Стартуваше авиолинијата Скопје-Париз (Орли), летови со „Изиџет“ секоја среда и сабота


Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Орли во Париз од денеска се поврзани со директна авиолинија што ќе ја опслужува нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ двапати неделно, секоја среда и сабота. Првиот лет на авиокомпанијата „Изиџет“ од аеродромот „Орли“ беше пречекан утринавата во осум часот на Скопскиот аеродром.  Новата авиолинија е воведена како резултат на финансиската подршка од […]

Високи водостои на сите реки низ државава


 Според утринските податоци од хидролошките станици, високи се водостоите на сите реки низ државава, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на информации од Управата за хидрометеоролошки работи. – Поради обилните врнежи од дожд, во текот на вчерашниот ден регистрирани се локални излевања на река Маркова на неколку места по течението на […]

Посебен режим на сообраќај во дел од Скопје поради излевањето на Маркова река


 Поради обилните врнежи од дожд на територија на град Скопје и излевањето на Маркова река, сѐ уште е затворен за сообраќај во двете насоки локалниот пат село Горно Лисиче – село Долно Лисиче, како и влезот за село Батинци во двете насоки. Од  тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен […]

We Pretend It’s a City – звукот на Битола на винил


Во време кога градовите често се репродуцираат според туѓи матрици, Битола останува својствена – тивка, но гласна на свој начин. Градот со свој ритам, енергија и творечки набој конечно добива звучна слика што може да се допре – на плоча.  We Pretend It’s a City – Bitola е првиот компилациски винил албум што ја документира […]

Почнува фестивалот за литература и општа култура „Видик“


Од денеска до 16-ти овој месец ќе се одржува второто издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик“ во организација на „Литература.мк“.  Оваа културна манифестација годинава ќе има и хуманитарен карактер, односно средствата од продадените билети за музичките и театарските настани ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани. Организаторот најавува […]

Арсовска објаснува кој е надлежен за Маркова Река


Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски надлежноста за одржување на одводните канали и коритото на реката Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина и просторно планирање.  Градот Скопје нема никаква надлежност за постапување на […]

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Крива Паланка


Во Крушево наврнал воден талог од 36 литри на квадратен метар изминатите 24 часа, до седум часот, информираат утрово од Управата за хидрометеоролошки работи. Триесет и два литри на квадратен метар во Маврови Анови, 29 на Попова Шапка, 21 – Демир Капија, 14 – Тетово, Пожаране, Гевгелија, Кавадарци, 13 – Битола, Велес, 12 – Пожар-Радовиш, […]

Додадете го ова во вашето утринско кафе секој ден: ќе го забрзате метаболизмот и ќе ја видите разликата во килограми


Нутриционистите откриваат два од најдобрите зачини за кафе кои можат да ви помогнат да ги ослободите вишокот килограми. Кафето е повеќе од утринско засилување на енергијата. Правилно збогатен, може да помогне да се забрза метаболизмот. Шери Бергер, диететичар и консултант за исхрана во Consumer Health Digest и Лиза Ричардс, диететичар, споделуваат начини како да го […]

Здружение за заштита на потрошувачи во Србија повикува на месечен бојкот на трговски синџир


 Српското здружение за заштита на потрошувачите „Ефектива“ повика на обновен бојкот на трговскиот синџир Макси (Мaxi) поради високите цени, а идејата е бојкотот да трае цел април. „Борбата за пониски цени на храната е во тек. Не влегувајте, не купувајте“, порачаа од Ефектива во објавата на социјалната мрежа Х. Според нив, доколку Maкси ги намали […]

Поранешни светски лидери ја повикуваат ЕУ да го задржи својот став за климатските прашања


Група поранешни светски лидери ја повикуваат Европа да ги продолжи своите еколошки политики дури и кога трговските војни и трошоците за одбрана имаат предност пред климатските грижи, изјави  поранешната ирска претседателка Мери Робинсон. „Постарите“, група формирана од поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела, се очекува да се сретне со претставници на ЕУ и НАТО кон крајот […]

