Почина Австралиецот чија крв спаси 2,4 милиони бебиња


Почина еден од најголемите крводарители во светот, чија плазма спаси животи на повеќе од два милиони бебиња. Џејмс Харисон (88) почина во сон во дом за стари лица во Нов Јужен Велс, Австралија, на 17 февруари, соопшти неговото семејство во понеделникот. Во Австралија познат како „човекот со златна рака“. Крвта на Харисон содржела ретки антитела, […]

Три хороскопски знака на кои во март животот им се менува од корен


Овие три хороскопски знаци ќе се најдат на пресвртница која ќе го одреди понатамошниот тек на животот. Неколку хороскопски знаци ќе свртат нов лист во животот и ќе се обидат да се оттргнат од минатото. Во текот на март ќе направат пресврт и ќе започнат нов пат во животот. Овен Обично упорниот и енергичен Овен […]

„Оскари“: Вкупно 25 номинирани и годинава ќе добијат подароци вредни илјадници долари


Номинираните за „Оскарите“ и годинава ќе добијат вредни подароци, со ваучери за патување и престој во хотели со пет ѕвезди, објавија американските медиуми. Слоганот на маркетинг-агенцијата „Дистинктив асетс“ (Distinctive Assets), којашто секоја година ги доделува наградите е – „Сите се победници“. Тука спаѓаат номинираните во главните категории  најдобра машка главна и споредна машка улога, главна […]

Зеленски и европските сојузници ја зацврстуваат соработката по спорот со Трамп


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека ќе работи со Европа за да постави услови за евентуален мировен договор што ќе им ги претстави на САД откако сојузниците собрани во Лондон ветија дека ќе потрошат повеќе за безбедноста и ќе соберат коалиција за одбрана на какво било примирје во Украина. Кризните разговори викендов, на […]

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе се обрати на националната конференција „Заедно сме посилни“


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе се обрати на националната конференција „Заедно сме посилни“ во организација на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, што ќе се одржи во хотел „Глориус“ во Велес.  Целта на конференцијата, соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, е поддршка на жените и девојките со попреченост и жените од […]

Осум романи ја продолжуваат трката за „Роман на годината“


Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше осум романи што ја продолжуваат трката за наградата „Роман на […]

Њујорк Тајмс: САД ги суспендираат кибер операциите против Русија како дел од напорите за подобрување на односите


Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и нареди на американската кибер команда да ги запре офанзивните кибер операции против Русија, во обид да ги обнови односите со Русија и да постигне договор со Москва за мир во Украина, објави денеска Њујорк Тајмс. Во извештајот на американскиот весник, во кој се цитираат изјави на актуелен функционер […]

Новата влада на Австрија ќе положи заклетва


Новата влада на Австрија денеска ќе положи заклетва пред претседателот Александар ван дер Белен. Владата е составена од три партии – од Австриската народна партија (ОВП) и Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) и Неос. Лидерот на ОВП, Кристијан Штокер ќе биде канцелар, а претседателот на СПО, Андреас Баблер ќе вицеканцелар. Додека лидерката на Неос, Беате […]

Оскари 2025: Триумф на „Анора“, еве ги добитниците на престижната статуетка


„Анора“ се најде на врвот за време на 97-то доделување на Оскарите во неделата вечерта. Филмот, дистрибуиран од Неон, доби пет трофеи – најдобар филм, најдобра монтажа, најдобар режисер, најдобро оригинално сценарио и најдобра актерка. Тоа беше најмногу од кој било номиниран филм. Шон Бејкер, авторот зад „Анора“, сега е првиот човек кој освоил четири […]

Трамп ги покани ослободените израелски заложници во Белата куќа


Американскиот претседател Доналд Трамп ги покани ослободените израелски заложници во Белата куќа, откако рече дека е шокиран од ужасното интервју на Ели Шараби по 16 месеци во заробеништво на Хамас. -Шараби беше ослободен минатиот месец и утре ќе се сретне со Трамп, изјави неговиот брат Шарон за весникот „Хаарец“. Трамп го упатил повикот до Шараби […]

