Како премиерот со партиски протест ќе се бори против наводно партизирано судство, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска изјави дека е оксиморон со партиски протести Мицкоски да се бори против наводно партизирано судство. „Заканите на премиерот дека ќе се случел народ на судството  е порака дека тој признава судство само по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту пак независно судството. На некој начин таа изјава […]

„Мама, и Победник је са нама“ – поставена реплика на Андреј Јосифовски на еден од симболите на Белград пред Техничките факултети


  Српскиот уличени уметник Андреј Јосифовски Пијанист создаде реплика на еден од најголемите белградски симболи – споменикот „Победникот “ и го донесе пред Техничките факултети во знак на поддршка за студентите. „Мама, и Победник је са нама“, пишува на постаментот на споменикот. Споменикот е облечен во жолт безбедносен елек, каков што го носат студентите кои […]

(Во живо) Илјадници се собраа во Белград – еден со автомобил се заби во толпата


Денес во Белград се одржува голем студентски протест. Студентите кои го блокираат ЕТФ најавија дека има промена на планот – бината ќе биде поставена кај Славија и таму ќе се одржуваат говори, а протестот ќе се одржи пред Собранието. Собирот на граѓани почна неколку часа порано на различни локации во Белград. Целиот град е блокиран. […]

Со хеликоптер се спасуваат луѓе од превртен чамец во Мавровско Езеро


Преку единствен број за итни повици 112 во 12.37 часот на ден 15.03.2025 година од страна од случаен минувач добиена е информација за превртен чамец со две лица во Мавровско Езеро. Лицата во моментот се држат за чамецот и самата струја ги носи кон хидроцентралата. Од наша страна веднаш е стапено во контакт со Диспчерски […]

Поетска сцена во Скопје Сити мол со фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“


  Од 20 до 23 март, фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол повторно ја отвoраaт својата поетска сцена за љубителите на убавиот збор. По успехот на првата едиција на Деновите на поезијата, во март 2024 година, кои беа иницирани по повод 80 години од првата книга на македонски јазик објавена во слободна […]

Што значи „ПУМПАЈ“ и како тој збор стана мото на студентските протести во Србија


  Кога сношти студентите од различни колони од Србија пристигнуваа во Белград, низ улиците на српскиот главен град исполнети со десетици илјади луѓе ечеше еден збор – ПУПМАЈ. Што значи „пумпај“ и како тој збор стана лајтмотив на студентските протести против корупцијата во Србија. На почетокот на четиримесечните протести тој можеби звучеше како тривијалност или […]

Македонски концепт е загрижен од некои решенија во Законот за медиуми, особено за бројот на вработени


  Македонски концепт ја повикува Владата, Собранието, асоцијациите на медиуми и новинари и целокупната јавноста да посветат големо и длабоко внимание во врска со предложените измени на Законот за медиуми, нагласувајќи ја важноста на зачувувањето на слободата на медиумите како темел на демократското општество. Според партијата, наметнување на обврската за минимум три редовно вработене во […]

Ни литиумот, ни Лајен, ни синот на Трамп можеби нема да помогнат – најголемо искушение за Вучиќ


  Стотици илјади луѓе од цела Србија се очекува да се приклучат на антикорупцискиот митинг во Белград организиран од студентите, во она што се смета за кулминација на повеќемесечните протести што ги разнишаа темелите на владеењето на претседателот на земјата, Александар Вучиќ. Атмосферата во Белград тензична во пресрет на протестот. Изутринава судентите од Електротехничкиот факултат […]

САД го протеруваат амбасадорот на Јужна Африка


   Соединетите Држави фактички го протеруваат амбасадорот на Јужна Африка во Вашингтон, а државниот секретар Марко Рубио го обвини пратеникот дека ја мрази земјата и претседателот Доналд Трамп. „Амбасадорот на Јужна Африка во Соединетите Држави повеќе не е добредојден во нашата голема земја“, објави Рубио на Икс во петокот. Рубио го обвини амбасадорот Ебрахим Расул […]

Објавен распоредот и препораките за денешните протести во Белград


  Студентите најавија и план за денешниот протест за кој велат дека ќе биде најголем досега. Првото собирање започнува во 10 часот кај Градската општина Нов Белград, а потоа во 11,30 часот кај кружниот тек кај Автокоманда. Во 13 часот студентите треба да се соберат на Плоштадот на Републиката и кај споменикот Вук. Митинзите таму […]

