Цените на нафтата растат, трговците затечени од изјавата на Трамп


Цените на нафтата денеска се искачија над 73 долари на меѓународните пазари, што ја одразува загриженоста на трговците за испораките од Русија, откако американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на купувачите на руски барели со секундарни царини. На лондонскиот пазар по пладне цената на барелот со испорака во јуни беше за 43 центи повисока […]

Цените на златото на нов рекорд, надминаа 3.100 долари за унца


Цените на златото денеска надминаа 3.100 долари за унца, поради стравувањата на инвеститорите дека американските царини би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го ограничат економскиот раст, како и континуираната побарувачка од централните банки. На физичкиот пазар, унца злато по пладне вредеше 3.117,29 долари, што е за 1,1 отсто повеќе од затворањето на тргувањето […]

Шведска одобри нов пакет воена помош за Украина во вредност од 1,47 милијарди евра


Шведска одобри нов пакет воена помош за Украина од 1,47 милијарди евра, што е најголемиот досега што земјата го испратила до Киев, изјави денеска шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон. Тој на прес-конференција рече дека најголемиот дел од пакетот, вреден 850 милиони евра, ќе биде наменет за набавка на воена опрема од шведската Управа за […]

Над две илјади загинати во земјотресот во Мјанмар


Бројот на загинати во силниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтер, што на 28 март го погоди Мјанмар надмина две илјади, соопштија денеска властите. Над 3.900 луѓе се повредени, а како исчезнати се водат 270 лица. Поради големиот број на жртви во земјата е прогласена седумдневна жалост. Спасувачките операции продолжуваат. Претходно денеска од урнатините беа […]

ССМ во среда ќе одржи јавна седница за да кажат дека платите на работниците мора да се зголемат


Сојузот на синдикатите на Македонија в среда ќе одржи јавна седница на органите и телата на ССМ и органите и телата на синдикатите здружени во ССМ, која ќе почне од пред Работнички дом во 12:05 часот. Учесниците ќе продолжат до Собранието, Стопанската комора и Владата каде ќе продолжи одржувањето на седницата од која ќе се […]

ЕК одобри 135 нови проекти за поддршка на реформските агенди на членките на ЕУ


Европската комисија соопшти дека денеска одобрила нови 135 проекти во рамките на Инструментот за техничка поддршка (ТСИ), како помош на земјите членки на ЕУ да подготват, дизајнираат и спроведат вкупно 390 реформи во текот на 2025 година.  Според ЕК, како што јави дописникот на МИА од Брисел, одобрените проекти ќе им помогнат на земјите членки […]

Се менува мировниот менталитет на Европа – започна брутално вооружување


Не постои официјална дефиниција за „воена економија“, но има многу индикатори. Воената економија значи дека државата ги мобилизира своите ресурси, производствените капацитети и трудот за поддршка на воената подготовка и производство пред војна или за време на неа. Најочигледната економска промена е пренасочувањето на индустриското производство од потрошувачки производи до оружје, муниција и друга воена […]

СДСМ вели дека Мицкоски и натаму сече ленти на инвестиции од нивно време, последен пример е „Магна“


Опозициската СДСМ денеска преку соопштение се осврна на сењето ленти од страна на премиерот Христијан Мицкоски. „Мицкоски вчера од Штип повторно се обиде да се накити со туѓи перја и да ги промовира инвестициите на СДСМ како свои. Гордо Мицкоски најави дека оваа недела започнува со работа фабриката на канадската компанија „Магна“, најавувајќи ја како […]

Макпетрол најуспешен на Државното карате првенство


Каратистите на Макпетрол освоија најмногу медали на Државното првенство за сениори одржано викендот во Скопје. Тие освоија девет медали – 5 златни, 3 сребрени и 1 бронзен. На второто место се пласира Олимпик спорт 2007 исто така со девет медали од кои 4 златни, 3 сребрени и 1 бронзен. Сансаи Метал Апостолов, Штип, Башкими и […]

Министри на Грција и САД разговарале за енергетиката, во фокусот најавените истражувања јужно од Крит


