Саниран мостот надвозник пред Визбегово, паѓале камења од него


Санирано е оштетувањето на мостот надвозник пред Визбегово, Скопје, откако граѓани пријавиле до Центарот за управување со кризи на 112. На мостот воедно била пукната и водоводна цевка, но по пријавата на совесни граѓани, штетите се санирани.   – На Единствениот телефонскиот број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера доцна попладне (по 17.00 часот), од […]

Син на поранешен градоначалник пукал со оружје, го објавиле на социјални мрежи


МВР објави дека 51-годишен жител на селото Црнилиште е приведен поради пукање од оружје, чија сцена беше споделена на социјалната мрежа Фејсбук. Станува збор  поранешниот градоначалник на Долнени чиј син со пушка и со пиштол пукал среде населено место. МВР ја спроведе акцијата по видеото кое од синоќа стана вирално на социјалните мрежи, а на […]

Трамп стави царина и на лименките, настрадаа пиварниците


БРИСЕЛ – Доналд Трамп можеби не пие пиво, но оваа недела им го отежна тоа на многу луѓе. Пивото се појави оддеднаш на списокот на производи поврзани со алуминиум кои сега потенцијално подлежат на американска увозна такса од 25 проценти. Овој потег, закопан во бирократски анекс и дел од пошироката трговска војна што ја покрена […]

Германија стравува дека не и се сигурни златните резерви во САД


Политичари во Германија се загрижени дека она што со децении се сметаше за едно од најсигурните складишта во светот за резервите со злато можеби и не е толку сигурно. Германија ги  има вторите по големина златни резерви во светот и чува 37 отсто од нив – околу 1.236 метрички тони, во вредност од 113 милијарди […]

САД ги укинаа сите издадени визи за државјаните на Јужен Судан


Американската влада објави дека ги укинува сите американски визи издадени на граѓаните на Јужен Судан. Причината е неисполнетата заложба на преодната влада на Јужен Судан да ги прифати назад граѓаните на земјата што ги врати Вашингтон. Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека администрацијата е подготвена да ја разгледа таа одлука штом Јужен Судан му […]

Протест во Париз против пресудата за Ле Пен


Француската крајнодесничарска партија на Марин Ле Пен повика на протестен митинг во Париз денеска, откако судот и забрани да се кандидира на следните претседателски избори во Франција.Партијата Национален митинг очекува меѓу 8.000 и 10.000 учесници, објавија медиумите, повикувајќи се на партиски претставници. За денеска се планирани и две контрадемонстрации. Француската левичарска партија „Непоклонета Франција“ и […]

Стармер и Макрон за царините на САД: Ништо не треба да се исклучи


Трговска војна не е во ничиј интерес, но ништо не треба да се исклучи сега, се договорија синоќа британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон, откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови царини, објави британската влада. Стармер и Макрон разговарале по телефон, а францускиот претседател инсистирал на неопходна координација меѓу земјите од Европската […]

Кина ги повика САД на „рамноправни консултации“ за царините


Кина вчера го повика Вашингтон на „рамноправни консултации“ за царините, откако глобалните пазари потонаа како одговор на трговските царини на американскиот претседател Доналд Трамп што предизвикаа кинеска одмазда. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун на својата Фејсбук страница објави фотографија на која се гледа падот на американските пазари во петокот. -Пазарот проговори. […]

Денес Таравари ќе пресече за коалицијата со ВРЕДИ?


Крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците, ќе одржи собрание денес во Гостивар. Од таму соопштија дека работата на Собранието ќе биде затворена за медиумите.   Алијансата за Албанците на Таравари искажува несогласувања околу настапот на коалицијата Вреди на локалните избори. За разлика од другите партии во Вреди, АА на Таравари смета дека на изборите […]

СДСМ денес избира партиски претседател, Филипче единствен кандидат


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денес избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори. Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 8 до 20 часот. […]

Протести против Трамп во над илјада американски градови


Вашингтон вчера беше еден од симболите на отпорот. Илјадници луѓе се собраа на само неколку блока од Белата куќа, со транспаренти „Hands Off“ — рацете подалеку — што претставува не само повик до Трамп, туку до сета политика на економска и социјална деструкција. Протестите, што се проширија низ над 1.000 американски градови и меѓународни престолнини […]

Денес дожд, а во повисоките места и снег


Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70км/ч.), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.  Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната […]

„Заклучете ги сите врати и скријте се“; Службата за парламентарна заштита на Канада со предупредување


Зградата на канадскиот парламент е затворена, додека полицијата ги предупредува граѓаните да ја избегнуваат областа. Собраниската служба за безбедност (ППС) прогласи заклучување во зградата на Источниот блок на Парламентот Хил. Известување за заклучувањето беше испратено до персоналот што работи на Парламент Хил во саботата попладне. Полицијата малку подоцна извести дека маж влегол во зградата на […]

Дисциплинска постапка за полицајците што не даваа да се крене непрописно паркираното порше во Дебар Маало


На двајцата полициски службеници, кои работат во Одделението за лично обезбедување на Претседателот и кои спречуваа нивни колега и пајак служба на Општина Центар да подигнат неправилно паркирано возило во Дебар Маало им се закануваат дисциплински постапки. Како што информирааат од Министерството за внатрешни работи, со полициските службеници Т.Д. и И.С., кои вечерта кога граѓани […]

Протести низ Европа против Трамп


Илјадници луѓе протестираа во европски градови денеска против политиката на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот советник Илон Маск, по бурната недела на финансиските пазари додека Трамп воведе глобални царини. Во германскиот град Франкфурт, групата Демократи во странство, официјалната организација на Демократската партија за американските граѓани кои живеат во странство, организираше протести. Во Берлин, протестирајќи […]

Само еден час гледање во екран пред спиење го скратува сонот за 24 минути


Иако многу фактори влијаат на квалитетот и времетраењето на сонот, ново норвешко истражување открива дека трошењето време на мобилен телефон пред спиење може да резултира со послаб квалитет на сонот и пократко време на спиење. Резултатите покажуваат дека секое едночасовно зголемување на користењето на екранот го зголемува ризикот од несоница за 59 отсто и го […]

Илон Маск првпат ги коментираше царините: Не треба да има царини меѓу САД и Европа


Еден од најблиските советници на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, Илон Маск, изјави дека се надева дека ќе воспостави трговска зона без царини меѓу САД и Европа, пишува Би-би-си. „Се надевам дека ќе се согласат дека и Европа и Соединетите Држави ќе се движат, барем според мене идеално, кон систем без царини, кој во суштина […]

Отстранети попречни дрва од Пена – нема опасност од излевање


Како резултат на обилните врнежи од дожд коишто го зафатија подрачјето на територија на Р.С.Македонија (уште на 28.03.2024 година) е добиена пријава за попречени, нанесени, дрва во речното корито на река Пена во атар на с.Сараќино, Општина Тетово. Поради надојдената вода на река Пена, нанесените дрвата претставуваa природна препрека за нормално течење на водата во […]

Белата куќа на X: Американците веќе ги гледаат позитивните резултати од царините на Трамп


Белата куќа на социјалната мрежа Х објави дека Американците веќе ги чувствуваат позитивните ефекти од царините што американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе претходно оваа недела. Според соопштението, големите компании како Нисан, Џенерал Моторс и Форд одговорија на новата трговска политика со зачувување на работните места и зголемување на производството во САД. Нивното соопштение за […]

Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија


 Случаите на семејно насилство во Албанија, според официјалната статистика, минатата година, бележат раст од околу 20 отсто споредено со претходната години,  иако повеќе од сигурно е дека бројот е многу поголем, бидејќи дел од насилствата не се пријавуваат. Податоците од 13-те општински надлежни обвинителства, во текот на 2024 година потврдуваат дека се регистрирани над 1600 […]