Горан Бреговиќ прогласен за персона нон грата во оваа европска земја


На легендарниот музичар Горан Бреговиќ му е забранет влез во Латвија, потврди министерот за внатрешни работи на таа европска земја. Легендарниот музичар Горан Бреговиќ е ставен на листата на непожелни лица во Латвија, изјави министерот за внатрешни работи Рихардс Козловскис (Ново Единство) за латвиската телевизија на 29 април. Ова значи дека Бреговиќ ќе мора да […]

Татјана Димитровска нема намера да поднесе оставка на чело на Антикорупциска


  По повеќедневен молк додека во јавноста беснееше бура поради нејзината осомниченост во истрагата за случајот „Адитив“ претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, се огласи во јавноста со соопштение во кое жали за компромитирачката комуникација, но нема ни збор дека би можела да поднесе оставка. Таа објаснува како дошло до комуникацијата […]

Американската економија падна за 0,3 отсто – данок на трговските војни на Трамп


  Американската економија се намали за 0,3% од јануари до март, што е прв пад за три години. Тоа беше забавено од порастот на увозот, бидејќи компаниите во Соединетите Држави се обидоа да внесат странска стока пред Трамп да воведе огромни царини. Експанзијата од јануари до март беше најбавна за речиси три години и се […]

Вреди прави пратеничка група без пратениците на Таравари


Беким Ќоку ќе биде новиот координатор на пратеничката група на Вреди со која досега раководеше Халил Снопче од Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, најавил за „Слободен печат“ висок функционер на Вреди. Со тоа расколот во Вреди веќе се рефлектира и во Собранието и очекувањата се дека ќе се формира нова пратеничка група на АА […]

Општина Чаир добива 8,7 милиони евра за инфраструктурни проекти


 Општина Чаир ja презентира[e програмата на инфраструктурни проекти планирани за 2025 година, кои се дел од финансиската поддршка распределена од Владата за единиците на локалната самоуправа. Беше истакнато дека вкупната вредност на инфраструктурните проекти за 2025 година изнесува околу 8.7 милиони евра, додека проектите кои веќе се во реализација во населбите Дижон, Саат Кула и […]

Осумнаесет општински службеници во Истанбул завршија во затвор


Турски суд осуди 18 општински службеници во Истанбул под обвинение за корупција, продолжувајќи ја репресијата против опозицијата која го затвори градоначалникот Екрем Имамоглу. Имамоглу, главен политички ривал на претседателот Таип Ердоган и лидер на изборите, беше затворен во март во исчекување на судење по обвиненијата за корупција. Тој се соочува и со обвиненија за помагање […]

Украина прогласи победа во клучната битка за Покровск


  Обидот на Русија да го освои источноукраинскиот град Покровск е е „неуспех“, вели Украинскиот центар за безбедност и соработка, по месеци жестоки борби и бавно напредување на Русија околу градот. Русија долго време се обидува да го освои Покровск, но наместо директно да го нападнат градот, руските сили маневрираат јужно од него и напредуваат […]

ВМРО-ДПМНЕ нема да гo поддржи предлог-законот на СДСМ за Кочани


ВМРО-ДПМНЕ нема да гo поддржи специјалниот предлог-закон на СДСМ кој, како што најави партискиот лидер Филипче треба да обезбеди финансиска и институционална поддршка за семејствата погодени од трагедијата во Кочани. Според пратеникот Бојан Стојановски, владејачкото мнозинство ќе ги дуплира или трикратно ќе ги зголеми средствата кои што Владата ги одвоила за сите општини со цел […]

Заеднички настан на Македонска берза и ЕБРД „Финансирајте се пазарно!“


Македонската берза и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) согласно неодамна потпишаниот Меморандум за соработка, а заради промовирање на можностите за финансирање на компаниите преку пазарот на капитал и за зајакнување на врската помеѓу домашниот корпоративен сектор, финансиските посредници и инвеститорите организираа настан под мотото „Финансирајте се пазарно!“.    Во воведното излагање, Главниот извршен […]

Успешно заврши 17. „Лидер проект“ на Македонија2025 – врвна бизнис обука за млади лидери и претприемачи


Со финални презентации на иновативни бизнис-идеи и нетворкинг настан со алумни-заедницата, успешно заврши седумнаесеттото издание на „Лидер Проектот“ – врвна бизнис обука организирана од Македонија2025, наменета за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од целата земја. Програмата се реализираше во соработка со реномираната бизнис-школа „Ричард Ајви“ од Канада и се темели на најдобрите глобални практики […]