Реал прв финалист во шпанскиот куп


Реал Мадрид синоќа одигра 4:4 со Реал Сосиедад и се пласираше во финалето на Купот на Кралот. Победникот од двомечот беше решен по продолженија, откако основните 90 минути завршија со резултат 4:3 за Реал Сосиедад. Головите за домашниот тим ги постигнаа Ендрик (30.минута), Белингам (82), Чуамени (86) и Рудигер (115), додека за Сосиедад погодија Андер […]

Трамп денеска воведува нови царини: Дали „златната ера“ за САД, ќе предизвика глобално затемнување


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе започне, како што ја нарекува, „мајката на сите трговски битки“, со воведување нови царини кои, според него, ќе означат почеток на „златната ера“ за САД, но кои, според аналитичарите, можат да предизвикаат потреси во глобалната економија. Трамп вчера, според неговата портпаролка Каролајн Левит, бил „фокусиран на финализирање“ на планот, […]

На 65 години почина холивудскиот актер Вал Килмер


Вал Килмер, еден од најпознатите холивудски актери, почина на 65-годишна возраст од воспаление на белите дробови, откако претходно му беше дијагностициран рак на грлото. Актерот се соочуваше со оваа болест од 2014 година, но по третман со хемотерапија и операција на душникот, успеа да се опорави, иако тоа значително му ги намали гласовните способности. Роден […]

Последен ден од акцијата за отплата на долгови на рати без пресметка на камата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје


 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска завршува акцијата за отплата на долговите на рати без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Оваа акција почна на 17 февруари 2025 година. – Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати […]

Чкрипи ли во владејачката коалиција: Пратеникот Милошоски против министерот Игор Филков


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски синоќа му даде лоша оцена на министерот за правда Игор Филков, велејќи дека има слаб придонес во областа со која раководи. На ова министерот Филков возврати кон Милошоски нарекувајчи го „Кусурот на Груевски, познат под прекарот ‘Џуџето од Небрегово’“. Дали е ова најавува дека нешто чкрипи […]

Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром, непроодни патот Горно Лисиче – Долно Лисиче и првиот мост во Батинци


Поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови дојдено е до зголемување на нивото на Маркова Река поради што е излеана преку мостот кај населененото место Љубош и низводно и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани, Батинци и делови кон Пинтија. Како што […]

Елисејска палата: Данска ќе купи неколку стотици ракети Мистрал 3 од Франција


Франција ќе и испорача на Данска неколку стотици ракети земја-воздух Мистрал 3 според договорот постигнат вчера за време на државната посета на кралот Фредерик Десетти на Париз, објави Елисејската палата. Данска, која неодамна одвои дополнителен буџет од речиси 7 милијарди евра за својата одбрана, најави и купување 130 фински оклопни транспортери „Патрија“ за 254 милиони […]

Повеќе од 20 лица загинаа во експлозија и пожар во магацин за огномет во Индија


 Најмалку 21 лице загина во експлозија проследена со пожар во голем магацин за огномет во Западна Индија. Шест лица се повредени во експлозијата што се случи во државата Гуџарат, објави агенцијата ПТИ и други индиски медиуми, повикувајќи се на локалните власти. Повеќето од жртвите биле работници во зградата.  Соопштено е дека во магацинот можеби нелегално […]

Украински дронови погодија станбени згради во Русија, прогласена вонредна состојба во Таганрог


Две лица се полесно повредени во напад на украински беспилотни летала во текот на ноќта во Таганрог во руската област Ростов, а пожар избувнал во една станбена зграда, изјави вршителот на должноста гувернер Јуриј Сљусар. Според него, пожарите биле брзо изгаснати. Претходно беше соопштено дека во нападот биле оштетени две станбени згради, а 85 лица […]

Град Скопје: Одржувањето на одводните канали и коритото на Маркова Река е во надлежност на Општина Студеничани и МЖСПП


Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски надлежноста за одржување на одводните канали и коритото на реката Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина и просторно планирање.  Градот Скопје нема никаква надлежност за постапување на […]