Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 7 март, распитот на обвинетите е закажан за 12 март


удењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 7 март откако во Основниот Кривичен суд Скопје денеска беа изведени докази на предлог на одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски. На следното рочиште е предвидено произнесување однос на материјалните докази, а веќе од расправата закажана за 12 март ќе започне распитот на обвинетите. Во Кривичен денеска  беше […]

Се зголемува бројот на младите пациентки над 20 години со рак на дојка, прават реконструкција на дојка


Се зголемува бројот на млади пациентки со рак на дојка. Иако претходно жените над 40 години беа со поголем ризик да заболат од карцином на града, сега заболуваат и жени над 20 години. Поголем е и бројот на жени кои прават реконструкција на дојка. Статистиката покажува дека доколку пред десетина години имало 30 пациентки годишно […]

САД го замрзна споделувањето разузнавачки информации со Украина


Соединетите Држави го прекинаа споделувањето разузнавачки информации со Украина, изјави во средата директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, потег што може да ја ослабне способноста на украинската војска да ги гаѓа руските сили на бојното поле. Ретклиф ја потврди „паузата“ по претходните медиумски извештаи, додавајќи дека смета дека таа „ќе исчезне“ со оглед на тоа што […]

Медиумите во Европа: Политички притисоци, дезинформации и ерозија на медиумската независност


 Не може да се гради демократија без заштита на новинарите и почитување на слободата на медиумите, беше порачано на денешната презентација на Извештајот за слободата на медиумите во Европа во 2024: Соочување со политички притисоци, дезинформации и ерозијата на независноста на медиумите на Платформата за безбедност на новинарите (СЈП).  – Во 2024 година најголема загриженост […]

Откажан меѓународен саем во Белград, Европејците се плашат за својата безбедност


  Меѓународниот саем за мобилност на Југоисточна Европа (ЈИЕ), кој требаше да се одржи на 24 и 25 април во Белград, е откажан затоа што изложбените компании од земјите на Европската унија веруваат дека постои безбедносен ризик за нивните претставници, бидејќи највисоките претставници на Србија ги означуваат странските државјани како непријатели, соопштено е денеска. Организаторот […]

Калин Георгеску: Романија може без европските фондови


Вкупната сума на неповратни средства што Романија ги добила од Европската Унија во текот на 18-те години членство достигна 100 милијарди евра во јануари 2025 година, објави денеска романскиот информативен портал „Зиаре“. Оваа информација доаѓа во контекст на изјавата на претседателскиот кандидат Калин Георгеску дека Романија не зависи од европските фондови за својот развој. Во […]

„Прв круг на одмазда“: Онтарио ги отстранува американските пијалоци од полиците


  Премиерот на најбројната канадска провинција Онтарио, Даг Форд, рече дека Одборот за контрола на алкохол во Онтарио (ЛЦБО) отстранува повеќе од 3.600 марки на алкохолни пијалоци произведени во Америка како дел од својот „прв круг одмазда“ против високите царини на американскиот претседател Доналд Трамп за канадски стоки. „Како ексклузивен продавач на големо, американските брендови […]

Во Прилеп ќе биде обновена Универзалната сала, ќе ја уреди и користи фирмата „Комфи Ангел“


Прилеп ќе ја добие во функција спортската сала, Универзалната, што ќе биде прва сала по подолго време, откако фирмата „Комфи Ангел“ која пројави интерес да ја реконструира и да ја земе на користење, се договори со ПУИГ, изјави во Прилеп министерот за спорт Борко Ристовски. Тој денеска пригодно го пушти во употреба реконструираното спортско игралиште […]

Мицкоски за Османи: Човекот што го распродаваше мојот идентитет нема кредибилитет да зборува


  Човекот што преговараше и го распродаваше мојот македонски идентитет и македонскиот јазик има најмал кредибилитет да зборува, зашто ако тој мене не ме почитува, не го почитува ни својот албански јазик – изјави премиерот Христијан Мицкоски обраќајќи му се директно на потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. Во изјава за ТВ 21, Османи вчера рече […]