Мајка на жртва од трагедијата во Нови Сад: Овие деца ме вратија во живот


  Во петокот, десетици илјади луѓе ги „окупираа“ белградското Теразие, улицата „Кнез Милош“и сите пристапни улици за да им приредат величествено добредојде на оние што пешачеа и со велосипеди со денови доаѓаа од цела Србија до главниот град во чест на 15-те луѓе кои загинаа под настрешницатана железничката станица во Нови Сад. Сите дојдоа полни […]

Како лето: Температурата денес ќе стигне до 29 степени


  Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови во северозападните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево […]

Андреј Пленковиќ имал хирушки зафат на срцето


  Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во петокот навечер бил на интервенција во загрепската клиничка болница поради повремено бенигно нарушување на срцевиот ритам. Постапката била претходно планирана и течела без проблеми, соопшти во саботата владата. „Ве информираме дека премиерот вчера вечерта беше лекуван на Клиниката за кардиоваскуларни болести во Универзитетскиот болнички центар за кардиологија во Загреб […]

Мицотакис ја „ресетира“ владата со поранешен екстремен десничар како министер за миграција


  Грчкиот премиер назначи поранешен екстремно десничарски студентски активист на чело на министерството за миграција како дел од широката реконструкција чија цел е „ресетирање“ на неговата влада поради бесот на јавноста околу справувањето со смртоносната железничка несреќа во 2023 година. Во обид да го спречи падот на рејтингот на одобрување, Кирјакос Мицотакис го постави самонаречениот […]

Спектакл и емоции: Скопје ќе ја памети волшебната ноќ со Пласидо Доминго (фото)


И тоа се случи. Скопје го виде вечерва славниот шпански тенор Пласидо Доминго во живо, и Доминго го виде Скопје овие неколку дена. На сценатата во „Борис Трајковски“ со претставници од политичкиот врв, дипломатскиот кор и со публика од регионот, се случи оперска магија исполнета со емоции и драматичност, благодарејќи на професионалниот настап на Доминго, […]

Црвен тепих за студентите од цела Србија во Белград – доаѓаат за утрешниот масовен протест


Студентите на повеќето белградски факултети се собраа во центарот на Белград на Теразија, каде приредија спектакуларен пречек за студентите велосипедисти и пешаци кои веќе неколку дена пешачат и возат кон главниот град за да учествуваат на утрешниот голем протест. Na dočeku studenta u Beogradu je i majka mladića poginulog u padu nadstrešnice Dijana Hrka koja […]

Софија одговара дека изградбата на пругата кон Македонија не е одложена


  Коридорот 8 е национален приоритет за Бугарија информира бугарското Министерство за транспорт и врски и нагласува дека „не ја одложило изградбата на пругата кон Република Северна Македонија“. Тврдењето дека Бугарија ја одложила модернизацијата на бугарскиот дел, министерството за БТА го оценува како медиумска шпекулација. „Министерството за транспорт и врски со години прави напори за […]

Путин и Трамп се испофалија еден со друг


  Владимир Путин го пофали Доналд Трамп што „прави сè“ за подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон, откако Трамп рече дека САД имале „многу добри и продуктивни дискусии“ со Путин во последните денови. Путин на состанокот на неговите шефови за безбедност изјави дека подобрените односи со САД сега се на агендата. „Знаеме дека новата […]

Вучиќ за утрешниот студентски протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека државата ќе преземе мерки за обезбедување на протестот најавен за 15 март во Белград, но истакна дека целосната одговорност ќе биде на организаторите. Вучиќ нагласи дека протестот не е пријавен кај надлежните институции и дека државата ќе помогне во неговото обезбедување, но предупреди дека секој што ќе се […]

Викендов нема да работат новинарите од Радио Белград, „останаа само подобните“


На новинарите и на вработените во зградата на Радио Белград им е наредено да ја напуштат зградата до 17 часот, а само на „проверените новинари“ ќе им биде дозволено да работат во текот на викендот, изјави за агенцијата Бета извор од државната радио станица. На новинарите ќе им биде дозволено да се вратат на работните […]