Израел го прифатил американскиот предлог за прекин на огнот со Хамас


  Израел го прифати новиот предлог за прекин на огнот со Хамас од американскиот претставник Стив Виткоф, според израелски функционер. Во меѓувреме, Хамас во четврток изјави дека „го разгледува новиот предлог за Виткоф“ и „одговорно го проучува на начин што им служи на интересите на нашиот народ, обезбедува олеснување и постигнува траен прекин на огнот“. […]

Дали генералниот секретар на Владата е поважен од двајца министри?


  Едно соопштение за владини активности сугерира дека можеби функционалната структура во Владата се променила во овој состав. На одреден начин тоа го потврдуваат и фотографиите. Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев и министрите за локална самоуправа и за дигитална трансформација, Златко Перински и Стефан Андоновски, денеска во паралментот на Естонија имале средба со парламентарната […]

Мицкоски ја повика ЛДП да помогне, таа бара средба со него за патот кон ЕУ


  Откако денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница ги повика СДСМ и ЛДП (споменувајќи ја директно лидерката Моника Зајкова) да помогнат во лобирањето за извештајот на Европскиот парламент, тој доби брз одговор од либерал-демократите. Во него ЛДП бара итна средба со премиерот за да бидат информирани какви напори вложил досега и каква е стратегијата […]

„И токму така“ сезона 3 го прикажува новиот луксузен стан на Кери Бредшо


Третата сезона на „И токму така“ премиерно се прикажува оваа недела по двегодишна пауза, и додека сите едвај чекаме да видиме што е следно за Кери Бредшо и екипата, не можеме а да не се фокусираме на нејзината прекрасна нова резиденција во Грамерси Парк. Откако се збогуваше со нејзиниот иконски стан од кафеав камен минатата […]

Рубио побарал од Муцунски пет проценти од БДП за трошоците за одбрана


  Министерот за надворешни работи  Тимчо Муцунски денеска во Вашингтон разговарше со државниот секретар на САД, Марко Рубио, на која биле разгледани можностите за продлабочување на трговските односи, за намалување на тарифите и можност за започнување на процес за потпишување на договор за слободна трговија.  Во краткото соопштение на портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, […]

Пукање во парк во државата Вашингтон, седум лица повредени


Лejквуд – Седум лица се ранети, од кои три критично, во парк во предградието на Такома, Вашингтон, соопшти полицијата. Полициските службеници затекнаа „морничава глетка“ кога одговорија на повиците за истрели од огнено оружје регистрирани во паркот Хари Тод во Лејквуд, соопшти локалната полиција. Досега никој не е уапсен. Повеќе од 100 луѓе биле во паркот, […]

Ниту Орбан ниту Мицкоски не се браници од нелегални мигранти во ЕУ, реагира СДСМ


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес го пофали Мицкоски за „браник од мигранти“ во Европа.  „Виктор Орбан, човекот кој си купи премиер во Македонија денес го пофали Мицкоски за „браник од мигранти“ во Европа. Ниту Виктор Орбан ниту Христијан Мицкоски не се браници од нелегални мигранти во Европската Унија, реагира опозициската СДСМ. „Вистината е дека Европската […]

Реакција на Битиќи за отсуството на министри од седниците за пратенички прашања


Седницата за пратенички прашања во мај заврши. Пред крајот процедурално се обрати пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи кој правото да постави прашање го искористи за да реагира на отсуството на некои министри од седницата, што, рече, се повторува неколку седници на кои треба да им се поставуваат прашања на членови на извршната власт. Нагласи дека […]

Од 1 јуни венчавки во „Порта Македонија“


Управата за водење на матични книги попладнево информираше дека е постигнат меѓуинституционален договор со кој свечената сала во објектот „Порта Македонија“ ќе може да се користи за граѓански венчавки.  – Според договорот, Управата ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14:00 до 17:30 часот, за […]

За СДСМ отфрлањето на кривичната пријава против директорот на АНБ е тенденциозно и политички мотивирано


Социјалдемократскиот сојуз попладнево оцени дека отфрлањето на кривичната пријава против директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски е несериозно, тенденциозно и политички мотивирано.  – Денешното отфрлање на кривичните пријави против директорот на АНБ Бојан Христовски во најмала рака е несериозно, тенденциозно и политички мотивирано, особено поради фактот што веќе постојат најмалку четири пресуди од […]

