Албанија со најголем број затвореници на 100 илјади жители во регионот


Во Албанија затворите се преполни, во споредба со поголемиот дел од Европа, објавија медиумите. Според последните податоци на Евростат, Албанија е на четвртото место во Европа по бројот на затвореници на 100.000 жители во 2023 година, со стапка од 182. Оваа бројка е значително повисока од просекот на Европската унија, кој изнесуваше 111 затвореници на […]

ПМФЛ: Вардар и Струга одиграа нерешено


Вардар одигра без голови против Струга на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во 31. коло од Првата лига. Двете екипи си поделија по еден бод во дуел без многу возбудувања. На 21 мај повторно ќе ги измерат силите во финалето во Купот на Македонија. Вардар има 39 бодови по 31 одиграно коло, додека Струга е на четвртата […]

Трговскиот дефицит на САД на највисоко ниво во последните повеќе од 30 години


Трговскиот дефицит на САД скокна во март на највисоко ниво откако Министерството за трговија почна да објавува податоци, што е одраз на порастот на увозот, бидејќи компаниите се обидуваат да ги надминат трошоците за новите царини. Увозот на стоки и услуги во САД се зголеми за 4,4 проценти во март во споредба со февруари и […]

Кој е кој во новата германска влада предводена од канцеларот Мерц


 Германија денеска доби нова влада предводена од канцеларот Фридрих Мерц, откако претседателот Франк-Валтер Штајнмајер ги именуваше 17-те министри на земјата, јави ДПА. Штајнмајер им додели сертификати за именување на министрите во палатата Белви, неговата официјална резиденција. Новата администрација, коалиција меѓу Христијанските демократи (ЦДУ) на Мерц, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и центро-левичарските Социјалдемократи (СПД), стапи на функција […]

Човечкиот развој забавува, но ВИ би можела да нè спаси, открива нова студија на ОН


Шеесет проценти од испитаниците во Програмата за развој на Обединетите нации изјавиле дека очекуваат вештачката интелигенција позитивно да влијае на нивното вработување, создавајќи можности на работни места што можеби денес дури и не постојат. Човечкиот развој стагнира, го забавува глобалниот напредок и го продлабочува јазот во еднаквоста, но вештачката интелигенција би можела да го спаси […]

На воената парада во Москва ќе присуствуваат 29 странски лидери


На воената парада на 9 мај во Москва по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија се очекува да присуствуваат 29 странски лидери, воени претставници од Кина и претставници од уште 12 држави, изјави денеска советникот на рускиот претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков. Тој додаде дека е предвидено рускиот претседател Владимир Путин да има […]

Измените на Законот за локална самоуправа поминаа на Влада, законското решение ќе важи за новите градоначалници


 Предлог-измените на Законот за локална самоуправа денеска поминаа на владина седница. Со нив, меѓу другото се предвидува референдумско отповикување на градоначалници, воведување на комунална полиција и поголемо учество на граѓанскиот сектор во носењето одлуки на локално ниво. Предлог-измените ќе бидат испратени во собраниска процедура и доколку бидат донесени до летово ќе важат за новите градоначалници […]

Невреме низ цела Србија – Уништен автомобил, блокиран сообраќај, паднат покрив


Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) издаде итно предупредување за интензивни врнежи од дожд со грмежи и град за подрачјето на Шумадија и јужен Банат. „Во следниот час во областа Шумадија (околина на Топола) ќе има локални интензивни врнежи од дожд со грмежи, краткотраен град и засилен ветер“, се наведува во соопштението за јавноста на РХМЗ. Истото […]

Извршители од граѓаните наплатиле 47 милиони евра, во најава нови законски измени


Заклучно со 2024, досега преку извршители се наплатени фантастични 2,1 милијарда евра. Годишниот извештај на Комората на извршители покажува дека лани од должниците, фирми, граѓани и држава, биле наплатени 160,6 милиони евра со 44,15 отсто реализација на извршните решенија, што претставува највисоко ниво од 2020 година. Во најава се нови законски измени кои треба да […]

Знае ли Министерството за култура кој е скопјанецот Јахја Кемал? 


