Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти


 Поради обилните врнежи од дожд, Маркова Река се излеа во село Батинци, предизвикувајќи поплави на улиците и дел од домовите. Надлежните служби се на терен и работат на враќање на реката во нејзиното корито, додека локалните власти уверуваат дека нема опасност за населението. Градоначалникот на Студеничани, Азем Садики, вели дека состојбата се санира, во моментов […]

Белата куќа потврди дека Трамп утре ќе воведе царини


 Белата куќа денеска потврди дека претседателот Доналд Трамп ќе воведе нови царини, иако не го откри обемот и силата на овие мерки, кои компаниите, потрошувачите и инвеститорите ширум светот нестрпливо ги очекуваат од засилената глобална трговска војна.  Трамп со недели наназад го најавуваше 2 април како „Ден на ослободувањето“, кога ќе се воведат нови царини […]

Општините ќе помогнат во поставување хидранти, но потоа ќе бидат безмилосни


Преку ребаланс на буџетот, Кисела Вода ќе субвенционира поставување хидратантска мрежа во зградите, најави во  Тема на денот претседателот на ЗЕЛС и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, но рече, потоа ќе бидат безмилосни, за оној што нема да го спроведе она што треба да биде спроведено. Тој ја образложи работата на ЗЕЛС во […]

Се излеа Маркова Река, поплави по улиците во Батинци


Попладнево поради обилните врнежи од дожд се излеа Маркова река. поради обилното количество на вода, излеана е раката и предизвикани се поплави на улиците и дел од домовите, објави ТВ21. Во моментов на терен е и механизација која се обидува да го ја врати реката во речното корито. Од УХМР вчера најавија дека особено источните делови […]

Симеоне има амбициозен план, сака да го ангажира Фернандез од Челзи


Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изнесе амбициозен план за летниот преоден рок, сакајќи да го доведе аргентинскиот играч за врска на Челзи, Енцо Фернандез (24), објавија денеска британските медиуми, повикувајќи се на шпански извори. Аргентинскиот интернационалец беше најскапото засилување во историјата на Челзи, кој на Бенфика ѝ плати отштета од 120 милиони евра во […]

Кавадарци со повик до земјоделците да пријават штети кај овошки од ниски температури


Општина Кавадарци денеска упати јавен повик до земјоделците да пријават штети кај овошки од ниски температури. Се работи за оштетувања од ниски утрински температури што го зафатија регионот пред неколку дена, а земјоделците се пожалија дека имаат штети кај дрвцата праски, кајсии и бадеми. – Се повикуваат граѓаните на Општина Кавадарци кои имаат претрпено материјална […]

„Балет на Украина“ настапи во Шведска и Финска. Се испостави дека тоа биле Руси


Балет-група која тврди дека ја претставува Украина ги обиколувала Шведска и Финска под лажен идентитет, мамејќи ја публиката и наводно пренасочувала пари во Русија, дознава шведскиот медиум СВТ. Истрагата на шведските и финските медиуми откри дека компанијата зад таканаречениот „Балет на Украина“ е регистрирана во Москва, а приходите од настапите завршуваат на сметки поврзани со […]

Отворена нова истрага против Марин Ле Пен – за закани кон судии


Париз – Француските власти покренаа нова истрага против Марин Ле Пен, лидерката на десничарската партија Национален собир, која еден ден претходно беше прогласена за виновна за проневера на средства од Европскиот парламент. Овој пат Ле Пен е осомничена за „закани кон судии“, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на судски извор. „Покрената е нова истрага по упатените […]

Нема хидранти во тетовските училишта – директорите се жалат дека немаат пари


Општинскиот инспекторат во Тетово констатирал дека нема противпожарни хидранти во неколку училишта. Засега нема преземени чекори за надминување на состојбата, а училиштата сè уште не го добиле извештајот. Директорите се жалат и на недостиг на пари. „Не добивме официјален извештај што забележале и што недостига, но во разговор со нив ги увидовме недостатоците и почнавме […]

Без вода утре дел од Карпош, струја ќе немаат делови од Аеродром, Зелениково и Сопиште


