Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито


Во Белград на 70-годишна возраст почина внуката на Јосип Броз Тито, д-р Светлана Броз, кардиолог, писател и активист за човекови права. Таа беше истакната активистка за човекови права, автор на култната книга (седум изданија), преведена на шест светски јазици, „Добри луѓе во време на злото“, како и на книгите „Јас имам храброст“, „Праведниците на Руанда […]

Путин бара од Украинците да земат руско државјанство или да се преселат на друго место


Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши притисок врз Украинците во Русија и на окупираните територии во нивната матична земја да земат руско државјанство или да се преселат на друго место, соопштија во саботата британските разузнавачи. Путин во четвртокот потпиша указ со кој се обврзуваат украинските граѓани кои живеат на територии зафатени од војна да […]

Маск суспендираше профили на опозициски фигури на Икс


  Платформата за социјални медиуми Икс на Илон Маск суспендираше неколку профили на опозициски фигури во Турција поради широките граѓански немири во земјата. Маск, самопрогласен заштитник на слободата на говорот, рече дека го купил Икс за да го врати слободниот говор на платформата. Суспендирањето доаѓа по големите демонстрации кои беа предизвикани од апсењето на почетокот […]

Професорот Калаџиев добивал закани за ставовите што ги кажува


  Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, кој подлого време да не се злопутребува институцијата притвор и да се одредува само кога е крајно неопходно, стана цел на закани. Тој вчера на Фејсбук напиша: „Притворот не смее да се користи за државата да се покаже сериозна!! Тоа е злоупотреба и ќе падне во Стразбур!”,  алудирајќи […]

Без многу радување и рутински: Македонија во Лихтенштајн победи за Кочани


Македонија со рутински 3-0 го победи Лихтенштајн на почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 година, во можеби еден од најтажните мечеви во историјата на македонскиот фудбал. Натпреварот доаѓа само пет дена по смртта на 59 наши сограѓани во кочанската дискотека. Во натпревар со многу емоции, но без преголемо радување на головите, стрелци беа Александар […]

МЕНР на Албанија се извини за „северномакедонска“ заедница од страна на амбасадорката во Софија


 Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија достави извинување до  македонската амбасада во Тирана, за етикетирањето на македонската заедница како „северномакедонска“ од страна на албанската амбасадорка во Софија. Како што потврдија за МИА од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), тоа доаѓа по острата реакција на македонската партија по интервјуто на амбасадорката за бугарски […]

Србија ќе стартува заеднички систем за е-патарина со Грција и Хрватска


Српскиот државен патен оператор „Путеви Србије“, оваа година ќе лансира заеднички интегриран систем за електронска наплата (ETC) со Грција и Хрватска, со што ќе им се овозможи на возачите да плаќаат патарина во двете земји со српската ознака ETC и обратно, објавија локалните медиуми. Системот меѓу Србија и Грција ќе профункционира пред овогодинешната летна сезона, […]

Во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат 12 лица осомничени за трагичниот настан во Кочани


 Двајца поранешни градоначалници на Кочани се наоѓаат во казнено-поправната установа Затвор Куманово, информираа денеска надлежните од затворот. – Во моментот, во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат дванаесет лица осомничени за трагичниот настан во Кочани. Помеѓу нив се и двајца поранешни градоначалници на Кочани, информираа од затворот. Вчера, ЈОРСМ информираше дека Основното јавно обвинителство Кочани донело […]

Клековски: Шест нови пациенти од пожарот во Кочани примени во болница


Состојбата се подобрува, се намалува бројот на критични пациенти, но далеку сме од моментот на опуштање. Борбата не е завршена, затоа што сега почнува ризикот од инфекции и допрва претстои можно влошување на состојбата, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). -Нема опуштање – затоа што како се намалува ризикот […]

Околу 100 објекти ќе останат без лиценци за работа оти не ги исполнуваат условите


Контроли се спроведуваат на сите објекти со и без лиценци, а активноста продолжува, анализите се обемни, додека проверките се темелни  со цел утврдување дали истите ги почитуваат минимално техничките услови. „Сакам да ја информирам јавноста и за преземените активности на Министерствот за транспорт и врски, каде од досега направените контроли утврдени се голем број на […]

Приведени се 343 лица во насилните протести во Турција (видео)


Демонстрации се одржаа во десетина градови во Турција, вклучувајќи ги Истанбул и престолнината Анкара. Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека приведувањата се направени за да се спречат „нарушувања на јавниот ред“ и предупреди дека властите нема да толерираат „хаос и провокации“. Десетици илјади Турци учествуваат во главно мирни протести од средата, кога Имамоглу беше […]

Дожд, грмежи и силен ветер во следните денови


Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер од над 60 километри на час. УХМР најави дека поинтензивни […]

Таравари: Пет пациенти идната недела очекуваме да се вратат во земјава, шест се во критична состојба


Во земјава моментално се лекуваат 54 пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако во текот на вчерашниот ден на домашно лекување беа испратени 10 пациенти. Според информациите кои денеска ги соопшти министерот за здравство Арбен Таравари по состанокот на Кризниот штаб за состојбата на пациентите, на Клинички центар се лекуваат 27 пациенти, во […]

Од понеделник Црвениот крст ќе исплаќа пари на семејствата со пациенти


Црвениот крст досега собра повеќе од 800.000 евра наменети за семејствата на пациенти од несреќата во дискотеката во Кочани, а парите (како што одлучи Владата првично да им се префрлат на семејствата кои ги придружуваат пациентите по 150.000 денари) ќе им бидат префрлани од понеделник. „Моментално се собираат трансакциските сметки од лицата кои се во […]

Угостителски објекти пуштале музика за време на седумдневна жалост


На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица […]

Туск: Одбраната на источната граница е заедничка обврска на НАТО и ЕУ


Полскиот премиер Доналд Туск, по посетата на граничната линија со Белорусија, денеска изјави дека одбраната на источната граница на Полска со Русија и Белорусија е заедничка обврска на НАТО и на Европската унија. Тој рече дека благодарение на зајакнувањето и модернизацијата на граничната ограда, полските граничари и армијата сега спречуваат дури 98 проценти од обидите […]

Премиерот Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцески, починатиот возач на кочанската Брза помош


Премиерот Христијан Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош во Кочани кој почина по помошта што ја пружи на повредените во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“. – Денес го посетив семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема цена, цела ноќ […]

Битолчани бараат проверка на хидрантските мрежи во колективните згради, општинарите најавија контроли


  БИТОЛА – Големата трагедија во Кочани го отвори прашањето кај битолчани во каква состојба е хидрантската мрежа во колективните згради и дали има ПП апарати и дали функционираат противпожарните скали. Голем дел од новите згради во Битола немаат противпожарни скали. Во мај 2022 година, изби пожар на 12 спрат во висококатница во Битола, и […]

Верстапен: Можам да победам во Кина само ако испаднат болидите пред мене


 Макс Верстапен го сподели своето прилично мрачно предвидување за неговите шанси за успех на утрешната трка за Големата награда на Кина, на која ќе стартува од четвртата позиција на гридот. Четирикратниот светски шампион рече дека неговата единствена шанса за втор последователен триумф во Шангај е возачите пред него да се откажат, бидејќи тркачкото темпо на […]