Во македонската јавност и во турската заедница во Македонија предизвика шок одлуката на Министерството за култура да го одбие барањето на пратеникот Сали Мурати, од Движење на Турците на Македонија за правда и демократија, за основање национална установа под името на великанот на турската книжевност и дипломат Јахја Кемал Бејатли во Скопје (по кој е […]

Владата на Шпанија предлага општо намалување на работната недела на 37,5 часа


Владата на Шпанија денеска го утврди предлог-законот за општо намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа. Околу 12,5 милиони работници во приватниот сектор со полно и скратено работно време во приватниот сектор ќе имаат корист од намалувањето, за кое Министерството за труд очекува да се зголеми продуктивноста и да се намалат отсуствата од […]

Европската комисија има за цел да го забрани целиот увоз на руски гас до крајот на 2027 година


Европската комисија денеска ги откри плановите за запирање на целиот увоз на руски гас во Европската Унија до крајот на 2027 година, во обид да се стави крај на енергетската зависност на блокот од Москва. Забраната за нови договори и краткорочни испораки, треба да стапи на сила до крајот на 2025 година. Постојните долгорочни договори […]

Кадиров бара од Путин да го разреши


Чеченскиот диктатор Рамзан Кадиров побара од рускиот претседател Владимир Путин да поднесе оставка од функцијата шеф на Чеченската Република, изјави тој за рускиот државно контролиран медиум „Чеченија денес“ на 6 мај. Кадиров владее со Чеченија од 2007 година. Под негово водство, Чеченската Република стана позната како еден од најопасните делови во светот, озлогласена по присилните […]

Мерц избран за канцелар на Германија во втор обид


Новиот состав на германскиот Бундестаг го одржа своето второ гласање, на кое со мнозинство гласови го избра Фридрих Мерц (CDU) за нов канцелар на Германија. Првиот круг гласање, кој се одржа наутро беше шок за ЦДУ и СПД, бидејќи не успеаја да обезбедат минимум 316 гласови за назначување на Мерц. Во вториот круг од гласањето, […]

Велика Британија и Индија постигнаа „историски“ трговски договор по три години преговори


Велика Британија и Индија постигнаа долгоочекуван трговски договор, за кој министрите велат дека ќе додаде 4,8 милијарди фунти годишно (околу 5,76 милијарди евра) на британската економија до 2040 година. Договорот, финализиран денеска, по повеќе од три години преговори под различни влади, долго време се сметаше за една од најголемите придобивки од Брегзит, посочува Гардијан. Премиерот […]

Велика Британија и САД во преговори: Трамп „да го направи Холивуд повторно голем“


Тарифите за филмови ќе бидат дел од трговските преговори меѓу Велика Британија и Соединетите Американски Држави, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе тарифи од 100 проценти за филмови снимени во странски земји, јавува Би-би-си. Во неделата, Трамп изјави дека ќе воведе царини за филмови произведени во странство за да ѝ помогне […]

Кремљ најави средба на Путин и Вучиќ на 8 мај во Москва


 Српските медиуми јавија денеска дека рускиот претседател Владимир Путин на 9 мај ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ за низа билатерални прашања и ситуацијата на Западен Балкан. Тие пренесуваат изјава на помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков дадена за руски медиуми. Ушаков нагласил дека стратешката соработка меѓу Русија и Србија е заемно корисна. „Покрај […]

Апелација ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, прифатена гаранцијата во пари и имот и определени мерки за претпазливост


Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, осомничен во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, и ја преиначи одлуката на Кривичниот суд така што мерката „притвор“ се укинува со прифаќање на гаранција со ставање хипотека на имот во износ од 986 илјади евра и готовина во износ од 1,17 […]

ЕУ досега не доставила никаква формална понуда до САД околу царините


ЕУ досега нема доставено никаква формална понуда до САД за ништо, а во моментов само се разговара за областите за кои веруваме дека потенцијално би можеле да дојдеме до договор, изјави портпаролот на Европската комисија за економска безбедност, трговија и царини Олоф Гил во одговор на новинарско прашање поврзано со медиумски извештаи дека Унијата како […]

Ахмети не потврдува соработка со Таравари за изборите


Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во изјава за медиумите истакна дека неговата партија и „Европскиот фронт“ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори кои треба да се одржуваат во октомври годинава.  -Ова прашање сè уште не е дискутирано. Ќе бидат повикани сите партии од „Европскиот фронт“ и ќе […]