Непрооден локалниот пат Горно Лисиче – Долно Лисиче и првиот мост во Батинци


Непроодни се локалниот пат село Горно Лисиче кон село Долно Лисиче и првиот мост во село Батинци, соопшти денеска АМСМ.  Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез […]

ЕУ длабоко загрижена поради ситуацијата во Турција


 Еврокомесарката за проширување Марта Кос синоќа изрази „длабока загриженост“ на Европската Унија поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, и соопшти дека ги откажува планираните посети на Турција поради случувањата таму. – Апсењето на избран функционер и водечки претставник на опозицијата веднаш откако ја објави својата кандидатура за претседател на државата отвора фундаментални прашања. […]

Републиканците освоија уште две места во Конгресот на вонредните избори во Флорида


 Републиканците Џими Патронус и Ренди Фајн победија на синоќешните вонредни избори во два окрузи на Флорида за да ги пополнат испразнетите места во Конгресот. Патронус, финансискиот шеф на државата, успеа да го победи кандидатот на Демократската партија. Тој ќе го пополни местото во првиот округ на северозападна Флорида, што беше празно од поранешниот конгресмен Мет […]

Стилот е твој. Приказната е заедничка.Моден викенд Скопје од 25 до 27 април


Модата отсекогаш била повеќе од крој и текстура. Таа е културна изјава, средство за комуникација, рефлексија на времето. На јубилејното 30-то издание на Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank, модата не е само изложена – таа се живее. Оваа година, под слоганот „Community“, FWSK 30 ја става заедницата во центарот на својата визија. Ова не […]

Во Србија почнуваат консултациите за формирање нова влада


 Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска почнува со консултации за формирање нова влада, и за првиот ден се закажани разговори со претставници на четири изборни листи, јави дописникот на МИА од Белград. За днеска се чекуваат разговори со претставниците на листата „Руска партија – Слободан Николиќ“, „Сојуз на Војводински Унгарци (СВМ)“, „Усаме Зукорлиќ – Обединети за […]

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, ќе сведочи обвинетиот Влатко Кешишев


Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска од 10 часот во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев. На минатото рочиште  беше сослушуван обвинетиот Боре Видевски кој ги негираше исказите дадени од Обвинителството посочувајќи дека нема никаква поврзаност со убиствата на Вања и Панче. Претходно, беше сослушан обвинетиот Велибор Манев кој […]

Советот на јавни обвинители треба да го разгледа предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски


 Советот на јавни обвинители денеска на седница треба да го разгледа предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Предлогот е втора точка на дневен ред на 22. седница, која досега два пати се одложува. Првично беше закажана за 18 март, но беше одложена поради седумдневната жалост по трагедијата во Кочани, а минатата недела, […]

Се очекува Филипче да соопшти повеќе детали за лидерската средба, партиите чекаат детали по што ќе заземат став


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска се очекува на прес-конференција да ги соопшти деталите за лидерската средба што ја побара минатата недела. Партиите ја чекаат поканата од Филипче и да ги слушнат деталите за лидерската средба по што ќе се знае каков став ќе заземат по ова прашање. Лидерот на СДСМ на Донаторската вечер за […]

Демократска кандидатка освои место во Врховниот суд во Висконсин


Кандидатката на демократите за Врховниот суд во Висконсин вчера го победи противникот поддржан од претседателот Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск, обезбедувајќи либерално мнозинство во институцијата најмалку уште три години. Сузан Крафорд, судија на округот Дејн, која водела правни битки за заштита на правата на синдикатите и абортусот, а исто така се спротивставува на барањата […]

Стартува новата авиолинија од Париз до Скопје на компанијата „Изиџет“


 На Меѓународниот аеродром во Скопје утринава ќе слета авион на нискобуџетната компанија „Изиџет“ со што официјално ќе биде означен почетокот на новата авиолинија од аеродромот „Орли“ кој се наоѓа на дваесетина километри од центарот на Париз.  Од ТАВ Македонија велат дека со оваа нова авиолинија, патниците на скопскиот аеродром ќе имаат бенефит да патуваат на […]

