Надзорна расправа за аерозагадувањето на собраниската Комисија за здравство


Собраниската Комисија за здравство денеска во 10:00 часот ќе одржи надзорна расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“. Како што информираат од собраниската прес-служба, на надзорната расправа, која ќе трае пет дена – на 20, 21, […]

Традиционална изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ во КИЦ – Скопје


Традиционалната изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ на која учествуваат студентите од четврта година на Факултетот за ликовни уметности – Скопје на Студиската програма за сликарство ќе биде отворена вечер во Култутно информативниот центар – Скопје. Оваа изложба е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, […]

Светски ден на пчелата


 Пчелите денес опрашуваат над 80 проценти од земјоделските култури и влијаат врз производството на околу една третина од храната на целата планета. Покрај фактот дека без пчели нема да има опрашување на културите од кои зависи исхраната на луѓето, нема да има ниту опрашување на дивите некултивирани растенија кои придонесуваат за зачувување на биодиверзитетот и […]

Зеленски: Ако Русија сака нашите војници да се повлечат од нашата земја, тоа значи дека не сака крај на војната


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е отворен за понатамошни преговори со Москва, но повтори дека украинските војници нема да се повлечат од териториите кои Русија ги анектираше. – Ако Русија постави услов нашите војници да се повлечат од нашата земја, тоа значи дека не сакаат примирје ниту крај на војната“, рече Зеленски вчера, откако […]

Седница на Уставен суд, на дневен ред одредби од Законот за животната средина


Уставниот суд денеска ќе ја одржи 10. седница. На дневен ред e предвидено да се дискутира по осум предмети за оценување на уставност и законитост и да се донесат одлуки за четири предмети.  На дневен ред е иницијатива поднесена од Центарот за истражување и информирање за животната средина „ЕКО СВЕСТ“, застапувани од Ана Чоловиќ-Лешовска, со […]

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа на Комисијата за локална самоуправа


Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа во второ читање е на дневен ред на собраниската Комисија за локална самоуправа. Со  измените се предлага преку референдум отповикување на градоначалник и воведување на т.н. комунална полиција на ниво на општина. Клучните измени се однесуваат на транспаретноста и отчетноста на градоначалниците, советите и службите […]

Јавна трибина со граѓаните на општина Ѓорче Петров за одговорно управување со био-отпадот


 Во Домот на културата на општина Ѓорче Петров, ќе се одржи јавна трибина/средба со граѓаните на тема: „Одговорно управување со био-отпадот – чекор поблиску до циркуларна економија“. Целта на трибината е да се отвори јавна дебата за тековните состојби и проблеми со кои се соочува општината во управувањето со био-отпадот од домаќинствата и да се […]

Дебата во Собранието „Иднината на демократијата во фрагментиран свет: Како да се зајакнат демократските институции?“


 Во Собранието денеска ќе биде одржана дебата на тема „Иднината на демократијата во фрагментиран свет: Како да се зајакнат демократските институции?“ и ќе го посетат учесници на Tретиот форум за културна дипломатија – Скопје 2025. Поздравни обраќања ќе имаат Африм Гаши, претседател на Собранието и Ѓорѓе Иванов, поранешен претседател на државата. Како што информираат од […]

Сончево и топло до 28 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена, […]

Половина од британските инвестиции во Западен Балкан се во Македонија, вели Лосон


Како историски момент во билатералните односи меѓу Британија и Македонија го оцени стратешкото партнерство меѓу Македонија и Велика Британија, британискиот амбасадор Метју Лосон. Тој потенцира дека околу половина од британските инвестиции во целиот Западен Балкан се во земјава, а оти договорот Влада со Влада ќе значи продлабочување на веќе воспоставеното економско и трговско партнерство. „Како […]

Со свечена академија Црвениот крст одбележа 80 години постоење


Под слоганот „Ние гледаме луѓе“, Црвениот крст вечерва со свечена академија одбележа 80 години постоење. Одбележувањето се одржа во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. На свечената академија присуствуваа претседателката Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерот за одбрана Владо […]

