Писториус: Путин дава „празни ветувања“ за прекин на огнот


Разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш покажа дека Москва сè уште не е подготвена да прави отстапки, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Путин само зборуваше за прекин на огнот под негови услови, кои вклучуваат Киев да се откаже од членството во НАТО, да ги отстапи […]

Собранието ги констатира оставките на Таравари и двајцата заменици министри


Собранието денеска ја констатираше оставката на министерот за здравство Арбен Таравари и на замениците министри во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети и во Министерството за одбрана, Елфет Исмаили. Заменик претседателката на Собранието Весна Бендевска појасни дека согласно собранискиот Деловник тие имаат право да ја образложат оставката, но, оти до почетокот на оваа […]

Левица: Втор случај на осудени членови на партијата


Левица се жали дека членовите нѐ нејзината партија се под засилен притисок и дека деновиве е изречена судска казна за двајца од нив.  -Деновиве пристигна уште една пресуда на вмровското режимско судство, каде советници на Левица експедитивно се прогласени за виновни за клевета! Минатата година, Левица објави шокантни податоци за расфрлање со народни пари на […]

Кос: Украина ја заврши својата домашна задача, подготвена е да отвори кластер


Интегрирањето на Украина во ЕУ ќе биде клучен елемент на безбедносните гаранции кога ќе започнат мировните преговори, изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос при пристигнувањето на Советот за надворешни работи во Брисел.  – Пораката за Украина ќе биде: останете силни, продолжете да се борите, продолжете да се браните, продолжете да се борите против корупцијата […]

Руте: Да бидеме благодарни на САД што ја презедоа лидерска позиција за Украина


Да бидеме благодарни на САД што ја презедоа лидерска позиција за Украина, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте пред денешниот заеднички состанок на министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите-членки од ЕУ. Тој наведе дека „тоа што го прават Американците е многу важно“. – До јануари оваа година немаше разговори со […]

Мирот во Украина изгледа подалеку по телефонскиот разговор на Трамп со Путин


Си-Ен-Ен – Толку за „силата на личноста“ на Доналд Трамп, која го принудува рускиот претседател Владимир Путин да докаже дека сака да ја заврши војната во Украина. Надуениот телефонски повик на претседателот со неговиот руски колега во понеделникот главно послужи да се истакне колку далеку е секој таков пробив. И што е уште поважно, гледајќи напред, […]

ЕУ воведува нов систем на границите – ќе важи и за македонските граѓани


Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулативата за постепено воведување на Електронски системот за влез/излез (ЕЕС). Овој систем, кој ќе го замени досегашното рачно печатирање во пасошите, ќе се применува и за македонските граѓани при преминување на границите на ЕУ. Постигнатиот договор сега треба формално да биде потврден од двете […]

Нов масовен колапс во Шпанија, паднаа мобилните мрежи!


Националната телефонска мрежа престана да работи во Шпанија само неколку недели откако прекинот на електричната енергија во земјата предизвика хаос меѓу граѓаните и огромна финансиска штета.Службите за итни случаи во неколку региони мораа да обезбедат алтернативни телефонски броеви откако надградбите на мрежата од „Телефоника“ се покажаа како причина за дефект.Според извештаите на шпанските медиуми, фиксните […]

Ванковска: Од кога задолжување „до гуша“ кај Британците се вика суверенизам?


Професорката и поранешен кандидат за претседател на државата, Билјана Ванковска со една реченица го опиша Договорот за стратешко пријателство со Велика Британија и заемот од 6 милијарди евра. Ванковска се сомнева во договорот на македонската со британската влада. -Од кога задолжување „до гуша“ кај Британците се вика суверенизам, па и уште знак за вклопување во […]

Уставен суд стави рамка на измените со кои се зголеми бројот на потписите за независните


Уставниот суд на денешната седница ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори. Со тоа ќе им се овозможи на независните кандидати и граѓанските листи полесно да дојдат до потребниот број потписи, а не во […]

Се обновува Паркот на езерата во Аеродром


Општина Аеродром периодов интензивно работи на комплетна реконструкција на Паркот на езерата, што се наоѓа покрај кејот на Вардар, во непосредна близина на СЦ „Јане Сандански“. Станува збор за прва голема реконструкција на овој парк од неговата изградба. Во паркот деновиве се поставува нова урбана опрема, односно клупи за седење и канти за отпадоци. Во […]