Апелациониот суд Скопје ќе одржи јавна седница за случајот „Ласкарци“


 Апелациониот суд Скопје денеска и утре со почеток во 9 часот ќе одржи јавна седница за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во 2019 година во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени. Во пресудата, што беше објавена лани во јануари, обвинетите беа прогласени за виновни и добија […]

Битка за повисока минимална плата: ССМ ќе одржи јавна седница пред Собранието


Сојузот на синдикати на Македонија денеска пред законодавниот дом ќе одржи јавна седница на највисоките тела на Синдикатот по што ќе се упати кон Стопанската комора на Македонија и кон Владата. Со ваквиот чекор, синдикатот ќе изрази незадоволство од одлуката минималната плата да се зголеми 1.800 денари без таа да помине на Економско-социјалниот совет што, […]

Струја ќе немаат делови од Аеродром, Зелениково и Сопиште, без вода дел од Карпош


Без вода во текот на денешниот ден ќе останат корисници од општина Карпош, струја ќе немаат делови од општините Аеродром, Зелениково и Сопиште, информираше Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Според известување од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, денеска ќе се санира дефект на водоводна мрежа на улицата „Копенхагенска“, крстосница со „Стокхолмска“ […]

Продолжува периодот на облачно време со повремен дожд


Времето во текот на денешниот ден се очекува да биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 11 […]

Нема веќе пиротехника во затворен простор: Донесени измените во Законот за прекршоци


Собранието на Северна Македонија, по двонеделна пауза, синоќа пред полноќ донесе девет закони по скратена постапка. Со 83 гласови „за“ и еден „против“ беа донесени измените на Законот за прекршоци против јавниот ред по скратена постапка, со којшто се забранува употреба на пиротехника во затворен простор. Со предложениот Закон, за кој не беа поднесени амандмани, […]

Зелен хумнан град: Институциите се слуги на крупниот капитал


Зелен хуман град порача дека институциите се слуги на крупниот капитал и дека Државниот пазарен инспекторат не си ја работи или ја ззлоупотребува улогата што му е дадена.   -Државниот инспекторат за животна средина – институцијата што во отруена и масакрирана Македонија би требало да чувствува најголема одговорност и да биде најголем сојузник на граѓаните – […]

Според градоначалникот на Крива Паланка инспекторите ја штителе фирмата место граѓаните околу цијанидот


Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во денешната дебата на ТВ24 зборуваше за случајот со рудникот „Тораница” и институционалното постапување поврзано со еколошкиот инцидент и загадувањето на Крива Река со цијанид и други опасни токсични материи.  „Ако имавме држава, Тоневски ќе беше на обвинителна клупа, а не да дебатира со мене на медиум. Мојата одлука […]

Милошоски незадоволен од министерувањето на Филков


Министерот за правда Игор Филков има слаби перформанси и слаб придонес во областа, оцени во ТОП Тема на Телма, Антонио Милошоски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и потпретседатеч на Собранието. Филков е министер од редовите на ЗНАМ, најмалиот коалиционен партнер во владата предводена пд ВМРО-ДПМНЕ. -Ова е мој личен став. Јас сметам дека министерот за правда има […]

ВМРО-ДПМНЕ не дава да се формира анкетна комисија за Кочани, барањето било „противуставно“


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вечерва изјави дека се уште нема официјално барање за лидерската средба што ја иницира претседателот на СДСМ, Венко Филипче и дека ваквата средба тој ја гледа како начин за факторизација на лидерот на опозицијата.  – Ирелевантно е местото на кое што би се одржало нешто такво. Она […]

Мексиканската влада формира специјална единица за борба против нарко-картелите


 Министерството за безбедност на Мексико формира единица за специјални операции која би се  борела против нарко-картелите, шест години откако поранешниот претседател на Мексико ја распушти федералната полиција и таа одговорност целосно ја предаде на војската. Претседателката Клаудија Шајнбаум веќе сигнализираше подготвеност да се откаже од често критикуваната стратегија „прегратки, а не куршуми“ на поранешниот претседател […]