МОН ја продлабочува соработката со Здружениот истражувачки центар на Европската комисија


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска е во посета на Испра, Италија, каде што се наоѓа еден од седумте институти на Здружениот истражувачки центар на Европската комисија, каде што се сретнала со Сабине Хенцлер, директорка за стратегии и влијанија на Центарот. Како што соопшти МОН, Министерството за образование и наука и Здружениот истражувачки […]

Си-Ен-Ен: Трамп разговараше со Трудо


 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараше со канадскиот премиер Џастин Трудо, јави Си-Ен-Ен, цитирајќи двајца неименувани официјални претставници на Белата куќа. Разговорот меѓу лидерите се одржа откако Трамп завчера воведе општи царини од 25 отсто за Канада. Како одговор, Трудо рече дека веднаш ќе воведе царина од 25 отсто за стоки во вредност од […]

Се запалило „рено кангу“, а од безнинот што му течел изгоре и „бе-ем-ве“


Пожар на две патнички моторни возила бил пријавен денеска кај фабриката Охис за што интервенирала единицата на Против – пожарната бригада на Град Скопје. Нема повредени. -Во 13:20 мин. добиена е дојава за настанат пожар на две возила „рено кангу“ и БМВ на главниот влез пред фабриката Охис. Интевенирано е со едно против пожарно возило […]

Протест во Атина за железничката несреќа – хартиени фенери во спомен на загинатите


Со 57 хартиени фенери, што беа пуштени во воздух пред грчкиот Парламент во центарот на Атина, организаторите на денешниот протест за железничката несреќа им оддадоа почит на загинатите 57 лица во железничката несреќа кај Темпи, јави дописничката на МИА од Атина. Денешниот протест на плоштадот Синтагма е во организација на организации, здруженија, работнички центри, синдикатот […]

Норвешки Нобелов институт: Има 338 номинирани за Нобеловата награда за мир


 Вкупно 338 луѓе се номинирани за Нобеловата награда за мир, соопшти денеска норвешкиот Нобелов институт, без да ги соопшти нивните имиња. Ова е значително зголемување од 286-те номинирани лани, но сепак не го надминува рекордот поставен во 2016 година, кога беа номинирани 376 лица. Според статутот на Нобеловите награди за мир, идентитетот на номинираните се […]

Само што започнав, порача Трамп во обраќањето до Конгресот


Американскиот претседател Доналд Трамп го одржа своето инаугуративно обраќање пред двата дома на Конгресот во кое ги презентираше активностите на неговата администрација во првите 40 дена и најави дополнителни мерки, опишувајќи го првиот месец од неговиот мандат како најуспешен во американската историја. „Првиот месец од мојот мандат е најуспешен во историјата“, тврди Трамп, наведувајќи го […]

Димитриевски го посети логистичкиот центар на Лидл во индустриската зона Речица


Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска го посети логистичко-дистрибутивниот центар што германската компанија Лидл го гради во индустриската зона Речица, во близина на Куманово. Овој стратешки проект е од големо значење за економскиот развој на регионот и претставува значајна странска инвестиција во Северна Македонија.   Изградбата на комплексот се одвива според предвидената динамика и моментално […]

Што содржи арапскиот план за Газа вреден 53 милијарди долари


  КАИРО – Арапските лидери во вторникот го поддржаа повоениот план на Египет за Појасот Газа кој ќе им овозможи на неговите приближно 2 милиони Палестинци да останат, како контрапредлог на планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја расели територијата и повторно да ја развие како дестинација на плажа. Одобрувањето на планот од 53 […]

Тепачите на Христијан Пендиков осудени на осум месеци затвор


  Напаѓачите на кои го претепаа охриѓанецот Христијан Пендиков добија казна затвор од осум месеци, но судот не заклучи дека тоа хо направиле поради етничка омраза. Пресудата за Илија Спасески и Борче Ангелов беше донесена во Основниот суд во Охрид, но мотивот „омраза“ судот го смета за недокажан, соопшти по денешното рочиште за случајот адвокатот […]

Врховниот суд на САД го одби барањето на Трамп да ги задржи замрзнатите милијарди долари за странска помош


Врховниот суд на САД денес иако беше поделен, го одби барањето на администрацијата на Трамп да ги задржи замрзнати милијарди долари странска помош одобрена од Конгресот, пренесува Си-Ен-Ен. Сепак, судот не прецизираше веднаш кога парите треба да бидат ослободени, што им  овозможи на Белата куќа да продолжи да ја оспорува одлуката во пониските судови. Одлуката беше […]

