Без вода дел од булеварот „Јане Сандански“


 Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од булеварот „Јане Сандански“, односно парните броеви од 34 до 64. во Општина Аеродром. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Васко Каранѓелевски“ бр.38. Водоснабдувањето во овие населени места ќе биде прекинато до завршување […]

Мерц побара од администрацијата на Трамп да се држи понастрана од германската политика


Берлин – Новиот германски канцелар Фридрих Мерц синоќа ја повика администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да се „држи понастрана“ од внатрешната политика на Германија, откако неколку американски функционери ѝ дадоа поддршка на крајно десничарската партија АфД. Најавувајќи дека утре ќе го има својот прв телефонски разговор со американскиот претседател Трамп, новиот германски лидер изјави […]

Почна исплатата на првиот дел од субвенциите за спортот


Министерството за спорт информира дека почна исплатата на првиот дел од субвенциите од Владата и Министерството за спорт за поддршка на спортот за 2025 година, во висина од 440 милиони денари. Средствата се распределени на спортските федерации, спортските клубови, активни спортисти во индивидуалните спортови и други правни лица кои имаат решение за вршење дејност спорт […]

Во Министерството за енергетика потпишување на договорот за изградба на интерконекторот со Грција


Во Министерството за енергетика денеска ќе биде потпишан договорот за изградба на гасоводот за интерконекција на Северна Македонија и Грција.  Македонскиот дел од гасоводот треба да биде во должина од 67 километар и да се поврзе со грчката страна каде градежните активности ги работи компанијата „Терна“. Вкупната должина на целиот гасовод е 123 километри и […]

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во посета на земјата


 Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Тој ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести по што ќе следи тет-а-тет средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според агендата, планирано е состанок да одржат двете делегации по што за во 11:20 часот е најавена прес-конференција на двајцата претседатели.  За време […]

Облачно со пороен локален дожд и грмежи


Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 14, а […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 7 мај 2025 година, 126-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 239 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 22 минути, а ќе зајде во 19 часот и 39 минути. Денов трае 14 часа и 17 минути.  Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, […]

Индија го нападна Пакистан, веднаш следуваше контранапад (видео)


Индија со ракети погоди три локации во Пакистан, изјави портпарол на пакистанската војска. Според Ројтерс, имало извештаи за интензивно гранатирање и силни експлозии во пограничните области на Кашмир контролиран од Пакистан. Индиската влада соопшти дека нејзините сили ја започнале операцијата Синдор, чија цел биле „терористички упоришта“ во Пакистан и пакистанскиот дел од Кашмир „од каде […]

Фудбалска драма: Интер избори финале во ЛШ во невиден спектакл против Барселона (видео)


Првиот финалист на Лигата на шампионите оваа сезона е Интер, кој во спектакуларен реванш ја победи Барселона со 4:3 по продолженија и се пласираше понатаму со вкупен резултат од 7:6. Интер водеше со 2:0 со головите на Лаутаро Мартинез (21) и Хакан Чалханоглу (45-11м), но Барселона го сврти резултатот во второто полувреме со головите на […]

Кос: Србија има историска можност да се приклучи кон Европската Унија


Брисел – Европската комисија останува цврсто посветена на поддршката на Србија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, но пристапувањето е повеќе од технички процес, бидејќи тоа е одлука да се прифати иднина која е вкоренета во демократијата, достоинството и споделената одговорност, што може да се направи само преку процес што го опфаќа целото општество, порача […]

Владата одобри поддршка на млади до 5.000 евра


На седница на Влада денеска, беше разгледана информацијата за носење на Предлог-програма за финансиска поддршка на проекти од областа на младите на младинските организации, организациите за млади и младински чадор организации за 2025 година преку министерството за социјална политика, демографија и млади. Преку Министерството ќе се дадат грантови за проекти од областа на младите, на […]

Сиљановска-Давкова со поддршка за активностите на „Support Kocani“ и подготвеност за покровителство на проекти од значење за градот


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претставници на неформалната група на млади „Support Kocani“. -Навраќајќи се на страотниот пожар на 16 март, тие манифестираа решеност заедно да направат сé што можат за да им помогнат на семејствата на починатитите, на повредените и нивните блиски, но и на градот Кочани за да се надминат тешките […]

Кос: Подготвени сме за соработка со Турција, но и таа мора да покаже дека е подготвена да сработува со ЕУ


Брисел – И покрај постојаните изјави на Турција дека пристапувањето кон ЕУ останува нејзина стратешка цел, ваквите зборови не се придружени со видлив напредок, особено кога станува збор за основните слободи и владеењето на правото, истакна вечерва еврокомесарката за проширување Марта Кос во дебатата во Европскиот парламент за извештајот на ЕП за Турција за 2023 […]

Два фактори ќе го разликуваат преклопливиот iPhone од неговите конкуренти


Се очекува првиот преклопен iPhone на Apple да биде претставен на есен 2026 година, или во септември. Очигледно, ќе има две предности во однос на конкуренцијата. Овој уред ќе ја носи титулата iPhone од највисока класа, што значи дека нема да биде само паралелна серија со алтернативен дизајн. За да се издвои од своите конкуренти, […]

Литванија му забрани на Вучиќ да лета до Москва преку нејзина територија


 Литванските власти официјално го забранија летот на српскиот авион до Москва со кој требаше да патува српскиот претседател Александар Вучиќ, објави порталот „Новости.рс“. Истата вест се појави и на други портали. „Новости“ објави дека литванските власти ја оправдале забраната за летот на авионот во кој би бил Вучиќ со „техничка и дипломатска чувствителност“. Вучиќ најави […]

САД блиску до голем број нови трговски договори, најави министерот Бесент


 Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави пред Конгресот дека САД би можеле да постигнат трговски договори со најголем дел од своите клучни партнери до крајот на годинава. – Околу 97 или 98 отсто од нашиот трговски дефицит се поврзани со само 15 земји. Би се изненадил ако не постигнеме најмалку 80 до 90 отсто […]

Канада никогаш нема да биде на продажба: Канадскиот премиер Карни ја отфрла идејата на Трамп


Канадскиот премиер Марк Карни ја посети Белата куќа во вторникот на своите први разговори со Доналд Трамп и отворено му рече на американскиот претседател дека Канада никогаш нема да биде на продажба. Карни победи на изборите на 28 април со ветување дека ќе му се спротивстави на Трамп, кој воведе царини за некои канадски производи […]

Варшава дозволи прелет на Фицо, но остро го осуди патувањето во Москва


Полското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека дозволило на авионот со словачкиот премиер Роберт Фицо да го прелета полскиот воздушен простор на пат кон Москва, каде што ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата. „Бидејќи немаше формални меѓународно-правни пречки, полската страна издаде дозвола за лет“, се наведува во соопштението. Сепак, Полска остро реагираше […]

Средба на Мицкоски со лидерите на Вреди вечерва во Владата


Вечерва во Владата се одржува средба на премеирот и лидер на владејачката ВРМО-ДПМНЕ и претставниците на коалицијата Вреди (Влен). Засега нема информација за темите за кои ќе се разговара на состанокот, но средбата доаѓа по најновите случувања во коалицијата Вреди, откако претседателот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, најави дека на следните локални […]

Калас: За иднината на Гренланд треба да одлучуваат Гренланѓаните


Секоја одлука за иднината на Гренланд треба да ја донесе гренладскиот народ, затоа што единствениот начин да се одржи глобалниот поредок базиран на правила е целосно почитување на принципите на суверенитет, територијален интегритет и неповредливост на границите, порача вечерва високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во обраќањето пред европратениците […]