Прв лет Амстердам – Скопје по 12 години


По 12 години пауза, Скопје се поврза по воздушен пат со Амстердам, откако холандската нискобуџетна авиокомпанија Трансавија  го реализираше првиот лет синоќа во 21 часот на Меѓународниот аеродром Скопје. Холандската авиокомпанија ќе лета на релација Амстердам-Скопје-Амстердам двапати неделно, во четврток и во недела. Во четврток, авионите на холандската авиокомпанија ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во […]

Економскиот договор со Украина засега не е на дневен ред, изјави американскиот министер за финансии


 Економскиот договор меѓу САД и Украина засега не е на дневен ред, изјави синоќа американскиот министер за финансии Скот Бесант за Си-Би-Ес Њуз. Украинскиот лидер Володимир Зеленски и претседателот Доналд Трамп во петокот требаше да потпишат договор што ќе им овозможи на САД пристап до подземните ресурси на Украина. -Мислам дека треба да видиме дали […]

ССМ ќе достави предлог за минимална плата од 500 евра, одлука ќе се носи на Економско-социјалниот совет


Прашањето за зголемувањето на минималната плата останува отворено. Минималната плата треба да се усогласи овој месец и според пресметките, зголемувањето би изнесувало околу 1.800 денари. Синдикатите бараат минималната плата да изнесува 500 евра, а придонесите на разликата од висината на минималната плата до 30.000 денари да ги субвенционира државата. Од Владата оставаат да се договорат […]

Иранскиот потпретседател Мохамад Џавад Зариф поднесе оставка


Откако иранскиот Парламент вчера го смени министерот за економија Абдолнасер Хемати од функцијата, влијателниот ирански потпретседател Мохамад Џавад Зариф исто така понуди оставка. Зариф ја поднесе својата оставка до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, што е уште еден неуспех за умерено конзервативниот лидер само седум месеци од неговиот мандат, јави ДПА.   Одлуката на потпретседателот Зариф […]

Макрон: Париз и Лондон работат на едномесечно примирје во Украина


Франција и Велика Британија предлагаат едномесечен прекин на огнот во Украина „во воздух, на море и на енергетската инфраструктура, изјави синоќа францускиот претседател Емануел Макрон. – Предноста на таквото примирје е што знаеме како да го измериме, иако линијата на фронтот е огромна, еднаква на растојанието од Париз до Будимпешта, истакна Макрон. Британскиот премиер Кир […]

Без струја делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од ул. „Јани Лукровски“


Без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од делови од општините Кисела Вода и Чучер Сандево, а без вода дел од улицата „Јани Лукровски“ во Општина Гази Баба. Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопштија дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска од 09:00 […]

За 40 денови Трамп потпишал рекордни 79 претседателски укази


Американскиот претседател Доналд Трамп потпишал 79 претседателски укази за 40 дена, што е рекорд, јавија француските медиуми, според податоците од Федералниот архив на САД. Толку декрети потпишал претходникот на Трамп, Џо Бајден за време на неговите четири години на власт. Дваесет и седум од декретите се однесуваат на царини, поддршката за фосилните горива, создавањето на […]

Вработените во Филхармонија на протест пред Министерството за култура и туризам


Вработените во Македонската филхармонија денеска ќе одржат нов протест пред Министерството за култура и туризам, поради, како што велат, постоење на сомнежи дека конкурсот за избор на нов директор на оваа установа се спроведува незаконски. Протест одржаа и пред една недела, при што добија ветување од министерот за култура и туризам Зоран Љутков дека конкурсот […]

Сончево со ниски утрински температури


 Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утрово по котлините ќе има услови за магла и ниска облачност, а преку ден, се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Според најавите, минималната температура ќе […]

Почнува кампања за подигнување на свеста за рак на дојка


Здружението „Хема-онко“, посветено на пациенти со рак и нивни негуватели, во пресрет на 8 март – Меѓународниот ден на жената, почнува кампања за подигнување на свеста за рак на дојка – „Дијагноза, третман, естетика“. Кампањата почнува денеска во Прилеп, а предвидено е да продолжи во Скопје, Тетово, Гевгелија и Кавадарци. По иницијатива на ЈЗУ УК […]