За стратешките односи меѓу Грција и САД, како и енергетските случувања кои директно ги засегаат двете земји телефонски разговарале грчкиот министер за животна средина и енергетика Ставрос Папаставру и американскиот секретар за внатрешни работи и претседавач со Националниот совет за енергетика Даг Бургум, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за животна средина и […]

Возел пијан, не пропуштал пешаци, а имал и забрана за управување возило


Во саботата, во 23.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ.А.(40) од Кавадарци. Тој на улица „Илинденска“ во Кавадарци управувал патничко возило „пасат“ со бугарски национални ознаки со голема брзина и не пропуштил пешаци на обележан пешачки премин. Од страна на полициски службеници бил сопрен и возилото било привремено одземено по […]

Возел 173 км на час на место каде е дозволено 80 км на час


Во неделата, во 14.55 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле од слобода З.С.(29) од с.Вруток, гостиварско.   При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека управувал патничко моторно возило „голф“ со брзина од 173 километри на час на место каде што дозволената брзина е […]

Шест пациенти се враќаат од странство, пет од Србија и еден од Италија


Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија (тројца од КБЦ Ниш и двајца од ВМА Белград) и еден од Италија, соопшти Министерството за здравство. Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите. Во однос на останатите пациенти во странство, кај дел има подобрување, а неколкумина сè […]

(Видео) Мијач на прозорци виси од облакодер во моментот на страшниот земјотрес


Видео  на кое се гледка како мијач на прозорци виси од облакодер во Бангкок во моментот на земјотресот кој урна облакодер во истиот град. Разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар во петокот беше почувствуван на илјада километри подалеку, во главниот град на Тајланд, Бангкок, каде што се […]

Јаде остатоци од ресторани, не вози автомобил, а живее во скромна куќа: Актерот има богатство на сметка, а еве како го троши


Адам Сендлер изгради импресивна кариера како актер, комичар, продуцент и сценарист. Со својот уникатен стил и шарм ги освои срцата на многумина, а пред две години беше на врвот на листата на најплатени актери. Сепак, она што особено ги шокира фановите е неговиот начин на живот, кој не е ни блиску до оној на холивудските […]

Рано утринава во Рим беше запален салон на Тесла. Изгореа 17 возила


Рано утринава во Рим беше запален салон на Tesla, при што изгореа 17 возила. Пожар во салон за автомобили Tesla во главниот град на Италија, Рим, уништи 17 возила, пишува Newsweek. Италијанскиот портал Roma Today објави дека пожарникарите биле известени за пожарот утринава, нешто по 4 часот. Нема повредени, но пожарот се проширил и на […]

Малолетник со мопед удрил во полицаец, бил приведен


 Малолетник синоќа е лишен од слобода откако со мопед удрил полицаец. Малолетникот бил сопрен за контрола од полициски службеници на ОВР Неготино, но го стартувал мопедот и удрил во еден од нив. Притоа, повторно бил сопрен и при преглед во неговиот мопед била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Како што информира СВР Велес, со […]

Генерален штрајк во Белгија против „антисоцијалните мерки“ на Владата


Во организација на Генералната федерација на трудот на Белгија (ФГТБ/АБВВ) и Конфедерацијата на христијанските синдикати (ЦСЦ/АЦВ) денеска во Белгија се одржува генерален штрајк против мерките на белгиската Влада на премиерот Барт де Вевер поврзани со реформи на пензискиот систем и на социјалната заштита, јави дописникот на МИА од Брисел.  Во штрајкот учествуваат вработени во транспортниот […]

До петок повремени врнежи, во сабота преодно стабилизирање, од недела повторно дожд


УХМР информира дека до петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи наместа во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2) и засилен ветер. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање […]

Фатено и приведено лице кое се обидело да избега од КПУ Идризово


Полицијата ноќеска во 3:10 часот го лишила од слобода Б.М.(61) од село Речане, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово. Како што соопшти МВР, лицето било лишено од слобода врз основа на судска наредба. Б.М. бил осуден на девет години и 11 месеци, а за доиздржување имал три години,  пет месеци и […]