Расте револтот меѓу сточарите – си ги бараат субвенциите за ланската година по грло добиток 


  БИТОЛА – Расте притисокот од македонските сточари кон власта за доисплата на субвенциите по грло добиток за кравите, овците и козите за 2024 година. Во нив има уште револт за намалените субвенции по грло со програмата за годинава, иако за разлика од лани ќе добијат денар повеќе за предадено литар млеко во млекарниците. Но, […]

Институт за проучување на војната: Украина има ограничен број ПВО системи „Патриот“


Комбинираните руски напади ја принудуваат Украина да донесе тешки одлуки кои области да ги заштити со својот ограничен број системи за воздушна одбрана „Патриот“, соопшти Институт за проучување на војната (ISW). Аналитичарите истакнуваат дека ноќта помеѓу 31 мај и 1 јуни руската армија презела најголем комбиниран напад досега со беспилотни летала и ракети. Според украинското […]

Како Украина го изврши најтешкиот удар врз руски цели во целата војна


  Украинските безбедносни служби спроведоа масовен напад со беспилотни летала врз руските воени воздухопловни бази во неделата, погодувајќи илјадници километри зад линијата на фронтот во она што претседателот Володимир Зеленски го нарече нивна операција со најдолг дострел досега. Операцијата, со кодно име „Пајажина“, бараше месеци подготовка и шверц на беспилотни летала на руска територија. Еве […]

ЕУ собра 1,5 милион денари за Кочани на настаните во рамки на Денот на Европа


Над 3.300 учесници во седум града се обединија во солидарност, собирајќи речиси 1,5 милиони денари донации на настани организирани во текот на месец мај по повод 9 мај – Денот на Европа. Оваа година, одбележувањето на Денот на Европа беше посветено на поддршка на жртвите и повредените од трагедијата во Кочани преку низа активности што […]

Британскиот заем нема дополнително да ги зголем капиталните расходи во Буџетот, вели Димитриеска – Кочоска


Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска денеска на новинарско прашање како ќе се реализира Договорот со Велика Британија изјави дека нема да има дополнително зголемување на капиталните расходи. – Во однос на тоа какви се проекциите во рамки на фискалната стратегија и сега дали ова ќе значи дополнително зголемување на капиталните расходи, не, нема […]

ЕК ги казни „Деливери Хироу“ и „Глово“ со 329 милиони евра за картелско здружување


Европската комисија им изрече парични казни на компаниите за дистрибуција на храна „Деливери Хироу“ и „Глово“ во вкупна вредност од 329 милиони евра, поради создавање на картел во секторот за онлајн достава на храна, соопшти денеска извршната потпретседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција Тереза Рибера.  – Компаниите се договориле да не си […]

СДСМ прашува кој е интересот на Мицкоски да ги штити дивоградбите во Чаир


  Координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска изјави дека власта наместо да спроведе истрага, санкции и одговорност за еден од најсериозните урбани скандали во последната деценија со 150 дивоградби во Чаир таа молчи. „Власта ја штити урбаната мафија“, рече таа и запраша: „Кој интерес стои зад заштитата на овие […]

Синот на Брижит Макрон 4 години постар од неговиот очув – го крие како „змијата нозете,“ а еве што прави


Додека Емануел Макрон е постојано во центарот на вниманието, еден член од неговото пошироко семејство успешно го избегнува вниманието на јавноста – Себастијан Озие, неговиот посинок кој е 4 години помлад од него. Тој се држи подалеку од медиумите и никогаш јавно не коментирал за односот меѓу неговата мајка и францускиот претседател. Сепак, зад сцената, […]

Отстранети се недостатоците на новата градинка во Кочани, Општината бара согласност од МФ за новите вработувања


 По неколкумесечни активности санирани се сите недостатоци при градбата кај новиот објект „Детелинка“ на Детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани и со потпис од официјалниот надзор подготвен е да почне со работа. Општина Кочани испрати известување до Министерството за финансии за новата состојба, а в.д. градоначалникот Венко Крстевски бара средба со министерката Гордана Димитриеска Кочоска, […]

Во Србија се запали автобус полн со ученици од основно училиште, нема повредени


 Автобус полн со ученици од oсновното училиште „Никодије Стојановиќ Татко“ од Прокупље се запали денеска во близина на Бољевац, 210 км јужно од Белград. Нема повредени деца, а автобусот целосно изгорел. Децата успеале навреме да излезат од автобусот. Станува збор за ученици од седмо одделение кои отишле на екскурзија во Сокобања. Несреќата се случила околу […]

