Се бара притвор за малолетникот што обљуби 5-годишно девојче


Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата за деца во гостиварскиот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка и предлог за определување мерка притвор за 15-годишно дете во судир со законот за кое постои сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со […]

СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) утре избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори. Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 20 часот. […]

Стотици илјади луѓе на улиците на Шпанија поради зголемените цени на киријата


Стотици илјади луѓе излегоа на улиците во 40 шпански градови за да протестираат против зголемените кирии и недостигот на прифатливи домови во земјата која ужива во најбрзиот економски раст во Европа, и каде што проблем е големиот недостиг на станбени единици поради туризмот. Шпанската левичарска влада се бори да постигне рамнотежа помеѓу привлекување туристи и […]

Зимата се враќа: Од вечерва драстично заладување, минусите ќе траат до средината на месецот


Од вечерва, Балканот и Македонија ќе бидат зафатени од забележително заладување кое доаѓа од север и нè воведува во подолг период на потпросечно ниски температури за април. Постуденото време ќе трае најмалку до почетокот на втората декада од месецот. По претежно сончевата и топла сабота, во недела навечер се очекува да пробие студен фронт кој […]

Мурињо би можел да го напушти Фенербахче и да го преземе Бразил


 Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо може да го напушти турскиот клуб, објави „Todofichajes“. Бразилската репрезентација е заинтересирана за потписот на 62-годишниот специјалист, кој продолжува да бара нов селектор. Сепак, главната цел на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) останува Карло Анчелоти. Мурињо е на чело на Фенербахче од летото 2024. Неговиот договор е до 30 јуни 2026 […]

„Јагуар“ ги суспендира испораките во САД за април поради царините


Британскиот производител на луксузни автомобили „Јагуар Ленд Ровер“ соопшти денеска дека ќе ги „паузира“ испораките за САД во април, поради „новите трговски услови“ создадени со царините воведени од Вашингтон. „САД се важен пазар за луксузните брендови на JLR. Додека работиме на решавање на новите услови за тргување со нашите деловни партнери, ги спроведуваме нашите краткорочни […]

Цените на угостителските усуги во пораст


Цените на угостителските услуги се во пораст. Државниот завод за статистика(ДЗС) објави дека индексот на цените на угостителските услуги во март 2025 година во однос на истиот месец лани е зголемен за 6,9 отсто, а во споредба со февруари 2025 година, е зголемен за 1 процент. Поскапени се алкохолните, безалкохолни пијалаца, ноќевањата. Истото важни и […]

Со пет награди македонските ученици се враќаат од Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина


 Со едно прво место, со награда за најдобро решение на понуден проблем, за најдобра соработка како тим, награда за најдобра прва автоматизација и за најдобра идеја и креативност, македонските ученици се враќаат од првиот Медитерански СТЕМ натпревар што денеска се одржа во Атина, а имаа задача да наоѓаат решенија за преживување на Марс, јави дописничката […]

Бешлиовска: Имаме околу 9.200 медицински сестри, а треба да сме околу 15 илјади


Неофицијалните податоци на Институтот за јавно здравје, зборуваат дека сме 9.200, меѓутоа потребите според нашите стандарди се некаде на 14-15.000 медицински сестри, изјави на денешната прес-конференција Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“. Прес-конференецијата беше по повод Првата конференција на медицински сестри од […]

Жителите на Делчево, Тработивиште и Разловци ќе се снабдуваат со вода од бунарски – водоводот во дефект


Жителите на делчевските села Тработивиште и Разловци како и градот Делчево ќе се снабдуваат со вода од бунарските извори, откако утрово настана дефект на водоводната линија, поради што првично беа без вода за пиење. Како што информираат од ЈКП „Брегалница”, поради обилните врнежи во текот на изминатите деновите дојдено е до отцепување на трупот на […]

МЗ: Нема промена на состојбата на повредените во Кочани што се лекуваат во странство


