Приведен градоначалникот на Истанбул


Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, утринава е приведен, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Претходно денеска, медиумите објавија дека е издадена наредба за негово приведување. Имамоглу, кој е од редовите на опозициската Народнорепубликанска партија (НРП), е мета на полициска истрага поврзана со сомневања за корупција и поврзаност со терористички организации. Полициски екипи го претресуваат неговиот дом, а […]

За прв пат, државата Луизијана користи азотен гас за да изврши смртна пресуда


Луизијана употреби азотен гас синоќа за да егзекутира маж осуден за убиство на жена во 1996 година, што претставува прв пат државата да го користи овој метод, изјави адвокатот на осудениот. Џеси Хофман Јуниор (46) е осуден на смрт во државниот затвор во Луизијана, се вели во соопштението на неговата адвокатка Сесилија Капел. Тој беше […]

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани


Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека нема да се организираат големи собири, како што првично беше најавено, а активностите за искажување почит кон загинатите во Кочани ќе се организираат на ниво на факултети. – Со цел да не се создаваат поголеми гужви во моменти кога медицинската помош и […]

Трамп декласифицираше 80.000 страници документи за атентатот на Џон Кенеди


По наредба на американскиот претседател Доналд Трамп беа декласифицирани материјалите поврзани со атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди во 1963 година. -Тоа се многу информации, а вие сами ќе донесете одлука, им рече Трамп на новинарите во понеделникот, велејќи дека ќе бидат објавени 80.000 страници. Трамп потпиша наредба непосредно по преземањето на функцијата во јануари […]

Зеленски: Руските дронови нападнаа цивилна инфраструктура


Претседателот Володимир Зеленски рече дека Русија лансирала повеќе од 40 дронови доцна синоќа за да ја нападне цивилната инфраструктура, што, според него, покажува дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин заради мирот. -Токму таквите ноќни напади на Русија ги уништуваат нашите енергетски системи, нашата инфраструктура, нормалниот живот на Украинците, рече Зеленски […]

Во храмовите на МПЦ-ОА заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените


Во храмовите на Македонската православна црква – ОА денеска и во петок по литургијата на претходно осветени дарови, ќе биде отслужен парастос за жртвите во трагедијата во Кочани, а потоа и молитва за исцеление на повредените. – Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повелува  утре, среда, 19.3.2025 и в петок, 21.3.2025 г. по […]

Сончево и студено


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и студено време. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб […]

Трипартитен социјален самит на ЕУ


Лидерите не институциите на ЕУ и претставници на европските бизнис асоцијации и синдикати денеска во Брисел ќе одржат Трипартитен социјален самит.  Како што соопшти Советот на ЕУ, учесниците на Самитот ќе разговараат за „враќањето на Европа на вистинскиот пат во услови на предизвикувачка геополитичка средина, како атрактивна, конкурентна и инвестициска локација што штити и создава […]

Трамп и Путин: Русија паузира 30 дена со напади на инфраструктура во Украина – се огласи Зеленски


Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин и американксиот претседател Доналд Трамп изразиле заеднички интерес за „нормализација на односите“ меѓу САД и Русија, а договорена е и размена на 175 заробеници меѓу Москва и Киев. Москва се согласила и да предаде 23 тешко ранети украински војници. Кремљ напоменува дека „клучен услов“ за спречување понатамошна ескалација […]

Уште четворица повредени вечерва од Скопје ќе бидат префрлени во Атина


Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство, доцна вечерва од Скопје во Атина ќе бидат префрлени уште четворица повредени во пожарот во Кочани, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на МИА, станува збор за четири лица со изгореници кои ќе бидат хоспитализирани во воена болница во Атина. Воениот авион од Атина полета околу […]

Ажурирана листата на контакти за 24/7 поддршка на граѓаните и семејствата на повредените кои се испратени на лекување во странство


