Жителите на Гренланд денеска гласаат за нов парламент


Нук – Жителите на Гренланд, територија што е дел од Данска, но ужива автономија, денеска гласаат за нов парламент. Избирачките места ќе бидат отворени во 11 часот по Гринич и ќе бидат затворени во 22 часот. Излезни анкети нема да има, а официјалните резултати се очекуваат на 12 март. Според податоците на Министерството за внатрешни […]

Се уште трае блокадата на РТС во Белград


Белград – Повеќе од седум часа трае блокадата во Белград на влезовите на зградата на државната радио-телевизија РТС што ја почна синоќа од студентите во блокада  кои најавија дека ќе трае 22 часа. Вработените во Радио телевизија на Србија можат да си заминат, но ќе бидат спречени да влезат во зградата, најавија демонстрантите. „На 10 март […]

Кредитобарателот понекогаш може да ги исплаќа и долговите на жирантот, граѓаните често не знаат за долговите што ги преземаат


Скоро секогаш блиски пријатели, сопрузи или колеги си гарантираат еден на друг за долг, со што преземаат голем финансиски ризик. Ако должникот не може да го врати долгот, жирантот (гарантот) станува одговорен за исплатата што често доведува до финансиски и емоционален товар и целосно нарушување на односите. Финансискиот притисок, нарушената доверба и емоционалниот стрес создаваат […]

ЕУ со над 18 милиони евра го помага регионот на Преспа


Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас денеска и утре ќе ги посети општина Ресен и подрачјето на Преспанското Езеро, со цел да се презентираат видливите придобивки од помошта на ЕУ во секојдневниот живот на граѓаните. Како што најавија од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, денеска амбасадорот Рокас ќе оствари средби со Јован Тозиевски, […]

Во Велес и во Башино Село денеска и утре симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите


 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – (FAO), денеска и утре ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите. Теоретско практичниот дел од симулацискта вежба ќе се одржи денеска во Велес, а теренскиот утре во село Башино село. Од АХВ го информираат […]

Без вода ул. „Железничка“ и дел од „Герника“ во Општина Центар


ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф -100мм на ул. „Железничка“ бб, Општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците дел од Железничка и дел од Герника. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности. 

Пред пратениците петте интерпелации на членовите на Судскиот совет


Собранието денеска треба да ја одржи 40. седница, на чиј дневен ред се петте интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми. Зад иницијативата, поднесена на 7 февруари, застанаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство, но за нивното заминување од функциите […]

ЕП отвора канцеларија за Западен Балкан во Албанија


Тирана –  Европскиот парламент (ЕП) ќе отвори канцеларија во Албанија за дополнително зајакнување на својот ангажман во Западен Балкан, јавија албанските медиуми цитирајќи синоќешно соопштен  од таа институција.  Според соопштението на ЕП, новата канцеларија на ЕП во Тирана ќе служи како клучна точка за контакт меѓу ЕП и националните парламенти, граѓанското општество и локалните партнери […]

Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк


Атина – Новинарите во Грција, организирани од Грчката федерација на новинарски асоцијации во која учествуваат сите новинарски здруженија, од пет часот утрово започнаа 24-часовен штрајк со што земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии, јави дописничката на МИА од Атина. Главното барање е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно телевизии, весници, […]

Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради


Белград-  Стотици демонстранти од доцна синоќа почнаа со блокада на јавниот сервис на Србија во Белград, протестирајќи против начинот на кој беше дефинирано студентското движење против корупцијата за време на телевизиска програма. Според демонстрантите, блокадата ќе трае 22 часа.  Во моментов околу просториите на Радио телевизија на Србија во Белград се наоѓаат голем број полицајци. […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 11 март 2025 година, 70-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 295 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 52 минути, а ќе зајде во 17 часот и 36 минути. Денов трае 11 часа и 43 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее […]

Во судирот во Северното Море учествувале танкер со реактивно гориво и товарен брод што пренесувал натриум цијанид


