Средба Димитриеска Кочоска – Болат, договорена интензивирана соработка во областа на царината


Македонија  и Турција ќе ја зајакнуваат економската соработка преку обезбедување поповолни услови за соработка. На средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со турскиот министер за трговија Омер Болат, соопшти денеска Министерството за финансии, договорена е соработка помеѓу царинските органи на двете земји, како и обновување на меѓусебните договори за заемна соработка, како и потпишување […]

Ворен Бафет им донесе на инвеститорите поврат од над 5.000.000 проценти. Овој човек ќе го замени


Оние кои го следат Беркшир Хатавеј долго време очекуваа дека ќе дојде денот кога легендарниот инвеститор и извршен директор Ворен Бафет ќе се повлече. Но, веста дојде неочекувано на годишното собрание на акционерите на Беркшир во саботата, бидејќи 94-годишниот Пророк од Омаха чекаше до крајот на настанот за да објави дека ќе се повлече на […]

Франција ги заострува критериумите за добивање државјанство


Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретајо денеска го презентираше новиот пропис, со заострени критериуми за натурализација на странците. – Француската националност и француското државјанство не се заснова само на потеклото, туку пред сè на чувството на припадност, наведе Ретајо. Тој истакна дека има три критериуми за добивање на француско државјанство. – Првиот услов изгледа […]

5 мај во историјата – Лансиран е парфемот „Шанел Бр. 5“


  На 5 мај 1921 година, датум од симболично значење за неговиот иконски творец, парфемот „Шанел бр. 5“ официјално дебитира во бутикот на Коко Шанел на улицата „Камбон“ во Париз. Новиот мирис веднаш направи револуција во индустријата за парфеми и остана популарен цел век. Габриел „Коко“ Шанел беше ќерка на продавач на облека, мајка ѝбеше […]

Аватар, обучен за бугарски јазик, ќе чита вести на Бугарското национално радио


БНР воведува вештачка интелигенција во своите програми. Од април, вестите на веб-страницата на јавното радио ги чита аватар обучен на бугарски јазик во виртуелно генерирано студио. Само една година откако БНР ја обучи вештачката интелигенција да ги чита вестите на јавниот медиумски портал со глас, тие веќе имаат свое дигитално лице. „Аватарот не ги чита […]

МОН: Стипендии за поттикнување средношколци да се запишуваат на студиски програми по македонски јазик


Заради стимулирање на учениците од IV година од средното образование за запишување на студиски програми по македонски јазик, Министерството за образование и наука за студиската 2025/2026 година ќе додели 15 стипендии на редовни студенти запишани студиски програми за изучување на македонскиот јазик во прва година на додипломски студии (прв циклус). Како што информира МОН, стипендијата […]

Жена била погодена од гром во градите. Планинската спасувачка служба објави фотографија


Како што покажува снимката од Чешката планинска служба, гром очигледно ја погодил жената во горниот дел од телото, предизвикувајќи ѝ изгореници. Мажот се пожалил на силна болка во лицето и оштетување на видот на едното око. Двајца германски туристи беа повредени во невремето што ги зафати во Чешка во саботата. Еден постар маж е префрлен […]

Конкурс за есеј за основците и средношколците по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот како службен јазик


По повод јубилејот 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик – 5 Мај, Министерството за образование и наука распиша Конкурс за есеј за учениците од основните и средните училишта. Во зависност од возраста и наставниот јазик, дадени се четири теми, а право на учество имаат сите ученици од четврто до деветто одделение […]

Дали Холивуд „умира“ и какво влијание ќе има планот на Трамп за царини?


  Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе воведе царини од 100 проценти за филмовите снимени во странски земји, додека ги заострува трговските спорови со земјите ширум светот. Трамп во објава на Truth Social изјави дека го овластува Министерството за трговија на САД и трговскиот претставник да го започнат процесот за воведување на данокот бидејќи […]

Путин: Западот не провоцира да употребиме нуклеарно оружје против Украина


Претседателот на Русија, Владимир Путин го обвини Западот дека се обидува да го испровоцира да употреби нуклеарно оружје против Украина. 0- Тие сакаа да нè провоцираат, сакаа да нè натераат да правиме грешки. Сепак, немаше потреба да се користи нуклеарно оружје. И се надевам дека ова нема да биде потребно ниту во иднина, изјави Путин […]

Трамп не знае дали треба да го почитува Уставот


 Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не знае дали треба да го почитува Уставот на земјата кога се работи за имиграциските прашања. Во синоќешното интервју за американската телевизиска мрежа „Ен-Би-Си“, на прашањето дали нелегалните мигранти имаат право на правна процедура според Петтиот амандман од Уставот – што гарантира фер судење за обвинетите – Трамп […]

Русија имаше рекордни загуби во 2024 во Украина


  Минатата година беше најсмртоносна за руските сили од почетокот на целосната војна во Украина: најмалку 45.287 луѓе беа убиени, јавува Би-Би-Си. Ова е речиси три пати повеќе отколку во првата година од инвазијата и значително ги надминува загубите од 2023 година, кога се одвиваше најдолгата и најсмртоносна битка во војната во Бахмут. На почетокот […]

„Смеј се и осмели се“: 14 претстави на програмата на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“


Девет претстави во официјална и пет во независна програма се селектирани за програмата на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе се одржи од 6 до 13 јуни. Фестивалот ќе се одржи под мотото „Смеј се и осмели се“. Уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска денеска ја објави програмата за претстојниот фестивал. Собранието на […]

Политички е одговорно Коцевски да ја заврши истрагата за Кочани, вели Сиљановска


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во врска со одлуката на владата за смена на републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека во моментов е најважно да се остави обвинителството да работи и да се справи со трагедијата која „ги засега сите граѓани“. „Мислам дека тоа е политички одговорно. Замислете ако вие после трагедија што цел живот ќе […]

Вучиќ се враќа в среда на своите работни обврски


Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се врати на своите работни обврски на 7 мај, по што во тој ден ќе има средби со рускиот и британскиот амбасадор, јавија српските медиуми. Во истиот ден – вечерта – српскиот претседател ќе и се обрати на граѓаните.  Вучиќ во саботата попладне беше примен на Военомедицинската академија (ВМА) во […]

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Д. и В.В., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. […]

ЗНМ ги додели наградите за најдобри фотографии по повод Светскиот ден на слободата на медиумите


По повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), со поддршка од Европската Унија, организираше изложба на новинарска фотографија под наслов „Медиумска слобода низ објективот: Моментите што зборуваат” и свечено ги додели наградите за најдобри фоторепортерски остварувања за 2024 година. На јавниот повик што го распиша ЗНМ […]

УНИЦЕФ: Седумдесет и три проценти од децата се подложени на насилна дисциплина во домот


 Седумдесет и три проценти од децата се подложени на насилна дисциплина во домот, а најдискриминираните деца се од ромската популација, е заклучок од денешната презентација на клучните наоди од Анализата на УНИЦЕФ за ситуацијата на децата и адолесцентите и на Заклучните согледувања на Комитетот за правата на детето, што се одржа во Собранието. Силвија Ќијаручи, […]

Премиерот тврди дека не се меша во истрагата за Кочани


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги отфрли обвинувањата на опозицијата за селективна истрага за трагедијата во Кочани и рече дека воопшто не се меша во работата на обвинителството. Исто како и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, тој рече дека „ќе има и такви политички структури кои на лешинарски начин ќе се обидат на трагедијата […]

Усвоени 61 амандман за законот за енергетика, не помина предлогот фактурите да се само според реално потрошена струја


Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика на денешната седница од поднесени 71 амандман, од кои два комисиски, на текстот на Предлог законот за енергетика, во второ читање, усвои 61 амандман по што го проследи законското решение на натамошна собраниска постапка. Во текот на расправата два амандмана беа повлечени од предлагачите, а најголем […]