УЈП избрана во Извршниот одбор на IOTA, признание за експертизата на институцијата на европско ниво


Управата за јавни приходи на 29. Годишно собрание на Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA), што се одржа во Баку доби место во Извршниот совет на оваа престижна меѓународна организација. – Ова признание претставува значаен успех за Управата и потврда за долгорочната, професионална и посветена вклученост во иницијативите на IOTA, каде што УЈП е активен […]

Гатузо: Ми се оствари сонот да ја предводам Италија


 Џенаро Гатузо денеска официјално беше претставен на должноста селектор на италијанската фудбалска репрезентација, откако неговиот претходник Лучијано Спалети беше отпуштен. Гатузо ја презема селекторската должност во тежок момент, со примарна цел да ја врати Италија на Светското првенство, откако „аѕурите“ ги пропуштија два последователни мундијалски настапи. „Ова е остварување на мојот сон и се надевам […]

Иранските добитнички на Нобеловата награда за мир апелираат на запирање на војната на Блиски Исток


Иранските добитнички на Нобелова награда за мир, Наргес Мохмади и Ширин Ебади денеска упатија апел за запирање на војната помеѓу Израел и Иран. – Запрете ја војната и изберете дијалог наместо уништување. Оваа војна, започната од Израел со кршење на меѓународното право, предизвикува огромно страдање и се заканува да разгори поширок регионален и глобален конфликт. […]

Шпанија одби да издвојува 5 отсто од БДП за НАТО: „Тоа е преголема жртва“


  Шпанскиот премиер Педро Санчез му одговори на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека предложеното зголемување на трошоците за одбрана на 5% од БДП „би било не само неразумно, туку и контрапродуктивно“, објавија шпанските медиуми. Во писмен одговор пред претстојниот самит на НАТО во Хаг, Санчез го изрази своето противење на бараното зголемување. Тој […]

Од септември покачување на пензиите, не се знае дали ќе биде линеарно или процентуално


Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, но се уште, не сме разговарале за тоа дали ќе биде линеарно или процентуално, иако го знаете мојот став дека јас сум поборник за тоа да има линеарно зголемување на пензиите, изјави денеска на прес-конференција министерката за финансии, Димитриеска Кочоска. Претставувајќи го предлог ребалансот на Буџетот за […]

НАТО ќе го скрати самитот на лидерите на само една сесија за Трамп да не си замине


  Весникот „Фајненшл тајмс“ штотуку објави дека НАТО ги променил плановите за самитот во Хаг на 24 јуни и ќе го намали од три дена на… само „една работна сесија од два и пол часа меѓу 32-цата лидери“ за да „се осигури дека на Трамп нема да му здодее и да замине предвреме“. Трамп го […]

Издвоени се околу 800 милиони денари од Буџетот за плати во јавен сектор од кои 600 милиони се за МВР, вели Димитриеска Кочоска


Постои зголемување на сумата во Буџетот за плати во јавен сектор, најмногу тука ефектот е поради Министерството за внатрешни работи кое што имаше покачување на платите за 10 проценти. Во суштина, МВР брои најголем број од администрацијата со околу 15 илјади вработени лица, информираше денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. На денешната прес-конференција […]

Владата ќе троши повеќе, предлага зголемување на Буџетот за 56,9 милиони евра


Поголеми приходи, но и расходи во Буџетот за 2025 година, предлага Владата која на денешната седница го усвои предлогот на Министерството за финансии за измени и дополнувања на државата каса за годинава. Според владиниот предлог, се зголемуваат буџетските приходи, кои ќе изнесуваат 362,4 милијарди денари, но и расходите кои ќе достигнат 403,7 милијарди денари, односно […]

BOOKирај одмор со книга од „Арс Ламина“ со попуст до 60%


Дочекајте го летото подготвени – со добра книга и многу инспирација. Под мотото „BOOKирај одмор со книга“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја спроведува летната продажна акција, која почна на 15 јуни и ќе трае до 15 јули 2025 година. Во рамките на акцијата читателите ќе имаат можност да купат повеќе од сто наслови со попуст […]

