Американскиот Сенат го потврди таткото на зетот на Трамп за амбасадор во Франција, не е важно што бил во затвор


Сенатот на Соединетите Американски Држави ја потврди номинацијата на инвеститорот во недвижности Чарлс Кушнер за амбасадор во Франција. Ова е таткото на Џаред Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Чарлс Кушнер беше помилуван од Трамп во декември 2020 година, откако години претходно се изјасни за виновен за даночна евазија и нелегални донации […]

Француската полиција случајно ја откри одамна украдената биста на Џим Морисон од неговиот гроб


  Изработена од бел мермер и покриена со графити, големата биста исчезна во 1988 година. Сега, 37 години подоцна, скулптурата со срнести очи што некогаш го красеше гробот на американскиот пејач Џим Морисон е пронајдена, во она што париските обвинители го опишаа како „случајно откритие“. Полицијата во Франција соопшти дека вршеле пребарување поврзано со случај […]

Услугата „Итно копче“ позитивно оценет од центарци – продолжува помошта за старите


Герасимовски: Услугата „Итно копче“ позитивно оценет од центарци, соработката со Црвениот крст сѐ повеќе се зајакнува Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа присуствуваше на Свечената Академија по повод 80 години од основањето на Црвениот крст на Северна Македонија. Герасимовски, потенцира дека во изминатите години, во соработка со Црвениот крст се подобри квалитетот на живот […]

Матурант пронајден починат кај Струмица


 Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на местото викано Крива Река, бил пронајден починат М.А. (19), матурант во едно од струмичките средни училишта. Трагичната вест ја потврдија од ОЈО Струмица и СВР Струмица. Според обвинителката Виолета Милчовска, телото на момчето било предадено на […]

„Веро маркети“ со летна наградна игра и вредносен ваучер од 500.000 денари „Ова лето купувај, цела година уживај“


Со слоганот „Ова лето купувај, цела година уживај“, ВЕРО Маркети ја лансираат својата нова голема летна наградна игра од 21 мај до 18 јули 2025 година и ќе им понуди на потрошувачите можност да освојат вредни неделни награди, како и главна награда вредносен ваучер во износ од 500.000 денари. Во рамки на целата наградна игра […]

Дипломиравте надвор од ЕУ, но сакате да работите во една од земјите-членки? За тоа има програма, една држава дури и ги олесни условите


Франција дополнително ги олесни условите за добивање сина карта на ЕУ со цел да привлече високообразовани странски работници и на тој начин да одговори на недостатокот на кадар во клучните сектори. А што се сините карти на ЕУ? На почетокот на мај, Франција воведе нови, значително пофлексибилни правила за издавање на сината карта на ЕУ, […]

Јирген Клоп ја презема Рома


Сензација во Серија А – Јирген Клоп ја презема Рома. Италијанците тврдат дека се е готово: Во 22,57 Јирген кажа „ДА“! Поранешниот менаџер на Ливерпул и Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, се враќа на тренерската работа, иако најавуваше нешто друго. Италијанската „Ла Стампа“ тврди дека познатиот стручњак од следната сезона ќе го води тимот на Рома […]

Неверојатна лековитост: Никогаш не флајте ги стебленцата од јагодите


Кога јагодите се во сезона, тие се на нашето мени секој ден. Но, сигурно никогаш не сте помислиле дека можете да користите дури и стебленца од јагоди и дека тие се многу корисни. Имено, иако апсолутно сите ги фрламе, бидејќи мислиме дека немаат хранлива вредност и дека всушност се отпад како семки, можете да ги […]

Запален автомобил на познат бизнисмен од Битола, огнот зафатил уште две возила


  БИТОЛА – Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила паркирани до него. Како што велат очевидци со кои разговараше „Независен“ најпрво се слушнал силен тресок пред да избувне огнот. Ветрот […]

Политичарка предизвика хаос во Италија поради нејзините потези на инаугурацијата


  Новата градоначалничка на италијанскиот град Болцано, Катарина Зелер, предизвика голем скандал за време на нејзината инаугурација на оваа позиција поради нејзиното одбивање да носи тробојна лента во боите на Италија. На видеото од Градското собрание можете да видите како нејзиниот претходник Дарио Дал Медико симболично ѝ ги врачил клучевите од градот, а требало и […]