СДСМ: Мицкоски живее во илузија, економијата страотно пропаѓа


Опозицската СДСМ денеска преку соопштение реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со растот на БДП во последниот квартал лани.  Според СДСМ, „економијата тоне, компаниите не може да исплаќаат плати и отпуштаат вработени, а животниот стандард на граѓаните се влошува поради неспособноста и незаинтересираноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ најновите податоци […]

Макрон, Зеленски и Стармер заедно ќе отпатуваат за Вашингтон


Портпаролката на француската влада денеска изјави дека е планирано заедничко патување на францускиот и  украинскиот претседател и британскиот премиер во Вашингтон. Таа истакна дека патувањето на Емануел Макрон, Володимир Зеленски и Кир Стармер треба да се реализира за краток рок, но не прецизира датум. Макрон претходно најави дека вечерва ќе се обрати до нацијата, а […]

Потпишан Договор за грант од 2, 4 милиони евра за железнички граничен премин Табановце


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и шефот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој Фатих Туркменоглу, денеска го потпишаа Договорот за инвестициски грант од 2, 4 милиони евра за проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин Табановце. Договорт за грант е дел од инвестициониот пакет од 7,6 милиони евра за […]

Владата се гости со папаја, манго, аспарагус…


Левица реагира на последните тропења во Владата која набавила папаја, манго, аспарагус. и други овошја и зеленчуци за своите потреби.    -Додека платите на работниците не стигаат ниту за покривање на сметките за струја – владиниот врв се гоштева на грбот на граѓаните! Имено, Службата за општи и заеднички работи на Владата, склучи милионски договори […]

ЕУ изрази загриженост поради случувањата во српското Собрание


 Парламентот мора да биде место за демократска дебата во интерес на сите граѓани и мора целосно да ја одигра таквата своја улога, па затоа многу сме загрижени поради нарушувањето на работата на Собранието на Србија и насилството во него, се наведува во денешното соопштение на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) во врска со вчерашните […]

Егеде: Не сакаме да бидеме Американци или Данци, ние сме Гренланѓани


Премиерот на најголемиот остров на светот денеска изјави дека неговите жители не сакаат да бидат „ни Американци, ниту Данци, туку Гренланѓани“. -Ние не сакаме да бидеме Американци или Данци, ние сме Гренланѓани, рече Муте Егеде еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази интерес за преземање на таа автономна територија во рамките на Данска. […]

Без вода дел од Општина Аеродром


Без вода денеска од 14:15 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Венијамин Мачуковски“ во Општина Аеродром. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок Ф-100 милиметри на улица „Венијамин Мачуковски“ број 5. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. 

Што им е заедничко на Нов Зеланд, Јапонија, Шведска и Велика Британија?


Шведска ќе стане првата „земја без чад“ во Европа оваа година, а Нов Зеланд се стреми кон тој статус следната година. Јапонија и Велика Британија исто така прават големи чекори напред. Успехот во овие земји е постигнат преку комбинација на владини иницијативи и поддршка за употреба на нови категории на никотински производи без чад наместо […]

Курт: Го зголемуваме капацитетот на Охридскиот аеродром, нема прекин на сообраќајот во тек на модернизацијата


Се очекува за околу еден месец да се стартува со некои од работите предвидени со модернизација на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на планираните активности со проектот нема да биде запрен авиосообраќајот, најавува генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт во видеоинтервју за МИА. Модернизацијата на аеродромот е обврска на ТАВ […]

Членките на ЕУ договорија етапно воведување на Системот за влез и излез во Шенген зоната


Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ на денешниот состанок во Брисел постигнаа договор за етапно воведување на Системот за влез и излез (ЕЕС), кој треба да обезбеди дигитална контрола на државјаните на трети земји кои влегуваат или излегуваат од Шенген зоната.    Според полскиот министер за внатрешни работи и администрација Томаш Сјемоњак, […]

Општина Велес ќе бара нов закупец за градскиот пливачки базен


Во втората половина на март Општина Велес треба да распише јавен повик за издавање на градскиот пливачки базен на пет години. Тоа ќе биде преку електронски систем за  јавно надавање. Ваквата одлука беше донесена на последната седница на Советот на Општина Велес, која едногласно ја усвоија советниците. Како што информираат за МИА од службите на […]