Родителите на настраданите од Кочани бараат чесна истрага, ќе одат и во Стразбур!


Родителите на трагично починатите деца во несреќата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани  испратија писмена изјава до јавноста со барање за целосна правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции.   „Оваа трагедија ја карактеризираме како масовно убиство и тешко загрозување на човековите животи и безбедноста, и бараме надлежните институции да […]

Во време на дигитални лавини, книгата останува тивок, но моќен отпор, вели Љутков (фото)


Книгата е продолжение на нашата колективна свест. Книгата е и отпор против заборавот, крвоток на културата, столб на демократијата и учител кој никогаш не заминува во пензија. Во време на дигитални лавини, наслови што трепкаат, информации што исчезнуваат побрзо отколку што се појавиле, книгата останува тивок, но моќен отпор. Таа не нè преплавува – таа […]

Тамара ја маѓепса публиката на IBU Spring Festival во Скопје


Меѓународниот Балкански Универзитет (IBU) во Скопје беше полн со музика и радост кога македонската поп-ѕвезда Тамара Тодевска ја презеде сцената за спектакуларен концерт, кој се одржа во рамките на IBU Spring Festival. На настанот присуствуваше ентузијастична публика составена од студенти, академски и административен персонал, како и љубители на музика од целиот регион. Концертот, кој се […]

Дурмиши ќе ги чека извештаите од инспекциите, после ќе размислува за можни мерки


Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат се на терен за да утврдат дали трговците, дистрибутерите или производителите имаат девијантно  однесување, односно дали има зголемување на цените на прехранбените производи. Доколку се утврди зголемување на цените на производите во тој случај ќе се преземат поригорозни мерки, истакна на денешната прес-конференција министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. […]

Ова е новото „Југо“ (фото, видео)


Само неколку месеци по најавата за големото враќање на „Југо“, во кое малкумина веруваа, доаѓа конечната потврда за датумот на премиерата и почетокот на производството. Како што е познато, новото „Југо“ во голема мера ќе се потпира на оригиналниот „Југо“, мал и евтин компактен автомобил кој остана во производство речиси три децении, сè до 2008 […]

Реализиран првиот сертификациски лет од новиот меѓународен аеродром во Валона


Тирана – На Меѓународниот аеродром Валона, (VLO), денеска беше реализиран првиот сертификациски лет, со што и официјално е ставен во функција овој аеродром, кој, како што оценуваат надлежните, ќе биде порта кон Јужна Албанија и порта за развој на туризмот. По слетувањето на авионот, на церемонијата на која присуствуваше премиерот Еди Рама, вицепремиерката и министерка […]

Ако се упатувате на одмор кон Грција, внимавајте да не добиете непријатно изненадување


Строгите правила во Грција ги изненадија туристите – казна до три месеци затвор и 350 евра! Еве што друго треба да знаете за летувањето во 2025 година. Дали планирате одмор во Грција во 2025 година? Погрижете се да не добиете непријатно изненадување! Оваа година, популарната медитеранска дестинација воведе построги правила за туристите – особено оние […]

Акциите на производителот на „Рафал“ паѓаат, оние на кинеските авиони за Пакистан растат


Француската компанија „Дасо Авиејшн“, производителот на борбениот авион „Рафал“, забележа пад на акциите за 3,3 проценти за два дена откако Пакистан соопшти дека соборил неколку индиски воени авиони, вклучувајќи и еден „Рафал“, за време на неодамнешната прекугранична ескалација. Вредноста на акциите на францускиот гигант падна од 331,2 евра (373,8 долари) во вторник на 320,2 евра […]

Муцунски пак ја искара ЕУ, бара да стави крај на билатерализацијата


Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја изрецитира денес во Варшава, пред состанокот на ЕУ со министри од Западен Балкан, познатата позиција на неговата партија за прием на Македонија во ЕУ. Практично тој повторно ја искара ЕУ што дозволува нејзини членки да поставуваат услови за земјите кандидати и  даде задача – конечно да го реши […]

Поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ – Охрид делел плати за прекувремено без евиденција


СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“- Скопје, Подрачно одделение Охрид, во периодот од 2022 година до август 2024 година, не воспоставил прецизен интерен протокол за реализација на прекувремената работа, при […]