Товарниот брод „Соулонг“ (Solong), кој денеска се судри со американскиот танкер „Стена Имакјулат“ (MV Stena Immaculate) во Северното Море, недалеку од источниот брег на Велика Британија, превезувал 15 контејнери со натриум цијанид, соопшти поморската информативна агенција Лојдс Лист Интелиџенс (Lloyd’s List Intelligence). Според податоците од британската крајбрежна стража, на бродот имало и неодредена количина алкохол. […]

Маск се жали дека „Х“ е цел на напади секој ден


Илон Маск тврди дека Х денес бил цел на „масовен сајбер-напад“ што резултираше со периодични прекини на услугите што ја урнаа неговата социјална мрежа во текот на денот. Платформата, порано позната како Твитер, не реагираше за многу корисници бидејќи објавите не се вчитуваа. „Ние сме напаѓани секој ден, но ова беше направено со многу ресурси“, […]

Украинците во Полска дале 4 милијарди долари во буџетот, петпати повеќе од добиената помош


Украинските граѓани придонеле со над 4 милијарди долари во државниот буџет на Полска во 2024 година. Оваа сума е повеќе од пет пати поголема од вкупната финансиска помош што им ја дадоа полските власти. Експертите  забележаа дека за секоја полска злота што ја добиваат Украинците во рамките на програмата „Семејство 800+“ – иницијатива за државна […]

Постигнат договор: Сириските Курди ќе се интегрираат во новите државни институции


Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите и поддржани од САД, денеска постигнаа договор со новото раководство во Сирија за целосна интеграција во државните институции. Според соопштението на сириското претседателство, историскиот договор бил потпишан од претседателот на преодната влада Ахмед ал-Шара и командантот на СДФ Маслум Абди. Со договорот се предвидува „интеграција на сите цивилни […]

Макрон: Русија сè поотворено се обидува да ја дестабилизира Молдавија


 Молдавија е цел на сè поочигледни обиди за дестабилизација од страна на Русија, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон. – Молдавија, во чиј воздушен простор редовно навлегуваат руски дронови и ракети, мора да се справува и со сè поагресивните обиди за дестабилизација од Русија, насочени особено кон демократските институции на вашата земја, изјави Макрон на […]

Уставниот суд на Бугарија објави дека се прави обид за саботажа на изборниот процес


  Претседателката на Уставниот суд на Бугарија, Павлина Панова, со невидено обраќање до нацијата соопшти дека се прави обид за саботирање на уставниот случај за изборен фалсификат. Во понеделникот се дозна дека државната компанија која ги обработува изборните резултати и обвинителството презеле дејствија за блокирање на активностите на Уставниот суд. Случајот е клучен бидејќи може […]

Постигнат договор: Сириските Курди ќе се интегрираат во новите државни институции


 Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите и поддржани од САД, денеска постигнаа договор со новото раководство во Сирија за целосна интеграција во државните институции. Според соопштението на сириското претседателство, историскиот договор бил потпишан од претседателот на преодната влада Ахмед ал-Шара и командантот на СДФ Маслум Абди. Со договорот се предвидува „интеграција на сите цивилни […]

Законот за медиуми за регулација на интернет-порталите, најверојатно утре на владина седница


Нацрт-измените на Законот за медиуми со кои интернет-порталите треба да бидат препознаени како медиуми е во последна фаза на усогласување со генералниот секретаријат на Владата и најверојатно утре ќе се најдат на владина седница, најавува минстерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Андоновски вечерва во телевизиско гостување потсети дека Нацртот-измените биле објавени на системот ЕНЕР, имало […]

Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница


Папата Франциско повеќе не е во непосредна опасност, но ќе остане во болница, соопштија денеска неговите лекари, јави ДПА. Осумдесет и осумгодишниот поглавар на Римокатоличката црква е хоспитализиран во болницата „Џемели“ во Рим од 14 февруари, откако му беше дијагностицирана двојна пневмонија. Во изминатите недели имаше неколку здравствени компликации, при што неколкупати му беше потребен […]