Со донација на 2.000 садници сезонско цвеќе ТИТАН Усје го одбележа Светскиот ден на животната средина – 5 ти јуни


Над 2.000 садници сезонско цвеќе беа поделени во општина Кисела Вода во рамките на волонтерската акција што ја организираше ТИТАН Усје по повод одбележувањето на Светскиот ден на животната средина – 5 Јуни. На настанот, менаџментот на компанијата и над 40 вработени на жителите на општината Кисела Вода во паркот „Шопен“ и во паркот кај […]

Петиција за спас на најзагрозената пеперутка во Европа: Македонската сивка


Институтот за комуникациски студии (ИКС) покренува петиција за вклучување на македонската сивка (Pseudochazara cingovskii) во Анекс 1 на Конвенцијата CITES, за да се спречи нејзино исчезнување поради нелегална меѓународна трговија. Овој критично загрозен и ендемски вид пеперутка живее само во варовничките предели кај превојот Плетвар. Со хабитат помал од 10 km², таа е изложена на […]

Гаши: ВЛЕН ниту е „ранета“, ниту претрпе „земјотрес“


@Апсолутно немаме никаков страв од избори и целосно сме убедени за исходот по изборите#, тврди претседателот на Собранието Африм гаши во интервју за „Нова“. -Ќе повторам дека  коалицијата ВЛЕН ниту е „ранета“, ниту претрпе „земјотрес“. Напротив, последните политички движења ја докажаа силата и кохезијата на ВЛЕН. Што се однесува до резултатот на локалните избори, ВЛЕН […]

Ракавиците за повредените од дискотеката „Пулс“ ги прави „Сапорт Кочани“, Владата правела максимум


  Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.  На трибината „Кочани е наш приоритет”, Клековски, нагласи дека според неговите информации моментално нема пациент кој има потреба да се лекува во странство.  Во однос на […]

ДЗС: Младите ги едуцираа повозрасните за заштита на шумите во училница на отворено


Плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска се претвори во училница на отворено, каде младите ги едуцираа повозрасните за заштита од пожар на шумите и другите отворени површини во нашата земја. Дечиња од општините од скопскиот регион делеа флаери и им објаснуваа на граѓаните за начинот и за важноста за заштитата од пожар на шумите. Конкретно, Дирекцијата […]

Георг Георгиев: Бугарија нема и не може да има дополнителни услови за Македонија


  Бугарија нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапување на РСМ во ЕУ, изјави денес министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев, пренесува агенцијата БТА. Министерот им се заблагодари на пратениците за одлуката поврзана со напредокот на Македонија во процесот на пристапување кон Европската унија, која беше усвоена минатата […]

Општина Аеродром: Заеднички да ја прославиме 12 титула на МЗТ, вечерва дружба со шампионите


Општина Аеродром и кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје – Аеродром“ ги покануваат навивачите, симпатизерите и љубителите на спортот на традиционалната средба со шампионскиот тим вечерва, со почеток во 19 часот пред платото пред хотелот „Русија“. „Идејата за средба со кошаркарите на МЗТ е заеднички да ја прославиме нивната дванаесетта титула на МЗТ. Ова е совршена можност […]

Кисела Вода вечерва организира бесплатна полуматурска забава за сите ученици


Денес Општина Кисела Вода со голема радост ја организира првата заедничка, бесплатна полуматурска забава за сите ученици од 9-то одделение на територија на општината. Горди сме што сме првата општина што не само што слуша, туку и постапува од срце за својата младина, сподели преку социјалните мрежи градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој истакна дека веруваат дека […]

За Кочани зад затворена врата и без преставници од Кочани


  Tрибината организирана од Владата, што сега е во тек, и е наречена „Кочани е наш приоритет“ покрена реакции во политичките кругови. Таа доаѓа откако беше одбиена расправа за истата тема во Собранието и се организира зад затворена врата и без преставници од Кочани. Меѓу тие што реагираа беше и пратеничката на Левица Јована Мојсовска.  […]

Гази Баба се поднови со метларка и теренско возило


Општина Гази Баба доби нова механизација, односно го снабди со машини за чистење и теренско возило ЈКП Гази Баба. Механизацијата се состои од две возила и тоа: специјализирано возило за метење и миење на јавните површини и теренско товарно возило. Специјализираното возило ќе даде значителен придонес кон зголемувањето на чистотата на јавните површини, преку редовно […]