Волстрит регистрираше мал пораст и покрај намалувањето на кредитниот рејтинг на САД


Вчера на Вол Стрит се тргуваше претпазливо, откако Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД, па индексите на берзата забележаа само мали движења. Индексот Дау Џонс порасна за 0,32 проценти, на 42.792 поени, додека S&P 500 порасна за 0,09 проценти, на 5.963 поени, а индексот Насдак за 0,02 проценти, на 19.215 поени. На самиот почеток […]

Србија од буџетот и дава на Украина околу 35 милиони динари како финансиска поддршка


Точно 34.850.000 динари (297.000 евра) се префрлени од одделот на Министерството за финансии на Србија во Генералниот секретаријат на Владата, според информации во најновиот Службен весник. Тие пари, како што пишува „Форбс Србија“, според одлуката на Владата на Србија, ќе се користат како „финансиска поддршка за Украина со цел покривање на трошоците за оперативен персонал […]

За Русија, изборите во Романија се „чудни“


Кремљ доцна вчера ги опиша претседателските избори во Романија како „чудни“, велејќи дека прорускиот кандидат кој победи на поништените избори минатата година бил неправедно дисквалификуван. Проевропскиот центрист Никусор Дан го победи десничарскиот и националистички ривал во вториот круг на изборите во неделата, откако фаворитот на изборите во 2024 година, Калин Георгеску, беше дисквалификуван бидејќи романските […]

Јеменските Хути објавија „морска блокада“ на израелското пристаниште Хаифа


Јеменските бунтовници Хути, кои се поврзани со Иран, објавија „морска блокада“ на израелското пристаниште Хаифа како одговор на континуираниот конфликт на Израел во Газа. – Сите компании со бродови кои се наоѓаат во тоа пристаниште или се упатуваат кон него се известуваат дека од моментот на ова соопштение, гореспоменатото пристаниште е вклучено во списокот на […]

Членките на СЗО гласаа за глобален договор за подобрување на подготвеноста за пандемии


Членките на Светската здравствена организација (СЗО) гласаа во корист на потенцијално револуционерен глобален договор за подобрување на подготвеноста за пандемии. Во корист на предлогот гласаа 124 држави, откако Словачка побара гласање, иако нејзиниот премиер Роберт Фицо инсистираше неговата земја да се спротивстави на усвојувањето на договорот. Ниту една држава не гласаше против, додека 11 држави […]

Лаи: Тајван сака мир со Кина


Тајван сака мир и дијалог со Кина, бидејќи во војна нема да има победник, но властите во Тајпеј мора да продолжат да ја зајакнуваат одбраната на островот, изјави денеска претседателот на Тајван, Вилијам Лаи, по повод една година од неговото стапување на функцијата. Кина го нарекува Лаи „сепаратист“ и ги отфрла неговите предлози за преговори. […]

Никола Маџиров добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“ на „Литератур Лана“


Никола Маџиров е добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“ која ја доделува „Литератур Лана“ во Јужен Тирол, на северот од Италија. Наградата се доделува на секои две години, а Маџиров е 19-от добитник во речиси 40-годишната историја на оваа престижна меѓународна поетска награда. Меѓу досегашните добитници биле и лауреатот на Струшките вечери […]

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија


 Европските лидери се согласија да го зголемат притисокот врз Русија со санкции, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги брифираше за својот разговор со рускиот колега Владимир Путин, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц доцна синоќа. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера телефонски разговараше со Путин, украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Европската Унија, Франција, Италија, Германија […]

Промоција на публикација По рутата на Кирил и Методиј


 Во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје вечер во 19 часот во Јуроп хаус – Скопје ќе се одржи промоција на две изданија – на часописот Европа: по рутата на Кирил и Методиј – туристичка публикација во издание на Look at it.cz од Чешка и на преводот […]

Песков: Рок за меморандум за примирје е невозможен


Процесот на усогласување на текстот на меморандумот за мир и прекин на огнот ќе биде заплеткан за Москва и за Киев и не може да има фиксен рок, изјави рано утрово портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Нема рокови, ниту може да ги има. Јасно е дека сите сакаат ова да се заврши што е […]