Димитриеска-Кочоска за Договорот со Велика Британија: Се ќе биде согласно закон и транспарентно


Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на пратеничко прашање за Договорот со Велика Британија денеска изјави дека задолжувањето и проектите што ќе се реализираат ќе бидат согласно нашите закони.    – Договорот вели пет милијарди фунти кои што ќе можат да ги користиме во рок од десет години или кога би одело годишно или би […]

„Њујорк тајмс“ постигна договор со „Амазон“ за обука на вештачка интелигенција


Њујорк – Американскиот весник „Њујорк тајмс“ постигна договор за соработка со „Амазон“ за лиценцирање на неговата уредничка содржина за обука на вештачка интелигенција. Според соопштението, содржината на „Њујорк тајмс“ ќе биде интегрирана во голем број кориснички услуги и производи на „Амазон“. Договорот вклучува и статии од весникот и рецепти од кулинарската платформа (NYT Cooking) и […]

Ретка изложба од колекцијата на Собранието- изложени 22 дела од првата генерација македонски сликари


Во Собранието денеска беше отворена изложбата „Од ризницата на Македонското собрание“, која претставува избор од највредните уметнички дела кои се дел од колекцијата на законодавниот дом. Од вкупно 160 уметнички дела кои се наоѓаат во колекцијата на Собранието, на оваа изложба во Кристалната сала беа изложени 22 дела на основоположници на современата македонската уметност, првата […]

„Лидл“ е во процес на воспоставување на соработка со македонски компании


Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска се сретнал со менаџментот на германската компанија „Лидл“ која е во фаза на изградба на маркети на повеќе локации низ државата и на логистички центар во индустриската зона во Куманово.  На средбата, како што соопшти Министеството за економија, се разговарало за динамиката на реализација на инвестицијата на […]

Климатизирани училници, скратени часови и засолништа на работното место предлага Институтот за јавно здравје


Институтот за јавно здравје објави Акциски план за справување со топлотни удари 2025 – 2030 во кој препорачуваат училиштата и факултетите да обезбедат климатизирани простории за учење и редовно да ги информираат учениците и наставниот кадар за здравствените ризици од високите температури. Покрај тоа, се препорачува социјалните служби да преземат мерки за заштита на ранливите […]

Калина Малеска, лауреат на „Роман на годината“ за 2024: Книжевноста им дава глас на обезгласените


Книжевноста, или попрецизно, онаа книжевност што навлегува подлабоко во суштината на нештата, книжевноста што вознемирува, што не е удобна, што им дава израз на различни гласови, на поинакви перспективи на она што веќе сме го виделе и мислиме дека го знаеме – само таквата литература овозможува да ги увидиме овие феномени, рече писателката, професор и […]

Начевски и Николов ќе го судат полуфиналето во ЛШ меѓу Барселона и Магдебург


Најдобрите ракометни судии во светот и овој Ф4 во Лигата на Шампионите во Келн не може да помине. Како што веќе објави ЕХФ, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата во полуфиналето во “Ланксес Арената“ меѓу Барселона и Магдебург. Ова е уште еден доказ што значат во светот на ракометот двајцата македонски ракометни […]

Во гумени бомбони најдена марихуана – „Харибо“ ги повлече пакувањата


„Харибо“ итно ги повлече пакувања со бомбони во Холандија откако наводно во нив е пронајдена марихуана, а неколку лица се разболеле. Супстанцата наводно е откриена откако неколку членови на истото семејство, вклучувајќи деца и возрасни, се чувствувале лошо по консумирањето бомбоните „Happy Cola F!ZZ“ и контактирале со полицијата. Покрената е истрага за слатките, потврди портпаролот […]

Србија ја скрати првата фудбалска лига од 16 на 12 екипи


Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија денеска усвои предлог за промена на форматот на натпреварувањето и намалување на бројот на прволигашките екипи од 16 на 12. Новиот формат во српската Суперлига ќе стартува од сезоната 2027/2028, а сезоната 2026/2027 ќе биде преодна со 14 клубови. Првиот човек на српскиот фудбал Драган Џајиќ, изјави дека […]

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци


Согласно добиено известување од Град Скопје – Сектор за комунални работи, Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на во сабота и недела во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе […]