Пожар во стан во Кичево, загина жена


На 07.05.2025 во 23.32 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули“ во Кичево, сопственост на З.С.(72) од Кичево. Од здобиените повреди во пожарот, на местото починала сопственичката З.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кичево и јавен обвинител […]

„Таа пишува“ – нова поетска книга на Санде Стојчевски


Излезе од печат книгата „Таа пишува“ на македонскиот поет, критичар, есеист и антологичар Санде Стојчевски, во издание на Здружението за уметност „Дијалог“ од Скопје. Станува збор за критичко-есеистичка книга во која авторот се фокусира на делата на триесетина домашни и светски писателки кои со своите остварувања оставиле впечатливи траги во развојните процеси на литературата. -Македонскиот […]

Анкета: Повеќе од две третини од жителите на Белград се незадоволни од состојбата во главниот град


Повеќе од две третини од жителите на Белград, или 69 отсто, се незадоволни од состојбата во главниот град на Србија, покажува анкета на Центарот за локална самоуправа. Анкетата во која учествуваа 13.231 лица беше спроведена онлајн од 22 април до 2 мај. Меѓу анкетираните, 9.125 изјавиле дека се незадоволни од моменталната состојба во Белград, соопшти […]

ДЗР: Нема стручен кадар и простории за да се искористи современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра


 Недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра, покажува конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Искористеност на современата медицинска опрема“, што денеска го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР).  Иако во изминатите три години е постигнат напредок во […]

(Видео) Полски европратеник полуде: Погледнете што направи со знамето на Европската Унија


За време на посетата на државна институција во Катовице, Полска, Гжегож Браун го забележал знамето на Европската Унија во ходникот. На контроверзниот екстремно десничарски полски европратеник Гжегож Браун, кој се кандидира за претседател на Полска на претстојните избори, во вторник му беше одземен пратеничкиот имунитет. Полските власти отворија кривична постапка против Браун во врска со […]

Капитенот на ПСЖ: Знам колку боли пораз во финалето на ЛШ и ќе се обидам да им го пренесам тоа искуство на моите соиграчи


 Капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос, беше категоричен дека францускиот тим има големи амбиции. Парижаните се квалификуваа за финалето на Лигата на шампионите откако во полуфиналето го победија англискиот тим Арсенал. -Работиме чекор по чекор. Свесни сме каков турнир е Лигата на шампионите. Сакавме да одиме далеку и сега сме во финалето. Како што реков […]

Рајс по поразот на Арсенал во полуфиналето на Лигата на шампионите: Дадовме апсолутно сè на овој турнир


Играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс, го пофали голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, за неговите интервенции во двата полуфинални натпревари меѓу двата тима. ПСЖ го доби реваншот со 2-1 и се квалификуваше за финалето на Лигата на шампионите со вкупен резултат од 3-1. – Доминиравме на почетокот и ако еден од тие моменти […]

Општина Берово и годинава се вклучува во активноста Генералка Викенд 2025


 Општина Берово и годинава се вклучува во активноста Генералка Викенд 2025. Во акцијата ќе се чисти на повеќе локации во Берово, а целта е да се  собере што е можно повеќе отпад, кој потоа ќе се носи до најблиската Пакомак или локална станица за отпад. – Општина Берово, Мен енд Маунтен, ЗЕЛС, Пивара Скопје, Нула […]

Во сабота на Школка ќе се слави Денот на Европа


По повод Денот на Европа, во сабота, на Школка, Градски парк, Скопје, ќе се одржи настанот „Европа низ детските очи“, со почеток во 11 часот. Настанот е во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, и претставува едукативно-забавен перформанс посветен на децата, со пораки за пријателство, заедништво и европски вредности. Централната програма […]

Парите им чукаат на врата: Четири хороскопски знаци очекуваат голема заработка


Дали сте меѓу нив? Близнаци Влегувањето на Венера покрај Марс во вашата втора куќа ви носи бонуси, но и дополнителна заработка. Со помош на личност под знакот Рак можете да заработите многу пари, а конечно сте се стабилизирале финансиски во однос на почетокот на годината. Овен Нагласеното второ поле ви носи многу можности за заработка, […]

Црниот лимон е нов хит во кулинарството


Дали сте слушнале за „црн лимон“ – сува, кафеава топка која всушност наликува на многу старо, збрчкано овошје и воопшто не е привлечно на прв поглед? Тоа е всушност сушена лимета која секојдневно се користи како зачин во јадењата на земјите од Блискиот Исток и Персискиот залив. Сепак, овој необичен производ се повеќе се користи […]

Модно дружење на Luisa Spagnoli во „Рамстор мол“


Вчера,  7 мај, продавницата на Luisa Spagnoli во Ramstore Mall беше домаќин на ексклузивниот Bloom Brunch, пролетно модно дружење посветено на новата летна колекција. Во соработка со The Dude Specialty Coffee, настанот понуди утринско кафе и здрав brunch во пријатна атмосфера збогатена со свежо цвеќе и софистициран стил. Гостите уживаа во откривање на колекцијата која […]

Каде се наоѓа Кашмир и зошто е толку важен?


Кашмир, хималајски регион на северот на индискиот потконтинент, повеќе од седумдесет години е едно од најнестабилните жаришта во светот. Од стекнувањето независност од британската империја во 1947 година, Индија и Пакистан водеа повеќе војни и конфликти, речиси сите поради правото на Кашмир, кој обете земји го присвојуваат. По поделбата на Британска Индија на мнозинско хиндуистичка […]

Првата линија од „Градски воз” до крајот на годинава, во финална фаза тендерот за 120 електрични автобуси


Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски очекува првата линија на „Градскиот воз”  Зелениково – Драчево – Кисела Вода – Аеродром – Центар (Нова железничка станица) да биде во функција до крајот на годинава. Се работи, како што рече синоќа, за голема инвестиција од  педесетина милиони евра за сите три предвидени градски линии. -На владина […]

Отворање на новата детска градинка „Пролет“


 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска ќе ја отвори новата детска градинка „Пролет“, изградена по најсовремени стандарди, најавуваат од Општината. Градинката се наоѓа на улицата „Мирче Ацев“ бр. 102 во населбата Пролет, а нејзината изградба започна во 2022 година и е целосно финансирана од буџетот на Општина Центар.

Под слоганот „Храна за душа“ почнува Саемот на книга


Под слоганот „Храна за душа“, од денеска до 14 мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи 37. издание на Саемот на книга. Најавени се над 65 издавачки куќи и повеќе од 110 промоции и средби со автори.  Саемот ќе ги отвори вратите за посетителите денеска во 10 часот, а официјалното отворање ќе […]

Експерт од Италија одржа специјализирана обука за млади едриличари и судии во Охрид


Во периодот од 1-ви до 4-ти мај, Охрид беше домаќин на Луиџи Бертини, еден од најреномираните светски судии и тренери во едриличарскиот спорт. Неговата посета се реализираше на покана на Едриличарската Федерација на Северна Македонија, во рамки на иницијатива за унапредување на квалитетот и стручноста на судиите и натпреварувачите во овој спорт. Бертини, кој е […]

„Дамар на слободата“ со пијанистите Грговска и Бафтијари во Филхармонија


„Дамар на слободата“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток со почеток во 20 часот на кој како солисти ќе настапат двајца исклучителни македонски пијанисти – Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтијари. На програмата се „Свечена увертира“ од Дмитри Шостакович, Концертот за две пијана и оркестар во де-мол од Франсис Пуланк и „Енигма варијации“ […]