Без вода дел од општина Аеродром


Без вода денеска од 12:35 часот се дел од корисниците од булеварите „АСНОМ“ и „Србија“ до улицата „Февруарски Поход“.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф-100 милиметри висока зона на белевар „АСНОМ“ 58 кај Зур маркет. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Владата во Србија усвои план за изградба на нафтовод од Унгарија до Нови Сад


Владата на Србија ја усвои Регулативата за утврдување просторен план за подрачје за посебна намена на инфраструктурниот коридор на нафтоводот од границата со Унгарија до Нови Сад во должина од 113 километри, јавија српски медиуми. Нафтоводот Србија-Унгарија треба да биде изграден до 2028 година, а проценетата вредност на проектот е 157 милиони евра за српскиот […]

Лагард поради американските царини ја повика Европа на „од кон независноста“


Трговската војна што ја иницираше американскиот претседател Доналд Трамп треба да предизвика „од кон независност“ на Европа, изјави денеска претседателката на Европска централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. – Тој (Трамп) тоа во САД го нарекува „Ден на ослободувањето“, но мислам дека тоа е момент кога заедно треба да одлучиме да ја земеме нашата судбина повеќе […]

Рама одржа предизборни митинзи во Атина и на Крит


На островот Крит во саботата и вчера во Атина, албанскиот премиер Еди Рама одржа митинзи и средби со Албанците, кои живеат во Грција во пресрет на парламентарните избори во Албанија на 11 мај, јави дописничката на МИА од Атина. Со развиорени албански знамиња и овации, албанскиот премиер беше пречекан на собирот во Атина се одржа […]

ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?


Демократската унија за интеграција (ДУИ) бара целосна транспарентност од владата и Министерството за внатрешни работи во врска со активностите и одговорноста на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ во трагичната ноќ во Кочани. Оваа агенција, блиска до владејачката партија, била одговорна за безбедноста на кабарето во Кочани во ноќта кога се случи трагедијата што одзеде 59 невини животи.  […]

Стерјовски: ДП не ни даде место на изборната листа, затоа излеговме од коалицијата


Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија за Корчанскиот округ, за Топ ченел зборуваше околу договорот меѓу двете партии за изборите на 11 мај. -Преговаравме со многу партии, но во тој момент постигнавме договор со Демократската партија. Сепак, кога не ни […]

Од 1 април во функција нова надградена верзија на Електронскиот систем за јавни набавки


Бирото за јавни набавки од 1 април 2025 година, ќе ја стави во функција новата надградена верзија на Електронскиот систем за јавни набавки, со нови функционалности и напредни алатки за да се олесни работењето, како на набавувачите, така и на понудувачите. „Станува збор за значајна реформа којашто ќе го унапреди процесот на јавните набавки, ќе […]

Државните институции масовно купуваат противпожарна опрема


Трагедијата во Кочани во вклучи алармот кај институциите на локално и државно ниво, кои по пожарот на дискотеката „Пулс“ тргнаа во акција за објавување на огласи за сервисирање на постојани или набавка на нови противпожарни апарати, како и одржување на хидрантска мрежа, открива Радио Слободна Европа. По пожарот започна и масовно купување на противпожарна опрема, […]

Дирекцијата за ТИРЗ на 15. место од вкупно 50 институции со 61,1 отсто исполнетост на системот за интегритет


Дирекцијата за ТИРЗ според Извештајот за имплементација на интегритет изработен од Државната комисија за спречување корупција, се најде на 15. место на ранг листата од вкупно 50 институции, со 61,1 отсто на исполнетост на системот за интегритет. Мониторингот опфати 72 институции од централната власт, 72 единици на локалната самоуправа и 16 институции од правосудниот сектор. […]

АХВ: Засега нема известување од ЕУ дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни супи


Засега нема известување преку Системот за брзо известување за небезбедена храна и храна за животни – (RASSF) на ЕУ дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни супи, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА. АХВ, како што наведува, ја следи состојбата со повлекувањето супи во Германија и доколку добие известување преку овој систем, […]