Ажурирана листата на контакти за 24/7 поддршка на граѓаните и семејствата на македонските граѓани кои се испратени на лекување во странство, објави на Фејсбук страницата министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.  Дежурни телефонски броеви во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се: 075/273-732 и 075/268-736. Во продолжение ги објавуваме телефонските броеви […]

Директори и членови на одборот на Тесла продале акции во вредност од 100 милиони долари


Дури и членови на одборот на директори на Тесла ги продаваат своите акции во компанијата на Маск, чија вредност продолжува да тоне на берзите. Според ABC News, четворица високи членови на Тесла продале акции во вредност од над 100 милиони долари од почетокот на месецот, што сугерира дека дури и на инсајдерите им е преку […]

Кадриу: Обвинителот што штитеше некого за Модуларната болница сега е во Кочани


Обвинителката Лејла Кадриу, која на полчетокот ја водеше истрагата за трагедијата со Модуларната болница во Тетово, а потоа беше разрешена, со објава на Фејсбук ја шокираше македонската јавност. Како што открива обвинителката, истиот обвинител од ОЈО Скопје кој, според објавата, ја саботирал истрагата за Модуларната болница и штител некого, сега бил испратен како помош во […]

Да не се откажуваат часовите: Насоки за училиштата и родителите за психолошка поддршка на учениците по трагедијата во Кочани


Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Комората на психолози изготвија насоки за постапување на училиштата, наставниците и родителите во услови на кризна состојба со цел да им овозможат психолошка поддршка на учениците по трагедијата во Кочани. -Насоките имаат цел да им помогнат на […]

Холандија усвои закон за борба против дигиталната шпионажа и дијаспората


 Холандскиот парламент денеска усвои закон со кој се криминализира дигиталната шпионажа и дијаспората, што го користат странските сили за да влијаат врз заедниците на нивните граѓани во Холандија. Новиот закон го проширува постојното законодавство и ги криминализира дејствијата како што се „протекување информации или работа за странски влади кои им штетат на интересите на Холандија“. […]

Приведен новинар на Ројтерс на митингот во Скопје зашто снимал со дрон


Во моментов во полициската станица во Центар се наоѓаат седум медиумски работници меѓу кои и новинари од светски реномираната агенција Ројтерс кои биле приведени веднаш по завршувањето на протестот за трагедијата во Кочани на плоштадот во Скопје. Веднаш по завршувањето на протестот овие седум медиумски работници биле повикани од полицијата да дадат изјава. Објаснувањето било […]

Германија ќе ја номинира Бербок за претседател на Генералното собрание на ОН


Германија ќе ја номинира германската министерка за надворешни работи во заминување Аналена Бербок за претседател на Генералното собрание на ОН, едногодишен мандат кој треба да започне во септември, изјави денеска извор близок до властите. Анален Бербок (44) е шеф на германската дипломатија од декември 2021 година и наскоро ќе ја напушти таа функција по парламентарните […]

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани ќе биде ефикасна и најпрофесионално изведена


 Јавниот обвинител Љупчо Коцевски вечерва изјави дека истрагата за пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица а над 155 се повредени, ќе биде брза и ефикасна и најпрофесионално изведена. Вели дека мора да се соберат сите докази и затоа обвинителскиот тим постапува многу претпазливо. -Ветив и ќе останам на тоа ветување дека истрагата ќе […]

Забрана за користење дронови на територијата на Кочани и Штип


 Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) вовела забрана за користење воздухоплови без екипаж (дронови),  за вршење какви било операции, на територијата на градовите Кочани и Штип.  Министерството за внатрешни работи ја пренесува објавата на АЦВ дека „неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по […]

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани, медицински тим од Чешка пристигна во земјава


Во Полска попладнево беа пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани, соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава на својата Фејсбук страница. -Амбасадата на Полска овозможи транспорт со воздушна амбуланта на двајца повредени во трагичниот пожар во Кочани. Пациентите ќе ја добијат потребната нега во Полскиот источен центар за третман на изгореници и реконструктивна хирургија, се […]