Европарламентот воспоставува Европски орден за заслуги


Брисел – По повод 75-годишнината од објавувањето на Шумановата декларација, Европскиот парламент донесе одлука да воспостави Европски орден за заслуги, како прво европско одликување од ваков вид што го доделува институција на ЕУ.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овој орден ќе им се доделува на поединци за достигнувања кои имаат значаен придонес […]

Земјава денеска ќе го преземе претседателството со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива


На маргините на десеттиот годишен форум на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР) што се одржува на островот Крит во рамките на грчкото претседателство, земјава денеска на свечена церемонија и официјално ќе го преземе следното претседавање со ЕУСАИР од домаќинот Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за прво претседателство откако земјата […]

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 […]

Германија ќе ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно


Берлин – Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина „колку и да трае тоа“, изјави вечерва германскиот канцелар Олаф Шолц, кој утре официјално треба да се повлече од функцијата. Во својот последен телефонски разговор како канцелар, Шолц разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, потврдувајќи ја „континуираната и непоколеблива солидарност на Германија со Украина“, соопшти неговиот […]

Студентите во Блокада во Белград бараат предвремени парламентарни избори


Белград – Студентите во блокада во Белград објавија дека бараат предвремени парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Белград. „Бараме итно распуштање на Народното собрание и распишување вонредни парламентарни избори во согласност со член 109 од Уставот на Република Србија“, објавија тие на социјалната мрежа X. Тие веруваат дека демократијата е единствениот правилен излез од […]

Премиерот на Романија, Чолаку поднесе оставка


Букурешт – Премиерот на Романија, Марсел Чолаку вчера поднесе оставка, еден ден по убедливата победа на крајната десница во првиот круг од претседателските извори и поразот на кандидатот поддржан од неговата Влада. – Со оглед на резултатите од гласањето, коалицијата формирана со либералите и партијата на унгарското малцинство повеќе нема легитимитет, наведе Чолаку. Социјалдемократот Чолаку […]

Вучиќ бил избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет


Сараево – Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бил принуден да ги напушти САД откако се обидел под лажен идентитет да присуствува на донаторска вечера на Републиканскиот национален комитет. Според Хелез, Вучиќ, кој го најавувал своето патување како можност за средба со американскиот претседател Доналд […]

Цената на златото повторно расте пред одлуката за каматните стапки


По значителниот пад минатата недела, цената на златото денес повторно нагло порасна. Во раните попладневни часови, унца злато од 31,1 грам се тргуваше за 3.320 долари. Сепак, тоа е сè уште далеку од рекордното високо ниво од нешто над 3.500 долари, кое беше достигнато кон крајот на април. Цената на златото падна минатата недела поради […]

Продажбата на „Тесла“ во Шпанија падна за 36 отсто во април


Продажбата на нови автомобили од марката „Тесла“ во Шпанија падна за 36 отсто во април, споредено со истиот месец минатата година, и изнесувала 571 возило, соопшти Шпанската асоцијација на производители на автомобили и камиони (АНФАК). Локалните медиуми посочуваат дека ваков пад е забележан низ цела Европа во првите четири месеци од годината – намалување од […]

САД им плаќа на илегалните мигранти да се самодепортираат


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека на илегалните имигранти кои доброволно ќе се вратат во татковината ќе им плати 1.000 долари, плус патни трошоци. – Доколку тука сте нелегално, самодепортацијата е најдобриот, најбезбедниот и најисплатливиот начин да ги напуштите САД и да избегнете апсење. Министерството за внатрешна безбедност им нуди на нелегалните […]

Намирници што може да се јадат без страв од дебелеење


Вашата исхрана е еден од најважните фактори за одржување на вашето здравје и благосостојба. Ако избегнувате ужинки помеѓу главните оброци од страв да не се здебелите, важно е да знаете дека постојат намирници што можете да ги консумирате без да се чувствувате виновни. Една од најдобрите опции се зеленчукови салати како зелка, спанаќ, брокула и […]

Бела куќа: Сè уште нема одлука за царини на странски филмови


Белата куќа денеска соопшти дека сè уште не е донесена конечна одлука за воведување нови царини на странски филмови. Портпаролот Куш Десај изјави дека администрацијата ги разгледува сите опции за исполнување на директивата на претседателот Доналд Трамп „да се направи Холивуд повторно голем“, пренесе Си-Ен-Ен. Трамп претходно најави дека ќе воведе 100 отсто царина на […]

Алкалоид ќе го пречека АЕК во „Борис Трајковски“


Ракометарите на Алкалоид во салата „Брис Трајковски“ во Скопје ќе му бидат домаќини на атински АЕК во реванш финалето во ЕХФ Европскиот Куп, објави попладнево актуелниот македонски вицешампион. Претходно денеска беше потврдено дека првиот натпревар во Атина ќе се игра во „Сунел арена“ во Атина со капацитет од 9.000 седишта. Првиот натпревар во Атина е […]

„Репелент“ против змии ќе се поставува во скопски Карпош


Во рамки на редовните пролетни активности, општина Карпош и оваа година има ангажирано овластена фирма која се занимава со поставување на „Репелент“, односно средство за превенција и заштита од змии, соопштија од општината.  – Со оглед на моменталните временски услови (бидејќи постојат услови за врнежи од дожд), надлежните информираат дека наскоро кога се очекува да […]

Сите 133 кардинали пристигнаа во Рим за конклавата за избор на нов папа


 Ватикан соопшти дека сите 133 кардинали помлади од 80 години, кои имаат право да учествуваат во изборот на нов папа, пристигнале во Рим пред конклавата што почнува в среда. Кардиналите ќе се соберат во Сикстинската капела во 16:30 часот за да започнат со гласањето, кое ќе трае додека еден од нив не добие двотретинско мнозинство […]

Средбата помеѓу Мицкоски и Таравари заврши, одлука нема


Средбата што започна денеска во 17 часот меѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари, кој е и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, заврши без конкретна одлука, но, како што информираат од Владата, во конструктивен дух. Од таму посочуваат дека разговорите ќе продолжат и во текот на овој месец, а […]

Америка станува најголем даночен рај во светот


Доналд Трамп брзо ги претвора Соединетите Американски Држави во најголем даночен рај во историјата. Само треба да се забележи мандатот на Министерството за финансии да се повлече од режимот на транспарентност што ги споделува вистинските идентитети на сопствениците на компаниите; повлекувањето на администрацијата од преговорите за воспоставување Рамковна конвенција на ОН за меѓународна даночна соработка; […]

Прилепските ученици со креативни активности за делото на Блаже Конески во Небрегово


По повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик и 80 години од создавањето на првата азбука, во организација на прилепскиот Завод и музеј, во Спомен домот на великанот Блаже Конески во Небрегово, денеска учениците од ОУ „Блаже Конески“ од Прилеп учествуваа во манифестација посветена на зачувување, негување и познавање на мајчиниот јазик и на големото […]

Осудени седуммина за закани кон уметничкиот директор на Игрите во Париз


 Француските судови денеска изрекоа парични глоби и условни затворски казни за седум лица обвинети за испраќање пораки на омраза до Томас Жоли, организаторот на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Сите седум лица, од кои само едно беше на сослушувањето, ќе мора да платат и едно евро отштета на уметничкиот […]

Фицо заплива во Дунав по шпекулациите за неговото здравје


Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива во Дунав и покрај студот, откако во медиумите се појавија шпекулации за неговото здравје. „Само вчера, новинарите беа „загрижени“ дали воопшто дишам и дали можам да се качам по скалите до мојата канцеларија… Затоа ги поканив утрово на насипот да се загреат и да пливаат. Чувствувам […]