Експлозија во српска воена фабрика, повредени неколкумина


Неколку лица се повредени во експлозија што се случи во раните утрински часови во воената фабрика „Крушик“ во Ваљево, Србија. Несреќата се случила околу 7:40 часот наутро за време на редовните активности на пресување на пентрит (многу силен експлозив), кога бил активиран засилувачот на фитилот на пресата, објавува Nova.rs. Во таа прилика, според првичните информации, […]

Борисов: Сите треба да се придржуваат кон Договорот за добрососедство


  Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов, побара од сите да го почитуваат Договорот за добрососедство што го потпишаа Македонија и Бугарија. „Разговарав со Антонио Кошта, со многу колеги, со Манфред Вебер, со колеги од Европската народна партија. Имаме Договор за добрососедство, таканаречен француски предлог, и инсистираме сите да се придржуваат до договорот и […]

Се пренасочува сообраќајот на патниот правец кон ГП Блаце поради сообраќаен метеж


 АМСМ информира дека од 10:50 часот сообраќајот за товарни моторни возила-ТМВ на патниот правец кон ГП „Блаце“ се пренасочува, поради сообраќаен метеж. Штое е причината за зголемениот сообраќаен метеж не е наведена.  

Гизела Бундшен три месеци по породувањето на насловната на францускиот „Вог“


Нема да се преправаме дека некој со ресурсите на Гизела Бундшен кој наоѓа рамнотежа помеѓу работата и животот по породувањето изгледа како на некој од нас. Но, наративот е сè уште „добро за неа“. Да резимираме: Кога Бундшен го напушти поранешниот сопруг Том Брејди, многумина ја припишаа разделбата, делумно, на нејзината желба да се врати […]

Митовски: Општина Крива Паланка нема долгови, задолжувањето го оставаме на ВМРО-ДПМНЕ


 Општина Крива Паланка нема долгови, туку нарачки за реализација на проекти или ануитети за исплата на веќе реализирани проекти, од сопствени средства и без задолжување, е одговорот на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски на прес-конференијата на советниците од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната седница на Совет на Општина Крива Паланка, на која беше усвоен кварталниот […]

Малолетници со автоматска пушка пукале во куќа во Тетово


На 29.05.2025 во 10.30 часот на регионалниот пат Тетово -Попова Шапка, на влез во с.Гајре, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода двајца малолетници од с.Гајре, поради сомнение дека на 26.05.2025 околу 21.15 часот на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово.   Малолетниците […]

Бугарскиот парламент ќе отфрли каков било „план Б“ за Северна Македонија


  Бугарскиот парламент подготвува декларација за отфрлање на неодамнешните обиди за протуркување на „план Б“ за отклучување на почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија, пишува EUalive. Според порталот, декларацијата го повикува Скопјe да усвои план за заштита на правата на малцинствата. Според неговите извори, бугарските пратеници ќе реагираат на она што […]

Објавен конкурсот за државната награда „Св Климент Охридски“ за 2025 година


Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година. Конкурсот  за државната награда ќе трае од 1 до 30 јуни 2025 година. Како што информираат од Министерството за култура, со оваа награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на […]

ПРВО ПА ЖЕНСКО #13 почнува со филмската програма „Воспоставување врски“


Во рамки на тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, Тиииит! Инк. во соработка со Kino Unseen (Загреб) организира дводневна филмска програма со наслов „Воспоставување врски: кино клубовите и феминистичките пристапи кон подвижните слики“, која ќе се одржи на 30 и 31 мај, во 19:30 часот, во киното на Железничката […]

Македонија ќе користи знаење и експертиза на Казахстан во развојот на хидрогенот


Размената на искуства со земји како Казахстан кои имаат силна традиција и експертиза во енергетскиот сектор е значајна за нашата земја во процесот на градење одржлива енергетска иднина, смета министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Божиновска во Казахстан се сретна со нејзиниот колега Ерлан Аккенженов со кого разговарала за искуствата во спроведувањето […]

Револуција во Косово: Погледнете како изгледаат модерните стадиони, се градат десетици


