САД во ОН: Доколку Русија одбие прекин на огнот, ќе разгледаме можност за повлекување од преговорите


САД му порачаа на Советот за безбедност на Обединетите нации дека нивниот предлог за прекин на огнот во Украина е „најдобриот можен исход за Русија“ и дека претседателот Владимир Путин треба да го прифати договорот. Соединетите Американски Држави сакаат Русија да се согласи на сеопфатен 30-дневен прекин на огнот на копно, воздух, море и во […]

Од генијалец до разочарување: Како се распадна сојузот Трамп-Маск


Илон Маск излезе на политичката сцена како помошник на американскиот претседател Доналд Трамп со моторна пила во рака. Денес, четири турбулентни месеци подоцна, главата на технолошкиот тајкун би можела да заврши на трупец, пишува француската новинска агенција АФП. Трамп го нарече Маск „одличен“ и најави дека ќе одржат заедничка прес-конференција во петок откако јужноафриканскиот тајкун […]

Финансиски хороскоп за јуни: Биковите ќе заштедат, на Девиците им доцнат парите, а еве кој ќе има поголеми трошоци


Дознајте што ви подготвуваат ѕвездите на финансиски план во јуни 2025 година. Еве го финансискиот хороскоп за јуни 2025 година според хороскопските знаци: Овен (21 март – 19 април) Јуни носи зголемени трошоци, но и шанси за дополнителна заработка преку краткорочни работи или проекти. Бидете внимателни со импулсните купувања. На крајот на месецот има шанса […]

Здружението на инженери бара сметките за струја да се издаваат врз основа на реално измерените податоци


Здружението на инженери бара сметките за струја да се издаваат само врз основа на реално измерените податоци од струјомерите. Бараат бришење на член 31 од Правилата за снабдување кој дозволува издавање на сметки за електрична енергија врз основа на проценета, а не реална потрошувачка на струја и укажуваат дека во новиот Закон за енергетика, кој […]

За Панчо во моментов нема да се води постапка поради неговата лоша здравствена состојба, рече Коцевски


Државниот јавен обвинител синоќа во телевизиско интервју рече дека за еден член од бендот кој е осомничен за пиротехниката нема во моментов да се води постапка поради лоша здравствена состојба. „Има одредени лица кои што се во тешка здравствена состојба и со консултација со лекарите за нив во моментов е одлучено дека не се во […]

Се замонаши поранешниот амбасадор во Ватикан


Поранешниот македонски амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши.Ѓорѓевски беше замонашен завчера во чин кој според Скопската епархија на МПЦ-ОА, бил извршен во православниот храм на МПЦ-ОА „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол во Скопје, од страна на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. „На 27 мај 2025 година, во Навечерието спроти празникот Оддание на […]

Нов пресврт, царините на Трамп остануваат на сила


Тарифите наметнати од администрацијата на Доналд Трамп, кои беа поништени од Трговскиот суд на САД претходно оваа недела, ќе бидат привремено вратени во сила додека не се поднесе жалба преку судскиот систем, пресуди федерален апелационен суд. Одлуката доаѓа откако панел од тројца федерални судии заклучи дека Трамп ги пречекорил своите овластувања со воведување глобални тарифи, […]

Акција за подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата во Скопје, делумен прекин ќе има во неколку населени места


Рано наутро утре (сабота) екипи на Водовод ќе бидат вклучени во акција од Оперативен план чија цел е подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намалување на загубите на вода. -На 31 мај со отпочнување во 00:00 часот планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, […]

УКИМ ќе му додели звање почесен професор на Питер Марк од Рурскиот универзитет во Германија


Во рамки на одбележувањето на 76-годишнината од основањето и патрониот празник, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе го одликува проф. д-р Питер Марк од Рурскиот универзитет во Бохум, Германија, со звање почесен професор (Professor Honoris Causa). УКИМ соопшти дека признанието е во знак на неговите исклучителни научни и академски достигнувања, како и […]

Шакира го откажа концертот во Бостон заради лоши услови на стадионот


Настапот на Шакира закажан за четврток вечерта (29 мај) во Фенвеј Парк во Бостон беше откажан само неколку часа пред да започне „поради непредвидени околности“, објави стадионот на социјалните медиуми. Концертот на Џејсон Алдин и Брукс и Дан закажан за петок вечерта на стадионот е исто така откажан. „Настапите на Шакира и Џејсон Алдин и […]

Марш за подигање на јавната свест за болеста мултипла склероза


По повод 30 Мај – Светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Северна Македонија – Мобилност Македонија денеска ќе организира марш за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза. Како што информира Мобилност Македонија, целта на маршот е […]

И денеска локален дожд, ќе дува и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со локален дожд. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Дожд ќе има во источните делови од земјата, во полошкиот регион, и во пелагонискиот регион. Минималните температури ќе се движат во интервал од шест до 15 степени, додека максималните од 13 до 24 степени. […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 30 мај 2025 година, 149-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 216 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минути, а ќе зајде во 20 часот и 1 минута. Денов трае 14 часа и 59 минути.  Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Убиствена помош во Газа: Израелците пукаа во луѓе кои само сакаа – да јадат


Ја видов реалноста на новата „помош“ поддржана од Израел во Газа. Тоа не е ништо повеќе од смртоносен ПР трик.Пред два дена, израелски војници пукаа врз огромна толпа гладни Палестинци кои само сакаа да јадат. Некои од нив пешачеа повеќе од 10 км за да стигнат до она што тогаш беше единствената точка за дистрибуција […]

Данела со „ловот“ по дивоградби го почна вториот чин за локалните избори, по првиот со унгарските пари


  Градоначалничката на Скопје, кoja изминативе денови е во „лов на дивоградби“ во Општина Чаир, веројатно ќе заработи и кривична пријава, а судирот меѓу градоначалниците на Скопје и на Чаир, ноќеска кулминираше со истурање ѓубре пред портите на Град Скопје.  Арсовска со денови ги повикува сите надлежни институции да преземат мерки да се спречи градењето […]

Студентите во блокада на 1 јуни протестираат во 27 градови


Студентите во блокада на Факултетот за технички науки во Нови Сад објавија список на градови каде што ќе се одржат протести на 1 јуни. „Генералната проба почнува. Изберете град, повелете во салонот…“, напишаа студентите во блоката на ФТН на својот профил на социјалната мреќа „Икс“. Во објавата се наведува дека протестто ќе се одржи во: Јагодина, […]

Злато брзо се пренесува од САД во Англија преку Швајцарија


 Извозот на злато од САД во Швајцарија нагло се зголеми во април на највисоко месечно ниво од 2012 година. Зголемувањето се случи откако скапоцените метали, вклучително и златото, беа ослободени од американските увозни давачки, покажаа податоците на швајцарската царина. Швајцарија, која се смета за најголем центар во светот за преработка и транзит на злато во […]

Истрагата за Кочани е завршена, за некои обвинети ќе биде прекината


Истрагата за трагедијата во Кочани е завршена, од утре почнува увидот на одбраната во доказите, објави во 24 анализа државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Тој вели дека засега не може да прецизира колкав ќе биде конечниот број обвинети, а најави можност за некои да биде прекината истрагата. Тврди, ОЈО ГОКК продолжува со истрагата околу улогата […]

Руско разузнавање: Србија ја снабдува Украина со оружје и ѝ пука на Русија во грбот


  Прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање (СВР) на Руската Федерација објави дека, според информациите добиени од СВР, српските одбранбени компании, и покрај декларираната „неутралност“ на официјален Белград, продолжуваат да испорачуваат муниција во Киев. Во соопштението на својата веб-страница, СВР наведува дека едноставна шема со лажни сертификати на крајниот корисник и земјите-посредници се користи како […]

Вработени во прилепската болница си ги земале парите за партиципација од болните


Вработени во прилепската болница си земале пари од благајната како да е нивна Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против И. М. во својство на службено лице при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело ПРОНЕВЕРА ВО […]