СДСМ го обвини за скандалозно однесување министерот за култура Љутков


 Катарина Илиевска – Силјановска од СДСМ изјави денес  дека има сериозни злоупотреби и скандалозно однесување во Министерството за култура и туризам, под раководство на Зоран Љутков. -Прво, својот шофер го унапредил во кабинетски службеник, само за да зема 30% повисока плата. Потоа, вработена од неговиот кабинет ја поставил како претседател на Управен одбор во Опера […]

Русија го забрани Британскиот совет на своја територија


  Русија во четврток го означи Британскиот совет како „непожелна организација“, откако Москва го нарече Лондон архитект на глобални кризи и „поттикнувач на војни“. Односите меѓу Велика Британија и Русија беа на дното дури и пред Русија да ја започне својата целосна инвазија на Украина во 2022 година, нарушени од низа скандали со шпионажа и […]

Израел, Чиле и САД произведуваат најмногу отпад во светот, Јапонија најмалку


Израел, Чиле и САД се земјите што произведуваат најмногу отпад по глава на жител во светот, додека Јапонија и Јужна Кореја произведуваат најмалку, според студијата „Глобален индекс на отпад 2025“. Словенија е рангирана на 13-то место од 38 земји на ОЕЦД кои беа критикувани во областа на управувањето со отпад. Глобалниот индекс на отпад 2025 […]

Големите институционални инвеститори се повлекуваат од американските пазари


Големите институционални инвеститори ги напуштаат американските пазари, бидејќи трговските војни на Доналд Трамп и растечкиот долг на земјата ги поттикнуваат стравувањата за доминацијата на американските средства во глобалните портфолија. Непредвидливите трговски политики на американскиот претседател ги потресоа глобалните пазари во последните месеци, предизвикувајќи пад на американскиот долар и оставајќи ги акциите на Волстрит далеку зад […]

ЕХФ: Алкалоид е победник на Европскиот куп – службено го доби АЕК


 Ракометниот клуб Алкалоид е победник на Европскиот куп, одлучи денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ).  Алкалоид го доби со службени 10-0 реванш натпревар кој не се одигра во Скопје, поради одлуката на грчки АЕК да не излезе на терен, и со две победи, и по онаа во Атина, го освои трофејот во Европскиот куп. -Ракометниот суд […]

Зошто Египет сака да го конфискува прочуениот манастир Света Катарина во Синај?


  Во подножјето на планината Синај, грчкиот православен манастир Света Катерина стои како едно од најстарите активни места за богослужба на христијанството. Сега, манастирот се соочува со егзистенцијална закана откако египетскиот суд пресуди да го конфискува неговиот имот – потег што предизвика бран загриженост од Атина до Брисел. Судската одлука, која предвидува дека манастирот може […]

Меџити: Да изградиме интегриран и одржлив пристап кон животната средина


– Живееме во време кога еколошките кризи повеќе не се апстрактни закани, туку секојдневна реалност со директно влијание врз јавното здравје, безбедноста на храната, економијата и социјалната благосостојба. Зголеменото загадување во урбаните средини, загубата на биодиверзитетот, притисокот врз природните ресурси и климатската несигурност бараат координиран одговор, базиран на докази и долгорочна визија, рече денеска министерот за […]

Израелската војска извлече тела на двајца заложници од Газа


Телата на двајца израелски заложници се извлечени за време на воена операција во Појасот Газа, пренесе ДПА. Жртвите се идентификувани како 72-годишниот Гади Хагаи и неговата 70-годишна сопруга Џудит Вајнштајн. – Заедно со сите граѓани на Израел, мојата сопруга и јас им изразуваме искрено сочувство на семејствата. Нашите срца тагуваат поради оваа страшна загуба. Нека […]

На седмиот конкурс за наградата „Пегаз“ пристигнаа 45 ракописи


На седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, организирана од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 45 ракописи. Конкурсот беше отворен на 2 септември 2024 и траеше заклучно со 1 јуни 2025 година. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2025 година. Пристигнатите […]

Зеленски: Путин чувствува неказнивост


Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на објавата на американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи во врска со неговиот разговор со рускиот лидер Владимир Путин. – Многумина разговараа со Русија на различни нивоа. Но, ниту еден од овие разговори не донесе сигурен мир, па дури ниту ја запре војната. За жал, Путин чувствува неказнивост. Дури […]