Милошоски: Нашите позиции во однос на САД и ЕУ се слични со оние на Орбан


  Потпретседателот на Собранието и висок член на ракводството на ВМРО-ДПМНЕ вечерва директно потврди дека македонската влада има слични политики кон САД и ЕУ како и унгарската влада на чело со Виктор Орбан. Гостувајќи на Сител Милошоски ги поистовети блиските односи на ВМРО-ДПМНЕ со партијата Фидес како односи на Македонија и Унгарија. „Нашите позиции во […]

Онтарио ја зголемува цената на струјата за Американците, им се заканува со исклучување


Канадската покраина Онтарио денеска објави дека веднаш ја зголемува цената на електричната енергија за 25 проценти за американските домаќинства, како одговор на царините што неодамна ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп. Премиерот на Онтарио, Даг Форд, најави дополнителна такса за извозот на електрична енергија, која ќе погоди околу 1,5 милиони американски домови и компании што […]

Државата сама барала да добива еден отсто за паркингот во Клинички, апликантите да имаат изградено мостови


  Според документот од тендерот за концесијата за паркингот во Клиничкиот центар, Владата како претставник на државата сама побарала оној што ќе стопанисува со него да одвојува максимално еден отсто од остварените годишни приходи. Според документот од тендерот, што го објави СДСМ точката 9 наведува: „Максималниот износ на надоместокот за концесија и/или начинот на кој […]

Кавадаречките пожарникари изминатиов викенд имале над 20 интервенции


Кавадаречките пожарникари изминатиов викенд имале над 20 интервенции, информираа вечерва од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.   -За жал сезоната на т.н полски пожари започна многу порано оваа година. ТППЕ Кавадарци само за овој викенд имаше пријави за преку 20 интервенции. Беа запалени стрништа, сува трава, жбун, но делумно настрадаа и долгогодишни овоштарски насади, за кои, […]

Вучиќ: За пет дена ќе има обид за револуција во Србија, ќе бараат преодна влада


  Српскиот претседател Александар Вучиќ во Главниот одбор на Српската напредна партија изјави дека остануваат уште пет дена до „нивниот обид за револуција“ и уривањето на уставниот поредок, што е едно од најтешките злосторства во Србија. „Главното барање по преземањето на институциите ќе биде формирање некаква преодна влада. Тие не можат да го соборат претседателот, […]

САД претставија нова апликација за „самодепортација“ на мигранти


 Администрацијата на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска претстави нова апликација што ќе им овозможи на мигрантите во САД да се „самодепортираат“, наместо да се соочат со можен притвор и депортација. Оваа иницијатива е дел од заложбите на Трамп за депортација на илегалните имигранти. Апликацијата на Американската царинска и гранична заштита, наречена CBP Home, […]

Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола


На магистралниот пат Битола-Прилеп, денеска во 11.55 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И. (37) од Битола, и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од селото Обршани, Општина Кривогаштани. Од СВР-Битола соопштија дека во несреќата, на местото на настанот починале возачот на […]

Уапсени Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко петрол“


Попладнево полицијата ги обезбеди бизнисменот и поранешен директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски. Ова следува по денешната координирана акција против компании и поединци кои набавувале мазут, а кој што го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина. ОЈО-ГОКК потврди дека моментално се вршат претреси на неколку […]

Џемали Саити е новиот в.д. претседател на Врховниот суд


Судскиот совет на денешната седница со 10 гласа „за“ и два „против“ го определи судијата Џемали Саити за в.д. претседател на Врховниот суд, до изборот на новиот претседател за што постапката е во тек. Саити ќе ја врши функцијата од 13 март. Како што беше посочено, согласно евиденцијата со која располага Судскиот совет, на актуелната […]

Венус Вилијамс ги носи најубавите патики на штикли на Лакост


Венус Вилијамс покажа различни нијанси на зелено на модната ревија на Lacoste Fall Ready To Wear 2025 како дел од Париската модна недела на 9 март во Франција. Поранешната тениска ѕвезда беше облечена од глава до пети во Лакост, носејќи шамија како нејзин додаток кој најмногу го привлекуваше вниманието – но нејзините чевли не заостанаа. […]