Голем дефект ги остави без вода болницата „Св. Наум Охридски“ и ГТЦ


Голем дефект на водоводната мрежа на улицата „Филип Втори“, пред хотелот „Холидеј ин“, утрово остави дел од центарот на градот без вода. Од 9 часот, без водоснабдување се Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, Градскиот трговски центар, како и објектите на потегот од Собранието до хотелот „Холидеј ин“, вклучувајќи ги и улиците Кеј „13 Ноември“, […]

Тимоти Шаламе и Кајли Џенер прв пат заедно на црвениот килим во Рим


Рим – Тимоти Шаламе ја доби италијанската награда „Давид ди Донатело“ за извонредни достигнувања во кинематографијата на 70. издание на доделувањето на овие награди вчеравечер во студиото „Синесита“ (Cinecittá) во Рим. Наградениот глумец го истакна филмот „Викај ме со твоето име“ на италијанскиот режисер Лука Гвадањино како врв на својата кариера. – Лука е, веројатно, […]

Економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција во фокусот на Самитот „Македонија2025“ што почнува в понеделник


Забрзување на економскиот раст, дигитални политики и иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на економскиот потенцијал на земјава со паметни инвестиции, примена на вештачката интелигенција, враќање на инвестициите и улогата на дијаспората во националниот раст, ќе бидат во фокусот на претстојниот Самит „Македонија 2025“, што ќе почне в понеделник. Економски експерти, директори на тинк-тенкови, […]

Дејвид Атенбороу со нов документарец го одбележува својот 99. роденден


Лондон – Сер Дејвид Атенбороу го претставува, како што вели, еден од најважните филмови во својата кариера, додека навлегува во 100-та година од животот. На премиерата на документарниот филм „Океан“, во британската Кралска фестивалска сала, ќе има, наместо црвен – син тепих. Се очекува да присуствуваат голем број познати личности, меѓу кои и поп-ѕвездата Крис […]

На барање на Турција блокиран профилот на уапсениот градоначалник на Истанбул на мрежата Икс


Пристапот до профилот на социјалната мрежа Икс на затворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, е блокиран во Турција, објави денеска платформата за следење на цензурата на интернет, што е најнов потег против клучниот ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган.  Како што објави Еј-Би-Си Њуз, според Engelli Web, веб-страница на интернет која следи и известува за […]

Дајана Рос се врати на Мет Гала како кралица- ги извезе имињата на децата и внуците на тоалетата 


Дајана Рос позираше на ретки фотографии со целото нејзино семејство, славејќи ја нејзината неодамнешна почит кон нејзините пет деца и осум внуци. Во понеделник, 5 мај, пејачката на „Upside Down”, 81, пристигна на Мет Гала 2025 во тоалета со  олгиот „шлеп“. Но, „шлепот“ со пердуви  – кој ги обвиваше скалите и бараше шест помагачи – […]

Отворена градинка „Пролет“ во Општина Центар


Во населба Пролет во Општина Центар денеска беше отворен објект „Пролет“ на градинката „Раде Јовчевски-Корчагин“ во кој во модерни услови се згрижени 173 деца. Објектот кој се градеше неполни три години се простира на 3200 квадратни метри.   Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на отворањето истакна дека „Пролет“ е најубава градинка во целиот регион, […]

Се скусува листата на лидери што ќе му дојдат на Путин на парадата


Откажувања во „последниот час“ ќе го расипат славењето на Владимир Путин  во Москва, каде што  се во полн ек подготовките за воената парада по повод 9 мај. Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев е мешу тие што ја откажаа посетата на Москва, а истото го стори и претседателот на Лаос, Тонглун Сисулит. Одбивање  дојде и од Индија, […]

СДСМ денес ќе поднесе во Собрание предлог за помош на настраданите во Кочани


Предлог-законот за семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани денеска ќе го поднесеме во Собрание, вели лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче. Законот, како што вели Филипче, предвидува финансиски надоместок за семејствата кои изгубиле членови, покривање на трошоците за лекување, како и поволности за децата кои губат настава. „Изготвивме предлог-закон […]

„Гидионовиот јазол“- нова премиера на Драмски на 9 мај


Претставата „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски Попова, на 9 мај, од 20 часот, е втората премиера што се реализира од  Годишната програма за драмска дејност за 2025 година. Претставата е работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург е Викторија Рангелова – Петровска, инспициент Гоце Бојчев, а суфлер Жаклина Цветковска. Улогите ги играат актерите: […]