 Без вода во текот на утрешниот ден ќе останат корисници од општина Карпош, додека струја ќе немаат делови од општините Аеродром, Зелениково и Сопиште, соопшти вечерва Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Според известување од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, утре ќе се санира дефект на водоводна мрежа на улицата „Копенхагенска“, крстосница […]

Берзите во неизвесност во пресрет на „Денот на ослободувањето“ на Трамп 


Американските акции денеска поминаа уште еден несигурен ден на тргување, при што неизвесноста е сè уште висока за тоа што претседателот Доналд Трамп ќе објави за царините на неговиот „Ден на ослободувањето“ што доаѓа во среда. S&P 500 порасна за 0,3% во пладневното тргување, откако се врати од раниот пад од 1%. Dow Jones Industrial […]

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради протест


СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (02.04.2025) во 12.05 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Трасата на движење ќе започне пред Работнички дом (зграда на ССМ) на ул. „Мирче Ацев“ кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ во продолжение по ул. […]

Започна процесот на воведување „Договори за разлика“, нов модел за инвестиции во обновливи извори на енергија


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го започна процесот за воведување на механизмот „Договори за разлика“ (Contract-for-Difference – CfD) како нов модел за поддршка на инвестициите во обновливи извори на енергија. Моделот CfD, веќе докажан низ ЕУ, велат од МЕРМС, ќе ги забрза […]

Големо мнозинство Европејци поддржуваат одмазднички царини против САД


Големо мнозинство од западните Европејци поддржуваат одмазднички тарифи против САД доколку американскиот претседател Доналд Трамп воведе огромни увозни давачки за главните трговски партнери, покажува ново истражување, а пренесува Гардијан. Трамп се очекува утре да воведе низа царини кои се разликуваат од земја до земја, нешто што тој го нарече „Ден на ослободувањето“. Американскиот претседател, исто […]

Димитрија Доксевски е новиот директор на ИФФК „Браќа Манаки“


Актерот Димитрија Доксевски на денешното свечено Собрание на Друштвото на филмски работници (ДФРМ)  е избран за нов директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Според статутот на ДФРМ, мандатот на Димитрија Доксевски важи за следните две изданија на фестивалот. Димитрија Доксевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на […]

Русија спроведува нова мобилизација, најголема во последните 14 години


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетна мобилизација, со кој се наредува да се повикаат 160.000 граѓани на воена служба во периодот од 1 април до 15 јули, што е најголем број регрути во Русија од 2011 година. Пролетниот повик за една година воена служба доаѓа неколку месеци откако Путин рече дека Русија треба […]

Бардела ја нарече „тиранија на судиите“ пресудата за Ле Пен


Претседателот на француската крајнодесничарска партија Национален собир (РН) денеска ја осуди „тиранијата на судиите“ по пресудата против лидерката на крајната десница Марин Ле Пен, но ги осуди и „заканите и навредите“ упатени кон нив. Марин Ле Пен вчера беше прогласена за виновна за злоупотреба на фондови на ЕУ и осудена на петгодишна забрана за вршење […]

ДУИ ја поднесе иницијативата за формирање анкетна комисија за Кочани


Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши информираа дека од страна на 16 пратеници од „Европски фронт“ поднесена е иницијатива за формирање на Анкетна комисија за истражување на селективен и едностран пристап на правосудниот систем во третманот на трагедијата во Кочани. Оттаму појаснуваат дека предлог за основање на Анкетна комисија можат да поднесат најмалку […]

Амбасадата на САД апелира да се почитуваат визите, во спротовно ќе има депортација


Американската Амбасада во Скопје апелира носителите на визи да ги следат американските закони и правила. – Скринингот на визите за САД не престанува по издавањето на визата. Ние постојано ги проверуваме носителите на виза за да утврдиме дали ги следат сите американски закони и правила и ако не ги следат ќе им ги укинеме визите […]

На денешната владина седница помина оставката на градоначалникот Папазов


На денешната владина седница поминала оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов кој ја поднесе оставката по пожарот во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени. Информацијата за МИА ја потврдија од Владата.  Папазов заедно со двајцата поранешни градоначалници на Кочани беше приведен и одреден му е притвор, додека останатите […]