На лекување во странство во моментов се наоѓаат 69 пациенти од повредените во трагедијата во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, информираа денеска од Министерството за здравство (МЗ), додавајќи дека нема промена на нивната состојба во споредба со претходните денови. Непроменета, велат од Министерството, е и состојбата на критичните пациенти, кои според информациите објавени вчера се […]

Балашевиќ беше талент што се појавува еднаш на векот: Промовирана „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ


Со многу емоции, сеќавања, анегдоти и музика, во присуство на многубројни обожаватели од сите генерации, синоќа, (4 април) во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше промовирана книгата посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ. Долгоочекуваната биографија за еден од најголемите музичари на овие простори, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс […]

За само неколку недели, вирусот што ја уби сопругата на Џин Хекман, однесе неколку животи во САД


Во четвртокот калифорниските власти објавија смрт на три лица кои подлегнаа на хантавирусот, истиот оној што ја уби Бетси Аракава, сопругата на актерот Џин Хекман, пишува Paris Match. За само неколку недели, вирусот добро познат на експертите однесе неколку животи во јужниот дел на Соединетите држави. На 26 февруари, Бетси Аракава, сопруга на американскиот актер […]

Мојсова-Чепишевска: Конечно и ѕвездите зборуваат на македонски


„О, еве ја таа проста земја од грч и од чекање / Што ги научи и ѕвездите да шептат на Македонски / А никој не ја знае.“ Така пееше Анте Поповски во далечната 1964. По 60 години, во 2024. со излегувањето на електронското издание „Инструменти на меѓународното космичко право“, во превод на Александар Ташковски, а […]

Русија: Украина ги интензивира нападите врз енергетската инфраструктура и покрај мораториумот


 Министерството за одбрана на Русија денеска ја обвини Украина дека вчера извршила 14 напади врз локации на руската енергетска инфраструктура, и покрај мораториумот со посредство на САД на нападите врз такви објекти. Нападите предизвикаа штета во регионите Брјанск, Белгород, Смоленск, Липецк и Воронеж, како и во украинските региони Луганск и Керсон, чии делови се под […]

Отворена изложбата „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“


Во Музејот на град Скопје синоќа беше отворена изложба насловена „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ со слики од приватната колекција на Влатко Милошевски. Станува збор за уметнички слики, цртежи и слични дела кои уметници ги направиле кога ја посетиле целокупната географска област Македонија, а дошле од Германија, Франција, Италија, Србија, Југославија, Полска, […]

Запишувањето во средно почнува на 14 јуни – догодина дигитално


На 14 јуни почнува првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година, и ќе трае до 17 јуни, соопшти Министерството за образование и наука МОН. Второто пријавување е закажано на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања училиштата ќе ги објават на 2 јули.   Како и во изминатите учебни […]

Ким Џонг Ун пробува нов снајпер: „Погоди“ во центарот на метата


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун тестирал ново развиена снајперска пушка, објавија државните медиуми во саботата, додека ги прегледувал специјалните сили чија обука ја опиша како зајакнување на „вистинската воена способност за гарантирање на победата“. Војниците се меѓу илјадниците војници што Пјонгјанг ги испрати во Русија за да ја поддржи војната на Москва против Украина, според […]

Ученици од земјава преку роботиката бараат решенија за преживување на Марс


„Можеме ли да преживееме на Марс?“, одговорот на ова прашање, ќе се обидат да го најдат, со помош на роботиката, учениците од неколку земји кои учествуваат на првиот Медитерански СТЕМ натпревар што се одржува во Атина, а меѓу нив и околу 20 ученици од македонската СТЕМ Академија, јави дописничката на МИА од Атина. Учениците во […]

Швајцарската претседателка: Воведувањето царини од страна на САД е повик за будење


Швајцарската претседателка Карин Келер-Сутер денеска предупреди дека воведувањето американски царини за Швајцарија од 31 отсто е „аларм“. -Она што ни треба сега е да ги објасниме работите на преговарачката маса, изјави Келер-Сутер. „Швајцарија има многу да понуди“, рече Келер-Сатер, додавајќи дека земјата е „важен економски партнер“ и дека швајцарските компании се меѓу водечките странски инвеститори […]