Грчката Влада ја презентираше националната стратегија за справување со врсничко насилство и малолетничка деликвенција


Националната стратегија за справување со врсничко насилство и малолетничка деликвенција за периодот 2025-2030 година, што вклучува политики за заштита на децата, иницијативи за справување со зависноста од интернет, активности против училишното заплашување, денеска беше презентирана од надлежните министри од грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за 29 нови политики и 69 […]

ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ го деградираше македонскиот јазик, Заев тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти


ВМРО-ДПМНЕ реагираше на тврдењата на СДСМ  дека не се грижат за македонскиот јазик и не го почитуваат законот за него, оценувајќи дека токму тие како партија ги распродавале  националните интереси, историјата, културата, како и јазикот, за да сега глумат загриженост. -СДС се тие кои што за време на нивното седум годишно владеење направија се за […]

Мицкоски: Скандинавски управуваме со општините


Покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во Македонија да се менаџираат институциите без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба, вели премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи убеденост во, како што рече „историски голема победа на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ“.  -Поминува четвртата година […]

Сиљановска не гледа потреба од предвремени парламентарни избори


Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова цени дека нема потреба од одржување предвремени парламентарни избори доколку пратениците од крилото на Алијанса за Албанците што го поддржуваат Арбен Таравари излезат од владејачката коалиција. Говорејќи како професор, таа посочи дека дека предвремени избори се потребни во услови на парализирани институциите, кога истите не можат да функционираат или кога […]

Изложбата „Азбука“ на Сергеј Андреевски поставена во МАНУ (фото)


По повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, денес, во МАНУ , беше поставена изложбата „Азбука“ на македонскиот академски сликар Сергеј Андреевски.  „Изложбата е посветена на нашиот великан Конески. Блаже Конески е и А и Ш во нашето современо живеење. Тој ги постави темелите на современата македонска азбука. Беше близок и со моите родители. И […]

Институтот за македонски јазик најавува создавање корпус на македонскиот јазик


Продолжувањето на континуираното проучување на македонскиот јазик на сите рамништа, создавањето на корпус на македонскиот јазик и големиот наплив на англицизми беа издвоени како најголемите предизвици на денешниот настан по повод Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје. Проф. […]

Шесто издание на Скопскиот Градски Фестивал од 13 до 19 мај


Шестото издание на Скопскиот Градски Фестивал, што ќе се одржи од 13 до 19 мај, ја продолжува својата мисија да гради културна сцена со јасна уметничка визија и интегритет, преку програма што обединува музика, книжевност и визуелна уметност, спојувајќи домашни автори и изведувачи со уметници од Словенија, Грција и Европа. – Програмата не е составувана […]

Малолетнички во Аеродром нападнале 13-годишна познаничка и ѝ зеле пари


Во СВР Скопје, А.Л.(47) од Скопје пријавил дека на завчера околу 21.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговата 13-годишна ќерка била физички нападната од четири малолетнички кои ги познавала, кои притоа и одзеле пари и лични работи. За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат  мерки за расчистување на случајот.

Сиљановска: Македонскиот јазик повеќе се говори во дијаспората отколку во татковината


Поради масовното иселување на младите, во моментов македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората, отколку во татковината. Јазикот мораме да го заштитиме со доследно почитување на уставната норма, но и во дигиталната ера за да биде достапен за дијаспората и за идните поколенија, напомена претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Претседателката денеска е покровителка на Свечена академија […]

Израел може да го заземе целиот Појас Газа


Кабинетот за безбедност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху гласаше за интензивирање на офанзивата против палестинското екстремистичко движење Хамас во Појасот Газа сè додека териториите на енклавата не бидат целосно освоени, изјави денеска министерот Зеев Елкин. Претходно, израелската јавна телевизија Кан, повикувајќи се на израелски претставници запознаени со деталите од одлуката на кабинетот за безбедност, објави […]

СДСМ реагира: ВМРО-ДПМНЕ не го спроведува Законот за македонски јазик


Денеска одбележуваме 80 години од историскиот момент на кодификацијата на македонскиот јазик – темелна вредност на нашиот идентитет, култура и државност. Тоа е делото на Блаже Конески, но и многу други значајни великани. Им оддаваме почит и го пренесуваме амананетот за негова заштита, промоција и унапредување од генерација на генерација“, рече Маја Серафимовска Борозан од […]

Напливот на англискиот јазик му штети на македонскиот – ја менува дури и структурата


Англискиот јазик, неговата употреба, сѐ почестата употреба на англизми му штетат на македонскиот јазик, а се забележува и дека почнуваат да ја менуваат структурата, што според професорката Искра Пановска-Димкова е опасно. – Главниот предизвик со којшто се соочува македонскиот јазик е големиот наплив на англискиот јазик, со којшто ние тешко можеме да се справиме, затоа […]

Во ТИРЗ во Скопје ќе се произведува бела техника наменета за извоз


Новата милионска инвестиција со над 200 вработувања што ја најави вчера премиерот Христијан Мицкоски ќе се реализира во индустриската зона во Скопје. Треба да стартува за 10-12 дена, а се работи за производство на бела техника која целосно ќе биде наменета за извоз.  Како што рече денеска Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања во рамки на […]

Скок на извозот на руски гас во Европа во првите четири месеци од 2025.


Русија од јануари до април испорачала 5,76 милијарди кубни метри гас во Европа, што е за 13 проценти повеќе од минатата година, покажуваат податоците од Европската мрежа на оператори на системи за транспорт на гас (ENTSOG). Во април, испораките се забавија поради повисоките температури и рекордните испораки на течен гас во Европската Унија, наведуваат руските […]

Поевтинуваат горивата


ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалува за 1 денар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0, 50 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,113 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,042 денари за килограм, […]

Локалните избори ќе го забрзаат ребалансот на Буџетот


Поради локалните избори ребаланост на Буџетот годинава ќе биде нешто порано, кон крајот на јуни, наместо кон крајот на јули, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски. Причината е запазување на сите законски рокови и процедури, а потребата за ребаланс, тој ја објасни со проектите што ги поднесоа општините за финансирање проекти од вториот повик на Владата, […]

Тамара откри каква е состојбата на Панчо


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска која е добра пријателка со Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК, и со кое има снимено повеќе дуетски песни, на социјалните мрежи одговараше на прашања од своите фанови, па еден од нив ја праша дали има информации за неговата здравствена состојба, по пожарот во Кочани во дискотеката “Пулс”. “Панчо е фала […]

Се пресели тетовската пајак служба


Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ги информира граѓаните дека од денеска возилата кои ќе бидат подигнати од пајак-службата ќе се пренесуваат на новата локација, односно на просторот спроти Автобуската станица, а не во дворот на Територијалната противпожарна единица. Ова е простор на Општина Тетово, поточно на Претпријатието, кој значително ќе ја олесни работата не само на […]

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за април 2025 година. Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка, посочуваат од Министерството, ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или […]

Во Тетово се врши тестирање на 57 приватни специјализанти кои ќе се вработат во јавни здравствени установи


 Министерот за здравство Арбен Таравари, денеска на Медицинскиот факултет во Тетово го посети тестирањето на лекари кои специјализацијата ја поминале во приватни болници, а се пријавени за вработување во јавните здравствени установи. Според министерот, од 57 пријавени за тестирање, 43 се од Тетово, а 14 за Гостивар. – Да кажам дека со новата систематизација во […]