30 април во историјата – Падот на Сајгон и крајот на Виетнамската војна


  Виетнамската војна, конфликт што траеше од 1955 до 1975 година, заврши со драматичниот пад на Сајгон, главниот град на Јужен Виетнам, на 30 април 1975 година. Овој настан го означи крајот на долгата борба меѓу комунистичкиот Северен Виетнам, поддржан од Советскиот Сојуз и Кина, и Јужен Виетнам, поддржан од Соединетите Американски Држави. Победата на […]

Данците ја бојкотираат Кока-Кола и се свртуваат кон домашните брендови газирани пијалаци


Данските потрошувачи ја бојкотираат Кока-Кола во знак на протест против политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, објави дистрибутерот Карлсберг. „Продажбата на Кока-Кола малку се намали во Данска. Постои одреден бојкот на американските брендови и тоа е единствениот пазар каде што го забележуваме тоа во голема мера“, рече извршниот директор на Карлсберг, Јакоб Аруп-Андерсен. Заканите на […]

М6 Едукативен центар, австриската Амбасада и AdvantageAustria со иницијатива за јакнење на соработката помеѓу австриската и македонска бизнис заедница


Развој на нови деловни можности, проширување на постојните економски врски и јакнење на стратешкиот дијалог меѓу деловните заедници на двете земји беа во фокусот на настанот кој се одржа во организација на М6 Едукативен центар и Амбасадата на Република Австрија во Скопје, заедно со канцеларијата на Австриската стопанска комора (AdvantageAustria). На настанот присуствуваа претставници на […]

КСС нема да учествува на утрешниот протест, смета дека има добар социјален дијалог


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) нема да учествува на утрешниот синдикален протест по повод 1 Мај. Смета дека во земјава има добар социјален дијалог и организирано синдикално движење, како и дека проблемите секогаш се решаваат на маса. Според претседателот на КСС, Благоја Ралповски, и без репрезентативни синдикати, на ниво на грански синдикати се разговарало со […]

Нова канцеларија на управни служби на МВР во Демир Капија, побрзи и подостапни услуги за секој граѓанин


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Демир Капија присуствуваше на отворање на нова канцеларија на управните служби на министерството за внатрешни работи. „Оваа е петта локација по ред отворена со цел да овозможиме полесен и побрз пристап на граѓаните до услугите на министерството за внатрешни работи. Канцеларијата располага со базна станица за сликање […]

Првпат доделување субвенции за велосипеди и уреди за затоплување во Општина Ѓорче Петров


Советот на Општина Ѓорче Петров донесе одлука за доделување субвенции на жителите за набавка на нови велосипеди и енергетски ефикасни уреди за затоплување во 2025 година. За првпат, општината издвојува средства во износ од 500.000 денари за субвенционирање на дел од трошоците за купен велосипед, во висина до 3.000 денари по лице. Истовремено, обезбедени се […]

Трамп и триумфот на технолордовите


Неолиберализмот не беше ниту нов, ниту особено либерален кога преовлада пред 50 години. Неговата голема предност беше неговото остро отстапување од класичниот либерализам. Иако им оддаваше почит на либералните мислители, неолиберализмот не го делеше ниту нивниот метод ниту нивниот концепт за пазарот. Денес, ние сме на прагот на уште една, подеднакво длабока, идеолошка иновација. За […]

Ниту останатите членови на ДКСК не сметаат дека треба да дадат оставка


Не се чувствуваме повикани да поднесеме оставки за постапки што се водат за индивидуална одговорност – вели заменик-претседателката и членка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Каракашова-Шулев, во врска со повиците за оставки на членовите на ДКСК откако претседателката на Комисијата. Татјана Димитровска, се најде меѓу осомничените за случајот „Адитив“.Во однос на […]

Борис Грданоски од „Независен“ награден за најдобра фотографија на „Факти и дезинформации за климатските промени“


Во Европска куќа во Скопје денеска беа доделени наградите за најдобри новинарски стории и фотографија на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“. Првата награда за најдобар новинарски текст „Аерозагадувањето во Македонија одзема 5.000 животи годишно како да сме во војна“ од страна на авторките Сунчица Николовска од МРТ, Мирјана Мирчевска Јовановиќ од Канал 5 […]

СДСМ подготвува закон за поддршка на семејствата погодени од несреќата во Кочани


Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на која се дискутираше за повеќе теми поврзани со актуелната политичко-економска ситуација во земјата, беа донесени неколку заклучоци но и одлуки за подготовките на партијата за претстојните локални избори. СДСМ јА започна постапката за утврдување на кандидатите на СДСМ за советници и градоначалници на претстојните локални избори. Во таа […]