Панта Мижимаков беше нашето филмско наследство, ама многу работи забораваме


Нема подобар начин да се разбере Панта Мижимаков, освен како историја или приказна. Ова го кажа режисерот Јани Бојаџи на денешната комеморација во Кинотека за Панче Панта Мижимаков, најистакнатиот македонски филмски продуцент, кој почина на 5 март на 79-годишна возраст. На комеморацијата присуствуваа синовите на Панта, Столе Попов, Влатко Самоиловски, Димитар Грбевски, од ДФРМ Игор […]

Ова се акциите на берзанскиот индекс СиП 500 со најлоши перформанси во последните 20 години


Во текот на изминатите 20 години, берзанскиот индекс СиП 500 (S&P 500) имаше просечен годишен принос од 10,4 отсто, поминувајќи низ два големи краха на пазарот со двоцифрен пад. За некои акции, овие кризи оставија долготрајни последици. Всушност, некои од компаниите кои беа најмногу изложени на падот на пазарот на хипотекарни кредити сè уште не […]

Собранието даде виза за објавување јавен конкурс за членови на Програмскиот Совет на МРТ


Собранието денеска во рамки на 38. седница ја изгласа Предлог одлуката за објавување на јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот Совет на Македонската радио телевизија, како и таа за именување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен.  Кандидатите за членови на […]

Како Чешка ги модернизира своите термоелектрани: Божиновска и македонска делегација во Тушимице


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со претставници од Министерството и делегација од ЕСМ остварила посета на термоелектраната Тушимице во Чешка. Оваа термоелектрана, лоцирана во близина на градот Кадан, е една од најголемите во земјата и има инсталиран капацитет од 800 MW, со четири генерациски единици од по 200 MW. За […]

Вучиќ: „Кому му требаат 50-метарски базени, ќе се удавам три пати“


  Претседателот Александар Вучиќ изминативе денови ја обиколува државата во обид да го изгасне огнот од протестите кои ја кренаа Србија на нозе. Претходниот ден го посети и градот Ковин, а по тој повод ги посети и работите на затворениот базен. Вучиќ имаше многу интересен разговор за димензиите на базенот, кој наскоро треба да започне […]

Цената на акциите на „Тесла“ на Маск се преполови за три месеци


  Акциите на производителот на електрични автомобили на Илон Маск, „Тесла“, паднаа за над 8% во почетокот на тргувањето денеска, што значи дека се намалени за повеќе од половина во последните три месеци. Акциите на „Тесла“ се намалени за 8,8% на по 239,57 долари, бидејќи некои аналитичари се загрижени ако Маск се пресели во политичката […]

Општина Битола не се откажува од изградбата на регионалната депонија во Новаци


  БИТОЛА – Во Пелагонија ќе се гради регионален систем за управување со отпад, а не како досега нестандардна депонија за складирање на ѓубришта. Ова е ставот на локалните власти во Битола по реакции во јавноста и недоволната информираност за каков систем на одлагање на отпад станува збор. Ова следува по едногласната одлука на Советот […]

Руте: Нема да дозволиме безбедносен вакуум во БиХ како во 1992 година


НАТО целосно ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и порачува дека мора да се почитува Дејтонскиот мировен договор, како камен темелник на мирот во земјата, истакна денеска во Сараево генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.  – Секоја активност што ги поткопува Дејтонскиот договор, уставниот поредок или националните институции, е неприфатлива. Поттикнувачката […]

Судскиот совет избра нови 49 судии низ државава


Нови 49 судии низ државава беа избрани на денешната седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија. За судии на Основен суд – Битола избрани беа Марија Филиповска – Поповска, Стефан Гајдаровски, Гордана Николовска и Александра Средовска – Лазановски. За судии на Основен суд – Гевгелија беа избрани Ива Цоневска – Вангелова и Марта Спасовска. […]

Модуларните болници ќе бидат пренаменети во амбуланти


Модуларните болници во земјава, кои се користеа во време на пандемијата, веќе се пренаменуваат, но не во болници туку во амбуланти и други објекти што се потребни за другите министерства, изјави министерот за здравство Арбен Таравари по денешната посета на Велешката општа болница.   -По тоа што се случи во Тетово со пожарот во Модуларната […]