Намалувањето на царините годинава ќе го „олеснат“ Буџетот за 4,7 милиони евра


Намалувањето на царинските стапки за 67 производи, како и ослободувањето од царини на увозот од САД, годинава ќе ја „олеснат“ државната каса за 4,7 милиони евра, односно за толку ќе изнесуваат помалку приходите од наплата на царините. Ова денес на прес конференција во Владата го изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, одгововарајќи за […]

Што е Кејт Мидлтон по образование? Никогаш не работела по струка, а еве со што се занимавала пред да се омажи за Вилијам


Кејт дипломирала на престижен универзитет, но никогаш не работела во таа професија. Еве од кое училиште дипломирала и што правела додека не се омажила за принцот Вилијам. Кејт Мидлтон е принцеза од Велс, војвотка од Кембриџ, грофица од Стратхерн, полковник на Првиот баталјон на ирската гарда, за да ги наброиме само најважните титули. Еден ден […]

И началничката Марија Цветковска меѓу заштитените околу Кочани


СДСМ продолжи со објабвување на детали околу пожарот во Кочани посочувајќи актуелни функционери кои требало, според нив, а не се нашле во рамките на истрагата на Јавното обвинителство на Љупчо коцевски. -Институциите не си ја завршија својата работа, институциите на прогонот се заложници наа Христијан Мицкоски кој од првиот ден ја попречува истрагата за пожарот […]

Приведен сопственикот на агенцијата во Будва: Тој изнесе детали од истрагата за смртта на девојката од Нови Сад (19)


Сопственикот на агенцијата тврдел дека девојката не покажала страв и дека снимала бесплатно рекламно видео пред летната сезона. Сопственикот на агенцијата за водни спортови М.К., каде што трагично загина 19-годишна девојка од Нови Сад, беше уапсен во четврток поради рекламирање во медиумите. Сопственикот првпат беше приведен како дел од истрагата за смртта на жена од […]

Минимално поевтинуваат сите горива од полноќ


Минимално поевтинуваат сите горива од вечерва на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР 95 поевтинува за 0,5 денари и ќе чини 74,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се намалува за 0,5 денари и од утре ќе се продава по цена од 76,5 денари по литар. Поевтинува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ исто за […]

Пробиштипскиот Аквапарк почнува со работа, во Скопје ваквиот парк е затворен веќе втора година


Задутре својата сезона за посетителите ја отвора еден од најголемите и најпзонатите аквапаркови во земјава – Аквапаркот во Пробиштип. Скопјани и претстојнава летна сезона, најверојатно, ќе останат со затворен Аквапарк. Станува збор за Аквапаркот при Спортскиот центар Борис Трајковски, кој и минатото лето беше затворен за разладување и забава. Иако, претходните сезони овој Аквапарк се […]

Започна серијалот обуки „Од бројки до одлуки“: ИСОС ја зајакнува финансиската едукација за МСП со фокус на сметководствената практика


Финансиско планирање и контрола, управување со финансии, анализа и толкување на извештаи, донесување инвестициски одлуки, стратегии за финансирање, управување со ризици и ESG-известување се главните теми опфатени со обуката „Од бројки до одлуки“, која започна во Стопанската комора на Северна Македонија. Оваа обука е прва од ваков тип, наменета за малите и средни претпријатија (МСП) […]

Дива мачка забележана во пештерата Свинска стрна на Галичица


 Во пештерата Свинска стрна забележана е дива мачка со редовниот мониторинг на пештери во Националниот парк Галичица, соопшти денеска Црвен крст Охрид. Дивата мачка е загрозен вид, а редовниот мониторинг е во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица“. -Редовниот мониторинг во пештерите и надвор […]

Силна ерупција на Етна: Туристите бегаат за да си го спасат животот


Вулканот Етна на Сицилија, највисокиот активен вулкан во Европа, повторно еруптираше, предизвикувајќи паника кај туристите кои бегаа за да си го спасат животот. Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија објави: #Etna 2025 suite de l’éruption pic.twitter.com/95sZiVHGbM — 🥗Aurelien Pouzin🍯 (@aurelienpouzin) June 2, 2025   „Во текот на изминатите неколку часа, активноста забележана во претходниот […]

