(Во живо) Прес-конференција на министерката Димитриеска Кочоска за ребалансот на Буџетот


Проследете ја прес-конференцијата на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година, кој денеска беше на владина седница. Претходно денеска, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата на седница ќе го разгледува  ребалансот на Буџетот. Одговарајќи на новинарски прашања, каде ќе се крати и каде ќе има повеќе пари со новиот ребаланс […]

Швајцарската централна банка ги намали каматните стапки на нула


Швајцарската национална банка ги намали каматните стапки за четвртина процентен поен на нула, но не отиде подалеку стапката да биде негативна, бидејќи се бори да ја ограничи вредноста на својата валута, која скокна поради глобалните трговски тензии. Ова е прв пат алпската земја, една од ретките во светот што експериментира со негативни стапки, да има […]

Мицкоски „загрижен“: СДСМ може ќе престане да постои, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане само


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, изгледа дека е загрижен за судбината на опозицискиот СДСМ бидејќи поради едноцифрениот рејтинг постоела реална опасност партијата да не опстои по следните локални избори. Тој го обвини СДСМ за неконструктивност во процесот на евроинтеграциите и за политичка стратегија која водела кон самоуништување на партијата. „Градиме, се бориме […]

Турција ја зголеми безбедноста по должината на границата со Иран, но не забележа прилив на мигранти


Турција ја зголеми безбедноста по должината на границата со Иран поради конфликтот меѓу Израел и Иран, изјави денеска анонимен извор од турското Министерство за одбрана. Изворот додаде дека Анкара не забележала прилив на нелегални мигранти од Иран. Турција продолжува да развива повеќеслоен и интегриран систем за противвоздушна и противракетна одбрана користејќи радарски и оружени системи […]

Концерт под отворено небо со европскиот оркестар на „Фејмс“ и виолинистот Емилио Перцан на 6 јули во Сули Ан


Скопје ова лето ќе биде домаќин на еден навистина посебен музички настан. Во недела, на 6 јули, историскиот двор на Сули ан ќе се претвори во магична сцена на концерт под ѕвездено небо, каде што ќе настапи еминентниот виолинист и диригент Емилио Перцан, заедно со европскиот оркестар на институтот „Фејмс“, составен од млади музичари од […]

Подгответе се за невреме утре со силен дожд и услови за град


Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.   Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град.   Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе […]

Во М-НАВ со штрајк се заканувале „оние кои правеа упад и кои тепаа“, вели Мицкоски


 Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашањето во врска со најавите за штрајк на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ, доколку не се поништи последниот оглас за нови вработувања во М-НАВ. […]

Мицкоски: МВР го истражува случајот во РЕК Битола, на вработените е час поскоро да го оспособат блокот 2 и да биде во функција


Постои основано сомнение дека е можно во раните утрински часови пред два дена да се случила саботажа во РЕК Битола. МВР го истражува случајот што е нивна работа, а на вработените во АД ЕСМ им останува час поскоро да го оспособат блокот 2 и да биде во функција, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е […]

Израелската војна на големи амбиции


Брзо ескалирачкиот воен конфликт меѓу Израел и Иран претставува судир на амбиции. Иран се стреми да стане нуклеарна сила, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху копнее да биде запаметен како израелскиот лидер кој категорично ја спречи нуклеарната програма на Иран, која ја смета за егзистенцијална закана за опстанокот на Израел. И двата соништа се подеднакво погрешни […]

На неодредено одложено доаѓањето на експертите од Израел за пациентите во Кочани


Дека ссветот е глобално село, покажува и нашата домашна трагедија, пожарот во Кочани, каде повеќе од 200 луѓе беа повредени, а 62 починаа. Повеќе земји прифатија пациенти во првите часови по трагедијата, а подоцна дојдоа и експерти од неколку земји за да помогнат и да обучат македонски тимови за понатамошно долгорочно третирање на пациентите. Меѓу […]