Во Косово, во моментов се случува вистинска ренесанса во модернизацијата на стадионите, што е еден од првите и клучни чекори кон подобри резултати во иднина. Во последните години, во косовскиот спорт се случува вистинска ренесанса. По овој повод, се градат модерни стадиони, а властите не штедат пари кога станува збор за проектот, кој треба да […]

„Македонија никогаш нема да стане правна држава“: Професорот Калајџиев гневен откако обвинителството го „помилува“ Бојан Христовски


  Професорот на Правниот факултет на УКИМ, Гордан Калајџиев, е и резигниран и гневен откако обвнителството ја отфрли кривичната пријава против директорот на АНБ, Бојан Христовски, и го „испра“ од сомнителниот серитификат за англиски јазик издаден во Бугарија. Тој вели дека му е срам што живее во држава која ги лаже граѓаните во очи. „Ме […]

Хамас не го прифаќа американскиот план за крај на војната во Газа


  Белата куќа соопшти дека Израел се согласил со предлогот на САД за прекин на огнот во Газа, а Хамас изјави дека го разгледува планот иако неговите услови не ги исполнуваат барањата на групата. Како што се прошируваше системот поддржан од САД за дистрибуција на храна на разурнатата територија, израелските медиуми објавија дека нивниот премиер, […]

Анкета: Поскапувањата на цените остануваат најголем проблем за Грците


 За речиси половина од Грците (48,6 отсто) поскапувањето на цените останува еден од најважните проблеми во нивното секојдневие, а шест од десет анкетирани изразуваат песимизам за ситуацијата во земјата, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „MRB“ за грчката телевизија „Опен“, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на железничката несреќа […]

Над 15.000 средношколци утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура


Над 15.000 ученици во завршна година од средното образование утре ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од годинашната државна матура – мајчин јазик и литература, кој е задолжителен за сите матуранти.  Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за државна матура годинава се пријавени 15.004 кандидати.  Од нив, 8.816 ученици се од средните […]

НБА: Њујорк избори шести натпревар против Индијана


Финалната серија во Источната конференција на НБА лигата сè уште трае, откако кошаркарите на Њујорк ја совладаа синоќа Индијана со 111-94 на домашен терен во Медисон Сквер Гарден и со тоа го намалија резултатот на 2-3 во серијата до четири победи. Со овој пораз Индијана ја пропушти првата шанса за пласман во големото финале, а […]

Археолозите открија светилиште на Маите старо 3.000 години во Гватемала


Археолозите во Гватемала открија скоро 3.000 години старо наоѓалиште од ерата на Маите во северот на земјата. Претпоставките говорат дека местото било едно од најважните обредни средишта во тоа подрачје, вели предводникот на археолошките ископувања, Милан Ковач. Новооткриеното наоѓалиште го доби името Лос Абуелос (во превод: „Бабите и дедовците“), откако таму биле пронајдени две седнати […]

Филипче: Советниците на СДСМ ќе ротираат


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави конкретни внатрепартиски промени во начинот на избор на кандидати за градоначалници и за советници на следните локални избори. „Ќе предложам советниците да ротираат, односно да имаат мандат од две години, а потоа следните од листата да влезат во советот. Така ќе им дадеме шанса на двојно повеќе наши […]

Од алое до шипурка: Еве кој чај одговара на вашата крвна група


Изберете топли билни пијалоци според вашето тело, советуваат експертите, бидејќи чаевите немаат ист ефект кај сите… Фитотерапевтите, познавачите на билките и нивната употреба во лечење на разни болести, советуваат секој човек да внимава при нивното користење и слепо да не ги следи трендовите. Ѓумбирот, црниот и зелениот чај станаа многу популарни и често се користат, […]

Макрон: Признавањето на Палестина е морална должност и политичко барање


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека признавањето на палестинска држава е „не само морална должност, туку и политичко барање“, поставувајќи неколку услови за преземање на чекорот, пред конференцијата на ОН на оваа тема на која ќе присуствува на 18 јуни. Можни санкции против Израел На прес-конференција во Сингапур, тој исто така потврди дека Европа мора […]