Привремено деблокиран судот во Нови Сад


Студенти и граѓанит кои го блокираа влезот во зградата на Вишиот суд во Нови Сад во претходните пет дена, привремено ја отстранија утрово блокадата за да може судот да донесе одлука по жалбата за продолжување на притворот на активисти и студенти кои се лишени од слобода повеќе од два месеци поради наводен обид за уривање […]

Tрајанов: Мицкоски никогаш не кажал дека ќе го врати името


И Павле Трајанов од Демократскиот сојуз за застојот во евроинтеграцијата и фактот дека ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо на тој план освен што се жали, ги обвини претходните партии на власт, а пред се СДСМ. -Ако се развлечеше договорот 2-3 месеци и се добиеше поголема согласност и од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се обезбедеше 2/3 мнозинство и тој […]

ОН: 14.000 бебиња би можеле да умрат во Газа во следните 48 часа ако нема помош


  Шефот на хуманитарната помош на ОН, Том Флечер, разговараше со програмата „Денес“ на „Радио 4“ на Би-Би-Си за очајно ниската количина помош што Израел ја дозволува во Газа. Меѓународниот притисок поради претстојниот глад го принуди Бенјамин Нетанјаху во неделата вечерта да објави дека ќе ја ублажи катастрофалната 11-неделна блокада за помош за да спречи […]

Допирот на генерациите на „Денови на поезијата“ со фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“


Со стихови од Григор Прличев и Константин Миладинов, како и од Адем Гајтани, Саме Лимани Жарноски, Гого Ивановски, Игор Исаковски, Абдулазис Ислами, Славко Јаневски, Фахри Каја, Бистрица Миркуловска, Георги Сталев и Лилјана Чаловска вчера беше отворено второто издание на Деновите на поезијата, во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол. „Овие […]

Кумановци собраа 247.218 парчиња отпад преку повратните вендинг машини на „Пакомак”


 Над седум илјади килограми отпад  се собрани и одложени во општина Куманово, а граѓаните собраа и одложија скоро 250.000 пластични шишиња и лименки, соопштија денеска надлежните од општината. Жителите на Општина Куманово покажаа грижа за животната средина со тоа што во изминатите две години се собрани и правилно одложени дури 7.172 килограми отпад. Според податоците […]

Егзистенцијалниот избор на Европа


Со години ја користев секоја можност да ја повикам Европската унија и нејзините земји-членки да инвестираат повеќе во одбраната. Кога рускиот претседател Владимир Путин ја започна својата целосна инвазија на Украина, постојано прашував (како член на Европскиот парламент) каков дополнителен доказ ни е потребен за да ги препознаеме заканите со кои се соочува цела Европа. […]

Ангеловска-Бежоска: Според ЕБРД, Извештајот има прогрес, но и потреба од зајакнување на структурните реформи за повисок животен стандард


Квалитетот на транзиција на нашата земја е над просекот на земјите од Западен Балкан со оценка 5,6 од можни 10, покажува Извештајот за транзиција (2024 – 2025) на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на чијашто презентација се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава, Фатих […]

Како да создадеме општество без чад од цигари и дали тоа е возможно? Еве што велат експертите


Во услови на зголемени глобални напори за ублажување на штетните ефекти од пушењето цигари, алтернативните производи без чад привлекоа значително внимание на научниците и креаторите на политиките. За време на глобалните медицински конференции одржани во 2024 година, многу експерти потврдија дека производите без чад содржат значително пониски нивоа на штетни супстанции во споредба со традиционалните […]

Дуња Иванова избори норма за Светското првенство во МТБ маратон


Македонската велосипедистка Дуња Иванова, членка на клубот ВК Енерџи, се искачи на 56. место на светската МТБ Маратон ранг-листа, каде се наоѓаат над 500 најдобри велосипедистки од целиот свет. Овој пласман ѝ овозможи на Иванова да обезбеди норма за настап на Светското првенство во МТБ Маратон, кое ќе се одржи од 30 август до 14 […]