Рајс по поразот на Арсенал во полуфиналето на Лигата на шампионите: Дадовме апсолутно сè на овој турнир


Играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс, го пофали голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, за неговите интервенции во двата полуфинални натпревари меѓу двата тима.

ПСЖ го доби реваншот со 2-1 и се квалификуваше за финалето на Лигата на шампионите со вкупен резултат од 3-1.

– Доминиравме на почетокот и ако еден од тие моменти беше реализиран во првите 15-20 минути, текот на натпреварот ќе беше поинаков. Ова се малите работи во фудбалот. Очигледно, вака требаше да се случи. Дадовме апсолутно сè на овој турнир. Можевме да постигнеме три или четири гола во два натпревари, но Донарума беше неверојатен, рече Рајс по натпреварот.

ПСЖ ќе се соочи со Интер во финалето на Лигата на шампионите, откако ја победи Барселона во полуфиналето. Натпреварот ќе се одржи во Минхен на 31 мај.