Летна школа „Мултипликација на пејзажот“ на ФЛУ


Од денеска до 30 јуни во Лазарополе се одржува летна школа организирана од Факултетот за ликовни уметности, УКИМ-Скопје во рамки на проектот NEW ART FOR(U)M. Основната цел на школата е лоцирање и истражување низ алтернативни уметнички практики и дискурзивен интердисциплинарен контекст различен од традиционалните ателјерски уметнички практики и протоколи. Ова е трета сесија на школата […]

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски


Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство претходно побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, […]

Апелација ќе одржи јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија


Апелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавни седници по поднесените жалби од Основното јавно обвинителство по одлуките на Кривичниот суд за поранешните директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи осомничени во случајот „Онкологија“.  Како што информира Апелациониот суд, јавната седница за предметот против обвинетиот Нино Васев ќе се одржи во 10:30 […]

Нестабилно со дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 […]

Надал одликуван со титула маркиз


Мадрид – Шпанскиот крал Фелипе Шести му додели титула маркиз на легендарниот тенисер Рафаел Надал како признание за неговиот придонес кон нацијата со своите спортски успеси. Надал отсега ќе ја носи титулата маркиз на Левант де Мајорка, островот каде што е роден и живее, а станува збор за наследна титула. Во текот на својата богата […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 20  јуни 2025 година, 171-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 194 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Што да додадете во јајцата за да бидат уште поздрав оброк?


Јајцата се суштински дел од појадокот за многумина, и тоа со добра причина. Тие се богати со протеини, ве одржуваат сити подолго време и помагаат во губењето на тежината. Тие исто така содржат холин, кој е важен за здравјето на мозокот. Но, експертите велат дека со само два едноставни додатока, можеме да го направиме уште […]

Нетанјаху за војната со Иран: Го менуваме лицето на светот


Израел го менува „лицето на светот“ со својата војна против Иран, но „секоја помош е добредојдена“ за да се победи нуклеарната програма на Иран, изјави вечерва израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Реков дека ќе го промениме лицето на Блискиот Исток, а сега велам дека го менуваме лицето на светот“, изјави Нетанјаху за израелската јавна телевизија КАН […]

Се подготвува еврообврзница за следната година, ќе биде над 700 милиони евра


Во однос на фискалната стабилност, Министерството  за финансии веќе работи на подготовка за издавање на нова еврообврзница следната година, со цел да се обезбедат средства за сервисирање на Еврообврзницата што доспева во 2026 година и е во износ од 700 милиони евра, кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Телевизија Сител.   „Тоа […]

Нови големи протести против Трамп закажани за средината на јули – „Во Америка, моќта му припаѓа на народот!“


 Организаторите на масовните протести против Доналд Трамп под слоганот „Без кралеви“ најавија нов протест наречен „Good Trouble Lives On“, што ќе се одржи на 17 јули – петтата годишнина од смртта на американскиот конгресмен и активист за човекови права Џон Луис. Последниот бран протести се одржа на 14 јуни, симболично на 79-от роденден на Трамп […]

Водич за изборите во Германија. Не е таков каков што го кажува Мицкоски


  Група независните здруженија денеска остро реагираат на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, во која тој велеше дека за влез во Бундестагот на Германија се потребни пет проценти. Оваа изјава на Мицкоски во основа е генерално точна, но не е најточна и тоа се однесува само за прагот на освоени гласови да се влезе во […]

Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја


Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја, најави вечерва директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски додавајќи дека тоа ќе се случи пред локaлните избори што ќе бидат најверојатно околу 15 октомври.  МВР веќе има распишано тендерска постапка за набавка на црвена и жолта боја со […]

Кавадарчанец си го реновирал домот и во ѕидот нашол експлозив и фитиљ


Триесет и деветгодишен кавадарчанец нашол експлозив реновирајќи го својот дом. Според информациите од МВР, Н.М. во внатрешноста на ѕидот нашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитиљ. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци. Исто така, неексплодирано убојно средство […]

Тешко повреден мотоциклист откако се судрил со „шкода“


Вчера околу 07.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„8 Септември“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од С.П.Н.(58) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа […]

Објавен повикот за набавка на автобуси за јавен превоз и станици за полнење


Огласот за набавка на автобуси за јавен превоз на патници и станици за полнење, објавен е пред два дена, а понудувачите имаат еден месец да се пријават. Со оваа набавка се најавуваат 120 нови електрични автобуси, од кои 80 ќе бидат наменети за главниот град Скопје, а останатите во општините што имаат воспоставено јавен градски […]

Иран уапси 24 лица обвинети за шпионажа во корист на Израел


Иранската полиција во четврток објави дека уапсила 24 лица обвинети за шпионажа во корист на Израел и обид за оцрнување на угледот на земјата. Киумарс Азизи, полициски командант за западен Техеран, исто така се огласи, пренесува АФП. „24-те лица кои шпионирале за ционистичкиот непријател офлајн и онлајн, и кои се обиделе да го нарушат јавното […]

Николоски: Се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории граѓани


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека сериозно се разговара со Велика Британија за три категории на граѓани да бидат ослободени од вадење визи.  Со ова, како што изјави Николовски за телевизија Канал 5, значи дека ќе бидат опфатени околу 80 проценти од граѓаните. За ова се разговарало за време на неговиот […]

Амбасадорска посета на ТИТАН Усје: Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј


По повод јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду. Во рамките на посетата беа презентирани инвестициите во напредна технологија, дигитализација и иновациите во производство на цемент […]

САД ќе продолжат со издавање на студентски визи, но бараат пристап до профилите на социјалните мрежи


Американскиот Стејт департмент соопшти дека го рестартира суспендираниот процес за странци кои аплицираат за студентски визи, но од сите апликанти сега ќе се бара да ги отклучат своите сметки на социјалните медиуми за владина проверка, пренесува Асошиејтед Прес. Одделот соопшти дека конзуларните службеници ќе бидат внимателни на објави и пораки што би можеле да се […]

Мбапе заврши во болница, има акутен гастроентеритис


Килијан Мбапе (26) има акутен облик на гастроентеритис и е хоспитализиран за да се подложи на разни тестови и да добие соодветен третман. Мбапе почна да се чувствува лошо по тренингот во понеделник, 48 часа пред натпреварот против Ал Хилал, и оттогаш не само што не може да тренира, туку едвај ја напушта својата соба. […]