформи за 980 ученици од општинските основни училишта, соопштија од Општината. Во соопштението се додава дека новите комплетни униформи со панталони, маици на кратки и долги ракави и […]

Германските јавни медиуми бараат заштита од популистите и ултрадесничарските партии


Работната група на редакциите на јавните медиумски сервиси (АГРА) на Германија предупреди на зајакнување на популистичките и екстремно десничарските партии во Германија, во Австрија и во Швајцарија, на задушување на независноста на медиумите и дискредитирање на новинарите и ги повика сите демократски сили да ги заштитат своите медиумски куќи. – Низ цел свет десничарските популисти […]

Балканот како мигрантска депонија: И САД сакаат да пратат мигранти во регионот


Владата на американскиот претседател Доналд Трамп бара од Србија и другите балкански земји да прифатат мигранти депортирани од САД, пишува Блумберг. Барањето до балканските земји е дел од пошироката американска стратегија за пронаоѓање странски влади подготвени да примат депортирани мигранти, пишува американскиот медиум повикувајќи се на неименувани извори, но не прецизира за кои други балкански […]

Украинците тврдат дека за прв пат уништиле моќен балистички систем „Искандер“


  Вооружените сили на Украина објавија видео во четврток за кое тврдат дека го прикажува уништувањето на рускиот мобилен систем за балистички ракети со краток дострел „Искандер“. Нападот наводно се случил во близина на рускиот град Клинци во регионот Брјанск. Нападот, пишува „Defence Blog“, бил извршен во координација со Службата за безбедност на Украина (СБУ), […]

Невладините организации бараат да се спаси Националниот парк Маврово


Вкупно 19 граѓански организации побараа од владата  Владата итна акција за повторно прогласување и заштита на Националниот парк Маврово во согласност со законските одредби. Тие бараат итно да се заврши процесот на повторно прогласување на Национален парк Маврово и да се обезбеди вистинска заштита на природните вредности на подрачјето. Тие изразуваат загриженост за долгиот процес на […]

Почна втората фаза во изградбата на граничниот премин Маркова Нога во Преспа


  Денеска во Лемос, Општина Преспа – Грција, во присуство на министрите за внатрешни работи на Македонија и Грција, Панче Тошковски и Теодорот Ливаниос, амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас, претставници на локалните самоуправи, се одржа настанот „Гранична станица Преспанско Езеро: Воспоставување на граничен премин меѓу Грција и Република Северна Македонија на областа Преспанско […]

Швајцарија почнува со етикетирање на храната. Ќе се знае дали животното страдало


Од 1 јули оваа година, храната што се продава во швајцарските продавници или се служи во рестораните ќе мора да има етикета на која ќе биде наведено дали животните страдале за време на процесот на производство. Како што пишува швајцарскиот The Local, при купување храна од животинско потекло, како што се месо, млеко или јајца, […]

Класната на Коста К. казнета оти не се појавила на суд: Не може да сведочи, а може да носи деца во Франција


Драгана Томиќ, класната на седмо два одделението од основното училиште „Владислав Рибникар“, каде што Коста го изврши масакрот на 3 мај 2023 година, денес не дојде во Вишиот суд да сведочи во тужбата поднесена од семејството Дукиќ, чија ќерка беше убиена во тоа време, против Коста, неговите родители, училиштето, Министерството за образование и Државата Србија, […]

Нов кружен тек се гради на регионалниот пат Кавадарци – Росоман


 За поголема безбедност во сообраќајот, нов кружен тек се гради на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. -Интензивно се работи на изградбата на нов кружен тек на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, со цел да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот. Во вкупна вредност од 11 […]

Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата


 Фиксен девизен курс и ниска и стабилна инфлација во рамки на таа во еврозоната, заштита на интересите на граѓаните и стопанството, најавува новиот гувернер на Народната банка Трајко Славески во видеоинтервју за МИА, прво по назначувањето на функцијата.  – Фиксниот девизен курс којшто добро и служеше на Република Македонија ќе остане и во наредниот период, […]