Синедејс од јули се сели во декември


Наместо во јули, 24. издание на Фестивалот на европски филм Синедејс во Скопје, во организација на МКЦ ќе се одржи во декември. Поместувањето е направено бидејќи доцна ги добиле резултатите за одобрените пари од Агенцијата за филм. Оттаму велат дека Конкурсот за поддршка на фестивалите бил распишан со два месеца задоцнување, во февруари оваа година. […]

Бесплатен концерт за 200 години од раѓањето на Штраус пред Операта на 5 јули


На 5 јули на платото пред Националната опера и балет (НОБ) ќе се одржи бесплатен концерт во чест на 200 години од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните светски композитори. Концертот на плоштадот Мајка Тереза е закажан во 21 часот. Ќе настапат Оркестарот на НОБ составен од 80 музичари под диригентство на Винсенз Праксмарер […]

Си-Ен-Ен ја претстави Шопската салата како бугарска и ја смести меѓу најдобрите во светот


  ТВ-мрежата Си-Ен-Ен претстави 24 од најдобрите салати во светот и меѓу нив се најде и Шопската салата, за која е наведено дека е бугарска. Се вели дека јадењето познато како салата датира од древната римска навика да се потопува зелена салата во сол – „herbe salata“ значи „солени лисја“. Сега, векови откако концептот потекнува […]

Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро


 Беживотно тело попладнево околу 14 часот е пронајдено во водите на Охридското Езеро, пред плажа на Градскиот кеј во Охрид. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој истакна дека врз телото немало траги на насилство. Местото е обезбедено и во тек е истрага која треба да ги утврди причините за трагичниот настан […]

Во Скопје двојно повеќе нотари – се бара зголемување на тарифата


Нотарската професија, како и секоја друга, се соочува со големи предизвици за што се потребни реформи и соодветно вреднување на трудот на нотарите, а пред сѐ зголемување на дел од тарифите. Ова беше соопштено на денешната средба со новинарите, каде што претседателот на Нотарската комора на РСМ (НКРСМ), Методија Ристоски ја образложи фактичката состојба во […]

„Водовод и канализација“ апелира за рационално користење на водата


ЈП Водовод и канализација – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата. „Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и спречување на злоупотребата преку […]

Пекинг стравува од цивилни жртви: Кина евакуираше 1.600 граѓани од Иран и стотици од Израел


  Кина евакуираше повеќе од 1.600 свои државјани од Иран и стотици од Израел, изјави портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи во четврток, додека евакуираните ги блокираат граничните премини поради интензивирањето на конфликтот меѓу двете земји. Реклама „Напорите за евакуација продолжуваат и Кина одржува комуникација со Иран, Израел, Египет и Оман. Кина ги повикува […]

Се степаа во Советот на Кочани


  Како трагедијата во дискотеката „Пулс“ да не беше доволна денеска во Советот на Општина Кочани дојде до нов инцидент во една тензична атмосфера. Еден од советниците, како што јави Ради Кочани, погодил со шише вработена во Општината. Градоначалникот Венко Крстевски ја смируваше ситуацијата, но очигледно во посттрауматскиот стрес страстите зовриваат во Кочани. За настанот […]

Дина Јашари го отвора концертот на „Масив атак“ на Скопје колинг 2025 на 28 јуни


  Дина Јашари ќе го отвори концертот на MASSIVE ATTACK како прв концерт од овогодинешното издание на Skopje Calling 2025 на 28 јуни на Стадион на АРМ, соопшти организаторот „Авалон“.  „Претставник, а некои би кажале и лидер на новиот македонски музички бран, добитник на регионалната награда ,,Милан Младеновиќ” во 2022, харизматичната кантавторка и продуцентка Дина […]

Иранска ракета погоди болница во јужен Израел


  Иран испали бараж од околу 30 балистички ракети рано утрово во четврток, предизвикувајќи директен удар врз главната јужна болница во Израел, Медицинскиот центар „Сорока“, а имаше уште два удари во централните градови Холон и Рамат Ган. Повредени се десетици луѓе, вклучувајќи шест во сериозна состојба. Службата за итни случаи соопшти дека еден маж, 80, […]

Дизелот поскапува за 2,5 денари за литар, цените на бензините не се менуваат


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 16.06.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во […]