5 март во историјата – Снимена е легендарната фотографија на Че Гевара


  Неколку моменти пред да биде убиен од војник на боливиската влада, револуционерот Ернесто „Че“ Гевара му рекол на својот џелат: „Пукај, кукавицо! Ќе убиеш само човек!“ Гевара почина кратко време подоцна, на 9 октомври 1967 година на 39-годишна возраст, но беше во право во тврдењето дека ова нема да биде крајот на неговото наследство. […]

Сијарто ја кодошел ЕУ кај Рубио: Правела сплетки против Трамп


  Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, рече дека се надева дека ќе ги оспори американските санкции наметнати од претходната администрација на Џо Бајден, тврдејќи дека тие се „создадени јасно со намера за политичка одмазда, со цел да ѝ наштетат на Унгарија, а подоцна и да им наштетат на идните унгарско-американски односи“. Зборувајќи по […]

Лајбах во Филхармонија: Музичко-визуелно сецирање на стварноста


Словенечки бенд Лајбах вчера вечер ги маѓепса присутните фанови во полната сала на Филхармонија во Скопје со повторното преслушување на нивниот култен албум од 1987 година „Опус Деи“, концертно збогатен и со други композиции, што сѐ заедно резултираше со музичко-визуелно сецирање на современите општества, она што се случуваше кон крајот на минатиот век, а кое […]

Седум лица на суд поради смртни закани кон уметничкиот директор на ОИ во Париз


 Шестмина мажи на возраст од 22 до 79 години, како и 57-годишна жена се повикани денеска да се појават во суд во Париз поради смртни закани и навреди што ги упатавале преку социјалните мрежи кон уметничкиот директор минатогодишната церемонија на отворањето на Олимписките игри во француската престолнина. Уметничкиот директор на ОИ во Париз, Томас Жоли […]

Се градат улици, фекална канализација со пари од унгарскиот кредит во Илинден


Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска најави значајни инфраструктурни проекти со цел подобрување на сообраќајната поврзаност и животниот стандард на граѓаните. Тој денеска беше домаќин на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински, кои во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за […]

Бугарија сака да купи француски хаубици „Цезар“


  Бугарија сака да купи француски самоодни артилериски системи „Цезар“, изјави министерот за одбрана Атанас Запријанов, одговарајќи на прашање на пратеникот Ивајло Мирчев. Пратеникот од проевропската коалиција ПП-ДБ го праша министерот како Бугарија учествува во заедничките јавни набавки во областа на одбраната на ниво на Европската унија (програма ЕДИРПА). „Резултатот постигнат од досегашното учество на […]

Протест во Бутел против високите сметки за струја закажан за утре


Граѓани незадоволни од високите сметки за струја за декември и јануари се организираат преку социјалните мрежи за да го изразат револтот преку протест. Според повикот што се дистрибуира на социјалните мрежи, протестот ќе се одржи утре, со почеток во 13:00 часот, пред канцеларијата на ЕВН во Бутел. Граѓаните на социјалните мрежи споделија и фотографии од […]

Кандидатот на Трамп за амбасадор во НАТО вели дека посветеноста на САД кон алијансата е „железна“


  Кандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп за амбасадор во НАТО се обиде да ги увери сенаторите за време на неговото сослушување дека поддршката на администрацијата за воената алијанса останува „железна“. Метју Витакер, кој претходно беше вршител на должноста јавен обвинител за време на првиот мандат на Трамп, им рече на сенаторите дека клучен аспект […]

Нападнат возач на ЈСП додека управувал со автобус


Вчера во 14.15 часот 47-годишниот Е.Х. од Скопје во полициска станива пријавил дека половина час претходно во 13.45 часот додека управувал со автобус на ЈСП на подрачјето на Центар по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Б.Џ.(33) од Скопје. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

СиП Глобал: Американските царини најмногу би ја погодиле централна Европа


Евентуалното воведување царини од 25 отсто на САД за производите од ЕУ, објавено минатата недела од американскиот претседател Доналд Трамп, ќе го забави економскиот раст во централна Европа, предупреди аналитичката компанија СиП Глобал (S&P Global). Аналитичарите ја вброија Словенија меѓу најранливите земји, покрај Чешка, Унгарија, Словачка и Романија, пренесува СТА. СиП Глобал за Ројтерс, на […]