Египет пренасочува седум проценти од водата на Нил за проширување на обработливото земјиште


Египет објави планови за пренасочување на околу седум проценти од водата на Нил за проширување на обработливото земјиште и урбанизирање на областите долж делтата на реката. Во 2021 година, Каиро објави план за садење „стратешки“ култури како пченица, пченка и зеленчук на нова земјоделска површина од речиси половина милион хектари, според министерот за земјоделство Ал […]

Предлог за капитулација? Што пишува во рускиот меморандум „за регулирање на украинската криза“


Руската агенција Тасс го објави текстот на рускиот меморандум за „регулирање на украинската криза“, кој изгледа како предлог за капитулација на Украина. Се бара меѓународно-правно признавање на Крим, ЛНР, ДНР, Запорошката и Херсонската област како делови од Руската Федерација и целосно повлекување на украинската војска и другите воени формации на Украина од тие територии. Се […]

Врховниот суд на САД нема да ги преиспитува одлуките на пониските судови за оружје


Врховниот суд на Соединетите Американски Држави денеска соопшти дека нема да ги преиспитува одлуките на пониските судови во врска со оспорувањето на законитоста на државните ограничувања за јуришни пушки, како и оспорувањето на законитоста на шаржерите со голем капацитет. Судиите на Врховниот суд одбија две жалби, откако пониските судови ја потврдија забраната во Мериленд за […]

Бербок избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН


Поранешната шефица на германската дипломатија Аналена Бербок избрана е за претседателка на Генералното собрание не Обединети нации, јави Германската новинска агенција (ДПА). Бербок беше единствен кандидат за оваа позиција, поради што гласањето беше само формалност. Претседателот на ГС на ОН претежно има претставничка улога и мандат од една година. Бербок официјално че стапи на функцијата […]

Книги од семејната библиотека на композиторот Кирил Македонски подарени на НУ Завод и Музеј-Битола


Националната установа Завод и Музеј-Битола од денескa е побогата за 300 книги, подарок од семејната библиотека на Кирил Македонски, автор на првата македонска опера „Гоце“, кои на Музејот во Битола ги донира неговата ќерка Пламенка Македонска. Донацијата од семејството Македонски ја прими директорот на НУ Завод и Музеј-Битола, Зоран Николовски. – Долго размислував кому и […]

Ѓоковиќ избори четвртфинале против Зверев на Ролан Гарос


Шестиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос откако попладнево лесно се справи со Камерон Нори и го победи Британецот со 6:2, 6:3, 6:2 по два часа и 10 минути игра. Со денешната победа, 24-кратниот грен – слем првак ја продолжи својата серија од четири последователни победи од 3:0 на […]

Косово: Бислими разговараше со Соренсен за следните фази од дијалогот со Србија


Заменик-премиерот на Косово во технички мандат, Бесник Бислими, денеска изјави дека на средбата со претставникот на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Петер Соренсен, станало збор за следните фази од дијалогот. Како што пренесе Бета, тој рече дека било планирано да се одржи трилатерална средба, но тоа не се случило бидејќи тимот од […]

Асмир Јахоски патувал надвор од државата со патна исправа со ограничен рок на важење издадена од МВР по решение на Апелација


 Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, за кого Судот има определено мерки за претпазливост во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, надвор од државата патувал со исправа со ограничен рок на важење, информираат за МИА од МВР.  Излез од држвата Јахоски остварил на Граничниот премин Богородица во петокот на 30 […]

Две групи малолетници се пресметале кај хотел „Карпош“, едно дете е прободено


Малолетници се пресметаа утринава во близина на хотел „Карпош“, а еден од нив заврши прободен и во болница. До инцидентот дошло по вербална расправија. На случајот работи полицијата. „Од ГОБ “8 Септември” е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник- ученик во СДУ „Ѓорги Димитров”, кој, според пријавеното, се здобил со убодна рана од […]

Саша Ковачевиќ ќе биде главна ѕвезда на манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба”


Познатиот српски пејач и миленик на македонската публика Саша Ковачевиќ ќе биде главна ѕвезда на манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба” закажана за 13 јуни (петок), на плоштадот Автокоманда во скопска Гази Баба.  Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски утрово најави добра забава на претстојниот настан. – Најдобрата балканска ѕвезда е овогодишен гостин на вечерта. Нè  очекува најдобрата забава во […]