Долгорочно, сите пациенти од Кочани ќе се лекуваат на државна сметка


Сите трошоци околу пациентите кои се здобија со повреди во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе бидат подмирени од Владата и тоа долгорочно.  Исто така, сите третмани ќе бидат овозможени во болницата во Кочани, место првичниот план, тие третмани да се обавуваат во трите болници во Скопје, Клиничкиот центар, „8 Септември“ и „„Св. Наум […]

Стопанската комора на Србија покрена Дигитален каталог на извозници


Стопанската комора на Србија денеска го покрена Дигиталниот каталог на извозници – иновативна платформа наменета за странски партнери, дистрибутери, увозници, инвеститори и сите компании и економски субјекти кои сакаат да најдат релевантни информации на едно место за капацитетите, производите и услугите на компаниите од Србија што извезуваат и се заинтересирани за проширување на своето присуство […]

Средба Славески – ММФ: За справување со предизвиците потребни се конзистентни, одговорни и усогласени политики


Народната банка (НБ) како професионална, независна и кредибилна институција, со своето делување значително придонесува за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност во земјава, оценето е на средбата на гувернерот на НБ Трајко Славески со регионалниот претставник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Себастијан Соса и новиот шеф на Мисијата на ММФ за нашата земја, Ник Гигинеишвили. […]

За викендот стабилно и посвежо, а потоа затоплување и температури до 38 степени


Сончево и топло, а попладне нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, ќе се се задржи и утре, соопшти УХМР. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник […]

Евростат: Цените на храната во Албанија поскапи отколку во Европа


Најновите податоци од Евростат, кој го мери индексот на цени, според куповната моќ, за Европската Унија и земјите-кандидатки, потврдува дека цените на храната во Албанија се повисоки од оние во земјите на ЕУ. -За првпат од 2005 година, кога Европската агенција за статистика почна да ги мери податоците, индексот на цените на храната и безалкохолните […]

Недела на франкофонски филм од 23 до 30 јуни во Кинотека


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Северна Македонија, Албанија, Белгија , Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни 2025 година, во Кинотеката на Северна […]

Столе Димитриевски е пред излезна врата во Валенсија, бидејќи клубот донесе нов голман


Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски е пред излезна врата во Валенсија, бидејќи клубот од „Местаља“ донесе нов голман. Иако се очекуваше Димитриевски да стане прв голман по заминувањето на Мамардашвили, новито тренер на „лилјаците“ се одлучи во клубот да го ангажира Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао и тој да биде прва опција на голот. Според […]

Се отвори Македонско село – автобуски превоз поретко


По седум кгодини откако претсана со работа етно-комплексот Македонско село на планината Водно во Скопје, повторно е отворен, а со него, во слените 15 години ќе управува „Ла тераца“. Сепак, и овој комплекс же биде достапен само со авотомобил, а за оние кои немаат или не сакаат да возат до таму, автобускиот превоз е редок. […]

Нов изглед на „Alexandria Premium Cuvée“ во јубилејната 140 година на „Тиквеш“


„Alexandria Cuvée“, еден од најпрепознатливите вински брендови во Македонија и регионот, неодамна доби ново име и нов изглед. Новиот лик на „Alexandria Cuvée“ вклучува целосен редизајн на етикетата и амбалажата, што го истакнува премиум квалитетот на виното и дава современ изглед на овие вина. Исклучително високиот квалитет на вината дополнително се нагласува со воведувањето на […]

Анастасија и Трн.мк со „Хаотична“ кавер верзија на ‘Messy’ од Lola Young


Продукцијата на овој музички проект е на онлајн магазинот Трн.мк, а изведбата на македонските и англиските вокали е на младата артистка со суперсоничен глас Анастасија Трајковска. Носител на идејата и концептот е Марјан Забрчанец, а препевот на рефренот на македонски јазик го направи Марко Маринковиќ – Слаткар. Текстот го следи оригиналниот мотив на песната во […]