Скандал со поткуп од Хуавеј во Европскиот парламент


БРИСЕЛ – Белгиските власти побараа од Европскиот парламент да им ги одземе имунитетите на група пратеници на ЕУ за да можат да бидат истражени за нивната  вмешаност во скандалот со пари за влијание поврзан со кинеската технолошка фирма Хуавеј. Барањето, потврдено од четири претставници на ЕУ, доаѓа два месеци откако се појавија обвинувањата. Двајца функционери […]

Мајка на починато дете од Кочани гневна на тајни средби на Мицкоски со некои родители


  Мајка на починато дете од Кочани реагира на тајните средби на Мицкоски со дел од родителите на загинатите во трагедијата во Кочани. „Родителите се со име и презиме! Бараме сега јасно и гласно и јавно да се претстават пред сите нас родители на кои некрофилски ни забиваат не ножеви во грб, туку секири ни […]

Кремљ со друг став од оној на Трамп: Путин не се согласил за итно примирје


  Речиси двочасовниот телефонски разговор со Доналд Трамп не успеал да го убеди рускиот претседател Владимир Путин веднаш да прекине со огнот во Украина. Трамп го изразил ставот на САД за прекинот на огнот и примирјето, но Русија е подготвена за тоа само откако ќе се постигнат соодветните договори, рече Путин, зборувајќи со новинарите по […]

Мицкоски нема да поднесе кривична пријава за Османи за „продавање на македонскиот индентитет“


Премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно го обвинуваше ексминистерот за надворешни работи Бујар Османи за „продавање на македонскиот идентитет“ и велепредавство, сега одговори на новинарско прашање дали ќе покрене случај против него. Мицкоски рече дека тоа е работа на Обвинителството и дека тој нема намера лично да презема било какви чекори. „Ако некој треба да реагира, […]

Косовската претседателка Вјоса Османи доби смртна закана по електронска пошта


Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, на  електронска пошта на Претседателството добила смртна закана, за КосоваПрес  веста ја потврди советникот за медиуми на Претседателството, Беким Купина. „Заканата беше испратена на официјалната е-пошта на Претседателството“, изјави Купина за КосоваПрес. Станува збор за порака која на нејасен албански јазик испраќачот и се заканува со смрт на претседателката […]

Димитриеска-Кочоска: Првиот инвестициски циклус од британскиот заем ќе изнесува 2,2 милијарди евра и ќе трае пет години


Железничката инфраструктура и инвестиции во здравството, во износ од околу 2,2 милијарди евра, се два сигурни проекти од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во гостување во 360 Степени таа вели дека како Влада се многу внимателни во тој дел. Не одиме, нагласува таа, наеднаш и оптимистички […]

Двајца заменици-министри поднесоа оставки и застанаа зад Таравари


  По неколкуте пребези од крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари денеска доскорешниот министер за здравство доби поддршка со заминувањето на двајца заменици-министри. Оставки поднесоа заменик-министерот за земјоделство, Флакрон Беџети, и заменик-министерката за одбрана, Елфете Исмаили. Во објава на Фејсбук, во која ја приложува и потпишаната оставка, Безети напиша: „Ова беше 10-месечен период […]

Трамп најави итни преговори за примирје меѓу Русија и Украина по разговорот со Путин


  Доналд Трамп изјави дека неговиот разговор со Владимир Путин „поминал многу добро“ и дека Русија и Украина „веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот“. Во објава на Truth Social пред неколку моменти, Трамп додаде дека Ватикан изразил интерес да биде домаќин на преговорите. Потоа тој продолжи велејќи дека Русија „сака да прави трговија […]

Трамп ќе побара истрага за учеството на Спрингстин, Бијонсе и Опра во кампањата на Камала Харис


Критиките на Брус Спрингстин кон Доналд Трамп минатата недела се чини дека го разгореа американскиот tпретседател уште повеќе, бидејќи сега тој повикува на истрага за поддршката на суперѕвездите за Камала Харис за време на претседателската кампања. Еве што напиша Трамп на својата платформа „Трут соушал“: „КОЛКУ КАМАЛА ХАРИС МУ ПЛАТИ НА БРУС СПРИНГСТИН ЗА НЕГОВИОТ […]