Струјата нема да поскапи? Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената


Генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев не очекува да има промена на цената по која компанијата му ја продава електричната енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Како што истакна Узунчев на денешната средба со новинарите во Министерството за енергетика, во првиот квартал од годинава успеале да ја намалат производната цена на електричната енергија на […]

Над 46 отсто од возрасните мажи и 27 отсто од возрасните жени во земјава се никотински корисници


Статистичките податоци на Светската здравствена организација покажуваат дека нашата држава има висока стапка на пушење, односно над 46 отсто од возрасните мажи и 27 отсто од возрасните жени користат тутун или некаков никотински производ, изјави заменик министерот за здравство Јовица Андовски на заедничката прес-конференција со директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, претставникот на […]

ДКСК ќе покрене кривично гонење на јавно комунално претпријатие поради незаконски јавни набавки


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) донесе одлука за поднесување иницијатива за кривично гонење до Основното јавно обвинителство против едно јавно комунално претпријатие за сомнежи за спроеведени незаконски постапки за набавки во врска со третман на градска депонија од пожари. Подносителот, како што информира известителот по предметот Билјана Каракашова Шулев на денешната 19-та седница, […]

„Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ – ОКТА, МВР И РСБСП со кампања за поголема безбедност во сообраќајот


Под мотото „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ стартува кампањата за безбедност во сообраќајот на ОКТА, Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП). Целта на кампањата е подигнување на свеста во јавноста за важноста на поголемото внимание на сите учесници во сообраќајот. Во рамките на кампањата […]

ДКСК ќе поднесе иницијатива за кривично гонење против јавно комунално претпријатие за спроведени незаконски јавни набавки


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) донесе одлука за поднесување иницијатива за кривично гонење до Основното јавно обвинителство против едно јавно комунално претпријатие за сомнежи за спроеведени незаконски постапки за набавки во врска со третман на градска депонија од пожари. Подносителот, како што информира известителот по предметот Билјана Каракашова Шулев на денешната 19-та седница, […]

Антикорупција мора да го даде на увид на БИРН сертификатот на Бојан Христовски, одлучи Управниот суд


  Управниот суд ја отфрли тужбата на Антикорупциската комисија, против Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, затоа што оваа институција му наложи на ДКСК да му даде увид на БИРН во документите за директорот на АНБ, Бојан Христовски, објави „Призма“. Со оваа одлука, останува да важи решението на […]

Рекорден број учесници на „Вози право, вози здраво“, со порака за здрави животни навики


Долга жолта колона од насмеани лица на велосипеди, тротинети, ролерки, скироли, бебешки колички и други превозни средства кои не загадуваат, вчера попладне се слеваше низ скопските улици во центарот на градот. Зборното место беше кај Порта Македонија, а крајната дестинација Градскиот парк, каде што беше закажана големата забава на најмасовниот настан на тркала „Вози право, […]

Повик за „Центарска симфонија“ – мултимедијален концерт на филмска музика на 21 јуни


Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Центарска симфонија“ – мултимедијален концерт на филмска музика што ќе се одржи на 21 јуни 2025 година, по повод Светскиот ден на музиката. „Планираме музички спектакл на кој публиката ќе има можност да се потсети на незаборавните македонски шлагери, како и на безвременските филмски мелодии […]

Завршија преговорите Русија – Украина


Вториот круд од директните преговори помеѓу руската и украинската делегација во Истанбул завршија за околу еден час, јавија руските медиуми. Преговорите се воделе на руски јазик и траеле повеќе од еден час.Шефот на претседателскиот кабинет на Украина, Јермак, изјави дека за време на состанокот, украинската страна предала список на украински деца кои мора да бидат […]

Полска: Владата на Доналд Туск во шок по поразот на претседателските избори


  Кандидатот на десницата, Карол Навроцки, ќе стане нов претседател на Полска по објавувањето на резултатите од изборите. Тие покажуваат дека кандидатот на партијата Право и правда (ПиС) победи во вториот круг од претседателските избори со 50,89% од гласовите. Неговиот ривал, градоначалникот на Варшава, Рафал Тржасковски освои 49,11%. Главното прашање е сега што ќе прави […]