Извршени 116 надзори, привремена забрана за десет угостителски објекти, 15 не исполнувале услови


Надлежните институции изминатите денови извршиле вкупно 116 вонредни надзори врз основа на законот за угостителска дејност, при што дел од контролираните објекти добиле решенија за приврмена забрана, на едел им се одземени лиценците за работа, а на дел им се издадени прекршочни налози. Ова денес на прес конференција го соопшти владината портпаролка, Марија Митева која […]

Пукање во Прилеп, ранета службеничка на Центарот за социјални работи


Денеска околу 14 часот пред Центарот за социјална работа Прилеп, засега непознато машко лице испукално неколку куршуми од огнено оружје. Во пуктотницата со прострелна рана се здобила М.Ѓ. (36) од Прилеп, вработена во институцијата. Маркукуле дознава дека повредената се здобила со влезно-излезна рана во десниот дел од градниот кош. М.Ѓ. е примена во градската болница […]

Пакистан се соочува со криза со полиото: Милитантите ја попречуваат вакцинацијата


Вирусот на полио (детска парализа) е откриен во примероци од канализација во најмалку 18 окрузи во Пакистан, соопштија денеска официјални лица, што претставува закана за напорите за искоренување на оваа болест во една од последните жаришта во светот. Дивиот полиовирус тип 1 (WPV1) е пронајден во 18 големи градови, вклучувајќи го Исламабад, изјави портпаролот на […]

Кој беше осуден за пожарот во дискотеката „Колектив“ во Букурешт? Тоа беа активни функционери


  Трагедијата во Кочани овие денови не само во македонските туку и во европските медиуми се наведува како втор најголем ваков случај во Европа во последните деселетија. Првиот е познатиот случај во дискотеката „Колектив“ во Букурешт во Романија, каде исто така поради употреба на пиротехнички средства настрадаа 27 лица, а подоцна во болниците од лошо […]

ВМРО-ДПМНЕ го осуди СДСМ затоа што побара да нема селективна правда


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска го осуди СДСМ дека „за нив нема ништо свето – ни болка, ни сочувство, ни национална трагедија“. И дека се служеле со „подмолни политички калкулации“. Пратеникот Бране Петрушевски на прес-конференција рече дека „СДС одбраа да поставуваат прашања за кои и самите добро знаат дека се дел од активна истрага, предводена од […]

УЈП демантира дека ставиле пломба на дискотеката „Пулс“, била само казнета


  Управата за јавни приходи денеска демантира дека во декември лани ставиле пломба на дискотеката „Пулс“, но потврдија дека изрекле казна за сторен прекршок, согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Оттаму велат дека за таков прекршок ставиле пломба на друг угостителски објект. Во соопштението до медиумите од УЈП велат дека „поради сензитивноста на случајот, […]

Општина Тетово со помош од  1.200.000 денари за семејствата на жртвите и на повредените во пожарот во Кочани


Во знак на солидарност и хуманост, денеска се одржа 49-тата вонредна седница на Советот на Општина Тетово, на која едногласно беше усвоена Предлог-одлуката за доделување на 1,2 милиони денари како финансиска помош за семејствата на жртвите и на повредените во трагедијата од 16 март 2025 година во Кочани. Оваа одлука не е само материјална поддршка; […]

Дождливо до крајот на неделата, наместа врнежите ќе бидат пообилни


 Променливо облачно со повремени врнежи од дожд ќе биде до крајот на оваа недела, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Како што прогнозира УХМР, процесите наместа ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер, и до над 60 километри на час. -Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина […]

Недостасуваат инспектори, а ќе има вонредни инспекции во сите јавни установи и во станбените згради


Унифицирана урбана опрема, особено во делот на угостителите и вонредни инспекции  најавија членовите на ЗЕЛС, односно сите градоначалници кои таму членуваат, најавуваат за следните денови. Беше речено дека дури 40 оптштини немаат градежен инспектор, а најавија дека ќе бараат да се вработат наскоро. Дополнително,  препорака до градоначалниците, до директорите на училиштата, на јавните установи да […]

Русија и Кина работат на регрутирање на отпуштените федерални работници во САД како шпиони