Проверено: Тимчо Муцунски не е меѓу првите седум министри од Европа кој разговарал со Марко Рубио во Стејт департментот


  На секој политички успех треба да му се додаде уште нешто за да изгледа поголем. Така премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави „Тимчо Муцунски е помеѓу првите седум министри за надворешни работи од Европа кој што на билатерално ниво беа примени од страна на Државниот секретар Марко Рубио во Стејт департментот во САД. Средбата траела […]

Отворен конкурсот за наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“


Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена за да се направи вреднување на преведувачката дејност во Македонија, како и да се истакне вредноста и важноста на преведувањето за нашиот културен простор. За наградата може да се учествува со прозни книги во превод на македонски јазик објавени во периодот меѓу 1 јули 2024 […]

На Дебарско Езеро во сила забрана за риболов на крап и црна мрена


Заради овозможување непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд, на Дебарско Езеро во тек е забрана за риболов на крап и црна мрена. -Во согласност со одлуката на Федерацијата на рибари, на нашето езерото во тек е забрана за риболов и тоа на крап што ќе трае до 30 овој месец, до […]

Наоми Кембел ги покажа синот и ќерката: Стана мајка во педесеттите години, а никој никогаш не ја виде бремена


Црниот пантер ужива на Азурниот Брег овие денови. Забавата што ја организираше во Сен Тропе по повод нејзиниот 55-ти роденден, велат, беше погламурозна од многуте забави што се одржуваат како составен дел од фестивалот во Кан, а минатиот месец имаше уште една голема причина за славење. Имено, во мај 2021 година, Наоми Кембел стана мајка […]

ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто со нова зграда од септември 2026 година


До септември следната година се очекува да заврши изградбата на новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба, кој по цели шест децении ќе ги замени дотраените бараки што сега се користат за настава. Увид во изградбата денеска извршија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и […]

Објавено фототипно издание на „Бели мугри“ од Кочо Рацин


 „Македоника литера“ деновиве објави фототипно издание на првото издание од 1939 година на култната книга на Кочо Рацин „Бели мугри“. -Книгата, во тираж од 400 примероци, колку што било печатено и оригиналното издание во 1939 година во Самобор, Хрватска, беше публикувана по иницијатива, со поддршка и како подарок од академик Горан Калоѓера од Хрватска, за […]

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците треба да чекаат законски измени за да добијат плати


Не може да се исплатат платите на Инспекторатот за употреба на јазиците пред да биде донесен Законот за организација и работа на органите на државната управа. Затоа и бевме на таа средба пред два дена. Законот ќе биде пред пратениците, со што согласно измените во Законот познат во јавноста како ЗОРОДУ, Инспекторатот ќе биде дел […]

Мицкоски: Европа има шанса да исправи историска неправда


Премиерот Христијан Мицкоски уште еднаш ја коментираше резолуцијата во Европскиот парламент со која треба да се признае посебниот македонски идентитет и јазик, но исто така го  коментираше и амандманот на бугарски европратеник  јазикот и идентитетот да бидат опишани како „сегашни“. „Сега очекувам Европа да даде одговор. Европа сега има шанса. Сега нема едногласие. Европа има […]

УХМР: Нѐ очекува потопло и посушно лето


Летово се очекува да биде значително потопло и посушно од многугодишните просечни вредности. Во државата постои многу голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C речиси на целата територија. Најголемо позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува […]

Од први јуни до септември авиолинии до уште три градови во Турција, од Скопје до Анкара, Чукурова и Дијарбакир


Меѓународниот Аеродром Скопје од први јуни се поврза со уште три градови во Турција. Авиокомпанијата АJet изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова, Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, летовите на Ajet до аеродромот Чукурова […]