Драмски театар потпиша меморандум за соработка со Народниот театар Ниш


Во рамките на регионалната соработка на институциите од културата, директорот на Драмски театар Скопје, Роберт Вељановски оствари работна посета на Народниот театар Ниш. Со взаемна согласност на двете театарски институции за развивање на партнерски односи во делот на гостувања на театрите, реализирање на копродукциски театарски проекти, како и други видови соработка кои би биле од […]

Тигрите денес „спасуваа“ заглавени на скопската жичница


  Денеска на жичницата „Милениумски крст“ на Водно се реализираше показна вежба на тема „Евакуација од жичница“, во која учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица – Тигар на Министерството за внатрешни работи.   Според сценариото, жичарницата престанува да работи поради електричен дефект или прекин на струја и е блокирана цела жичница со што […]

 Двајца браќа прободени пред теретана во Скопје


Двајца браќа од Скопје се здобиле со убодни рани при инцидент пред фитнес клуб во Скопје. Како што соопштија од МВР, вчера во 22.00 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со убодни рани е донесен И.А.(38) од Скопје. Според пријавеното, околу 21.45 часот пред фитнес […]

Велика Британија во воена готовност!


 Британскиот премиер Кир Стармер денеска во Глазгов изјави дека Обединетото Кралство преминува на „воена подготвеност“, претставувајќи ги новите планови на владата за зголемување на одбранбените трошоци и воените способности. Во својот говор, тој предупреди дека земјата денес се соочува со закана „посериозна, поитна и понепредвидлива од кога било по Студената војна“. – Првата линија на […]

Млади инженери од ФЕИТ започнуваат практикантска настава во Министерството за енергетика


Со средба помеѓу министерката Сања Божиновска и студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денес официјално започна летната програма за практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Првата група студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), кои ова лето ќе ја реализираат својата професионална пракса во рамки на […]

Асмир Јахоски утрово се пријавил во Кривичен суд


Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, претпладнево се пријавил во Кривичниот суд Скопје, со што ја исполнил обврската за редовно пријавување во судот во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, потврдија од Кривичен за МИА. Јахоски, како што соопшти денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ, бил на патување надвор од државата. Во соопштението се наведува […]

Левица поднесува закон за зголемување на минималната плата на 500 евра


Пратеничката група на Левица, преку пратеникот Амар Мециновиќ, денеска на прес-конференција најави предлог за измени на Законот за минимална плата со кој се бара зголемување на минималната месечна плата на 30.000 денари, почнувајќи од јули 2025 година. Предлогот, како што истакна Мециновиќ, е изготвен во согласност со барањата на синдикатите и е одговор на тешката […]

Стармер: Се движиме кон воена готовност, фронтовската линија е тука


Британскиот премиер Кир Стармер денес во Глазгов изјави дека Обединетото Кралство преминува во „воена“ состојба, презентирајќи ги новите планови на владата за зголемување на трошоците за одбрана и воените капацитети. Во говорот, тој предупреди дека земјата сега се соочува со закана „посериозна, поитна и понепредвидлива од кога било досега од Студената војна“. „Линијата на фронтот […]

СДСМ: Клековски подготвува зголемување на придонесите за здравство!


СДСМ бара оставка од директорот на Фондот, Сашо Клековски бидејќи, според нив, за само 11 месеци го испразниле  Фондот за здравство во бездна, болниците не функционираат,  здравствениот систем е на колена.  Според опозицијата, судејќи по последната изјаба на Клековски, се подготвува и зголемување на приддонесот за здравствено осигурување. -Здравството се распаѓа пред очите на граѓните, […]

Свечена академија по повод 80 години ДЗС: Статистиката е компасот што ни покажува каде сме и каде одиме, без квалитетни податоци нема квалитетна демократија


Во едно современо и транспарентно општество, статистиката претставува огледало на реалноста. Таа е компасот што ни покажува каде сме и каде одиме. Статистиката овозможува граѓанска вклученост, јавна отчетност и социјален дијалог. Без квалитетни и независни податоци – нема ниту квалитетна демократија, порачаа денеска говорниците за време на Свечената академија по повод 80 години од основањето […]