  Додека претседателот Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск работат на ремонт на американската федерална влада, тие бркаат илјадници работници со инсајдерски знаења и врски на кои сега им треба работа. За Русија, Кина и другите противници, пресвртот во Вашингтон претставува невидена можност за регрутирање доушници, велат експертите за национална безбедност и разузнавање. Секој поранешен […]

ГРОМ бара одговори кој дозволил дискотеката во Кочани да работи со пломба на вратата


  И партијата на ГРОМ, како и многу други, денеска го поставува прашањето до обвинителството, полицијата и другите надлежни органи кој дозволил дискотеката „Пулс“ да работи откако лани на 21 декември ѝ беше ставена пломба од Управата за јавни приходи. Со чија дозвола или не била скршена пломбата и дискотеката веднаш по неколку дена продолжила […]

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар, а цената на дизелот се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто во […]

Еуроњуз: Орбан купува националистички медиуми во Mакедонија за да го шири влијанието


  Со стратешкото стекнување на клучни ТВ канали и информативни портали, Будимпешта веќе влијае на јавниот дискурс во Северна Македонија, пишува Еуроњуз, додавајќи дека со поддршка на нелибералниот владин модел и финансирање на националистичките медиуми, Орбан го консолидира своето долгорочно влијание на Балканот. Во последниве години, проширувањето на унгарските медиумски интереси во Северна Македонија, кои се […]

Ќе се издава коригирана фактура: Двочасовен состанок на Здружението на инженери и РКЕ:


Во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), денеска се одржа двочасовен состанок помеѓу претставници на Здружението на инженери и членовите на РКЕ, на кој биле прифатени забелешките дека фактурирањето врз основа на проценета потрошувачка на електрична енергија доведува до разлики во износите на сметките. Како што соопштија од Здружението на инженери ова може да предизвика финансиска […]

1.000 денари месечно за струја: Кој има право и како да аплицира? – Министерството за енергетика објави јавен оглас“


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија со цел да се обезбеди директна поддршка за граѓаните на кои им е најпотребна. Со огласот се предвидува Министерството да им доделува финансиска поддршка […]

Тетово со акција за чист и безбеден град – инспекторите на терен


Согласно законските обврски и заложби за подобрување на условите за живот во општина Тетово, градоначалникот Биљал Касами, на 24.03.2025 година донесе решение кое помага за зајакнување на инспекцискиот надзор и одржување на јавната безбедност на територијата на општината. Оваа одлука донесена согласно член 71 став 1 од Законот за инспекциски надзор и член 50 став […]

Протестот на Студентскиот пленум не е отворен за новинари


Студенскиот пленум кој беше најавен во 13 часот пред платото на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се пренасочува во аулата на Филозофскиот факултет при УКИМ. Од Студенскиот пленум порачаа дека протестот не е отворен за новинари и доколку се настојува од страна на новинските екипи да го снимаат, ќе го бојкотираат. Еден од […]

Стоковната куќа во Радовиш се пренаменува во културен центар


Со реконструкција ќе се пренамени Стоковната куќа во Радовиш и ќе стане  мултифункционален и културен центар со музејска поставка на град Радовиш „Рада“. „Јас само посакувам овие проекти побргу да бидат завршени, за да можат радовишани да ги користат“, рече премиерот Христијан Мицкоски кој денеска беше во посета на овој објект. Стоковната куќа во Општина […]

Боре Видевски тврди дека бил на слава во деновите на убиствата, а признал, оти бил тепан


Денеска во судот во Скопје сведочеше и обвинетиот Боре Видевски, кој вели дека не учествувал во киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, а признал затоа што го тепале кога бил приведен во полиција. – Со Велибор Манев се знам одамна, од извидничкиот клуб во Велес. Потоа го немав видено се додека […]

АМСМ: Голем одрон затрупа коловозна лента на патот Маврови Анови – Дебар


Од поголем одрон е затрупана едната лента од коловозот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, во должина од 20 до 30 метри, и по неа сообраќајот не се одвива. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот се одвива наизменично по другата коловозна лента се до расчистување на одронот. Во пладневниот извештај, АМСМ информира дека сообраќајот […]