Марин ле Пен прогласена виновна за проневера


Француски суд ја прогласи Марин ле Пен виновна утово во случајот за проневера, но не соопшти каква би можела да биде нејзината казна, ниту како тоа би можело тоа да влијае на политичката иднина на лидерката на крајната десница. Ле Пен и уште 24 функционери од нејзината партија Национално собириство се обвинети дека користеле пари […]

Состанок во НБМ: Експерти од Италија разменија искуства против фалсификувањето пари


Во Народната банка се одржа работна средба помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, нејзиниот тим и италијанскиот амбасадор во земјава Паоло Палминтери и високите претставници од Одделот за борба против фалсификување пари на корпусот на Карабинерите, генерал – командант Џанлука Витаглиано и поручник Пиер Луиџи Фери заради размена на искуства и истражни техники против фалсификување пари, соопшти […]

Одземени 250 килограми грицки и оризови плочки со поминат рок, казнет нелегалниот продавач


По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Министерството за внатрешни работи извршиле претрес на домот на возачот на возилото. Притоа пронашле 34 пакети со т.н. флипс производи и […]

Германската индустрија губи околу 10.000 работни места месечно


Невработеноста во Германија расте, а многу компании, особено во индустријата, планираат да ги намалат работните места. Новите работни места претежно се отвораат во услужниот сектор и често се послабо платени. Во моментов, 120 супервизори за утовар на авиони работат за Луфтханза на аеродромот во Франкфурт, а планот е да се ангажираат уште 60 оваа година. […]

Мајнмарци отидоа на работа – евакуирани се од напукнати згради


Жителите на Бангкок беа евакуирани од неколку згради откако локалните медиуми објавија дека се појавиле потреси на земјата и пукнатини. Меѓу евакуираните згради се и владината зграда, Берзата на Тајланд, Управата за социјално осигурување и филијалата на TMBThanachart Bank. Евакуацијата се случи само неколку часа откако вработените пристигнаа на работа во понеделникот наутро. Според гувернерот […]

Поради трагедијата во Кочани нема да се одржи Маршот на видливост


Да се обидеме заедно, да ги прифатиме транс луѓето како рамноправни членови на општеството кои заслужуваат љубов, почит и заштита. Да се залагаме за иднина каде што ќе можеме да живееме автентично, без страв од насилство или дискриминација. Заедно можеме да придонесеме транс луѓето ќе бидат видени, чуени и вреднувани како сите останати. Заедно можеме […]

Енклава за „бегалци“: За Орбан меѓународното право не значи ништо – Нетанјаху пристигнува во Унгарија


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оваа недела е во посета на Унгарија, и покрај налогот за апсење издаден против него од страна на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за наводни воени злосторства во Газа. Патувањето на Нетанјаху, објавено од неговата канцеларија во неделата, доаѓа на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Посетата, закажана за среда до недела, […]

Брендот BlackBerry би можел да се врати на пазарот на мобилни телефони


Легендарниот бренд за мобилни телефони наречен BlackBerry, кој меѓу другото е познат и по физичките QWERTY тастатури, би можел да се врати на пазарот. Откако ги лансираше моделите како што се BlackBerry KEYone, BlackBerry KEY2, BlackBerry KEY2 LE и BlackBerry Motion под лиценца од името на Blackberry, кинескиот производител TCL одлучи да се откаже од […]

Москва и Вашингтон веќе преговараат за заеднички проекти околу ретките минерали


Директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, изјави дека Москва и Вашингтон почнаа преговори за заеднички проекти на полето на ископување ретки минерали, како и други проекти во Русија. – Ретките минерали се важна област на соработка и, се разбира, почнавме дискусии за различни проекти за ретки елементи и за други проекти во […]

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци, предлага Левица


По неразумниот и неодговорен „платен распуст“ на пратениците, на седницата закажана за утре (вторник) ќе се најдат два предлог-закони поднесени од пратеничката група на Левица: Задолжителна исплата на платата до 5-ти наместо до 15-ти во месецот, затоа што работникот не смее да биде оставен во неизвесност, присилен да зема брзи кредити, да влегува во дозволени […]